Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мурињо очигледно си практикува формација со еден напаѓач кога има физички силен играч: Ибра, Дрогба, а денес и Балотели. Во секој случај, никако ова не би го одиграл со Ето, веројатно не и со Милито.
Би го играл, со тоа што Дејо ке се префрли во средина а Ето и Милито ке ротираат на позицијата што он денес ја имаше .
Пак, не е исто 4-3-3 систем со две крила и еден ваков кога позади Балотели беа Дејо и Снајди, двајца креативци, ок, поготово вториов и двајца играчи кои не се гушат странично, ова во 1000 наврати го имав постирано тука, нема потреба од трошење на други играчи од напад странично кога по бековските линии се многу силни, плус тука се и Занети десно и Мота/Мунтари лево за да покријат . Затоа и денес тимот функционираше перфектно, 5 гола плус 3 супер шанси напад, нула шанси за Џенова одбрана . . . ФАНТАЗИЈА .

Реков и ке повторам, отскочна даска, подобро и не можеа да извлечат од овој меч .
Е сега једини проблем е, јебига, мора да се навраќам, одењето на Ибра, а зашто го викам ова . Со него во моментов односно летово, веќе ке имаа поставено и те каква проверена основа врз која ке изградеа уште помоќен тим, без него, со друг тип на играчи и засилувања сеуште се во фаза на барање на добитната формула ( мада по ова денес бар кога е во прашање тактика, сум за иста поставеност ) и затоа сметам дека не се дораснати за уште од сега гарантиран успех во ЛШ . У серија А веќе е очигледно кои се нивните можности, гледајки ја онаа голема слика у која се Интер, Рома, Јуве, Милан и остали и не е тешко да дојдете до свој заклучок .

п.с. Сега го видов повторно голот на Деки, дефинитивно уште од сега го ставам за главен кандидат за гол на годината, вистинска мајсторија.
 
Не се во барање на добитната формула туку цело време некој се повредува и не може да врзат 5-6 натпревари во оној полн состав, со сите 5 засилувања. Затоа и секој натпревар ни е различен, зошто и составот цело време се менува, не поради ротација, туку од принуда.

Како и да е, побалансирани сме од лани, кога знаевме да одиграме феноменален натпревар и после тоа веднаш да преспиеме натпревар... сега е ок.

Малиот мора да се смири, што се замислува кој е, Илчо Наумоски? Еден е Илчо!

Не може бе луѓе толку жолти картони да има напаѓач. Згора на тоа првиот секогаш го добива рано па сите стравуваат од глупост. Сега е лесно да му простиме, даде гол, тепавме 5-0.

Што ќе прајме утре-задутре кога на некој клучен меч од ЛШ ќе направи некој бисер?
 
А замислете да беше Суазо во напад ???
-Со неговото трчање како изгубен патак...не коментирам понатаму :nesum::uvo:

Котлето да мора да се смири во најскор можен рок,пошо нема сите да му прогледуваат низ прсти на секоја утакмица.
Видовме со Рубин што се деси два груби старта и му беше покажан патот кон соблекувалната...
Ако не може да се контролира,нека посетува психијатар и готово...
 
Прво едно БРАВО за Интер! Петарди...

Ех токму калчополи е последица зошто јувентус не е оној кој ние го знаевме за тоа е крив Л.Моџи и никој друг али тоа е идемо даље :smir:
Ги измеша зборовите. Правилно требаше да кажеш:
"Ех токму Л.Моџи беше причина зошто јувентус беше оној кој го знаевме." Тоа што гледавме тим кој победува секогаш кога сака, тим кој судиите го имаа на постер дома, бидејќи многу повеќе заработуваа од Моџи, отколку платата како судии, тим чии натпревари изгледаа вака: и кога не му оди на јубе, на судијата му оди да покаже пенал...

П.С. Многу било тешко да се победи наместен натпревар, и многу бил тежок пехарот освоен со договорени натпревари. Смешно е да помислите дека само Моџи бил смешан во тоа... ама нема докази тоа е. Или можеби го заборавивте Џанлука Песото а?
 
WOW , imate poveke FINALINJA :pos2::pos2::pos2:

Nie imame poveke navivaci na utakmici i pogolem ni e stadionot :)

Zver si ?

Zver si !!

имаме повеќе финалиња........ хахахаха...... ова е:

Кога играв у Охрид пред 2 години фудбал.... и нешто се паѓаат дали у Куп на Македонија или некоја пријателска со Пелистер.... и се игра у Охрид - Биљанини извори.... водат Пелистер со 2-3 гола и се слушаат само навијачите на Пелистер... и цело време овие Охриѓаниве ќутат.... и одеднаш овие очајни се дерат: - БИТОЛА НЕМА АЕРОДРОМ, БИТОЛА НЕМА АЕРОДРОМ...... (исто како што е у вицот) јас кај немам душа да трчам се прекинав од смеење :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Малиот мора да се смири, што се замислува кој е, Илчо Наумоски? Еден е Илчо!

Не може бе луѓе толку жолти картони да има напаѓач. Згора на тоа првиот секогаш го добива рано па сите стравуваат од глупост. Сега е лесно да му простиме, даде гол, тепавме 5-0.

Што ќе прајме утре-задутре кога на некој клучен меч од ЛШ ќе направи некој бисер?

Е, истото го мислев и јас. Ок, сега му се простија на некој начин постапките што ги имаше Марио денес. Навистина незнам што се случува и како може онака да се однесува на терен. Имаше неколку непромислени и остри стартови, единствено тој газеше по нерви на публиката во Џенова.
Е сега постои варијанта каде што можеби Мурињо не му замерува што Балотели е таков на теренот. Мурињо сакал да има по некој таков играч во тимот, мислам дека можеби и најмногу поради таков сличен карактер го купи Балак во Челзи. Можеби изгледа глупо ова, но чудно ми е и покрај толку грешки, и покрај што ја зезна утакмицата против Казан, повторно истите работи, а нема реакција од страна на Мур. Во друга варијанта, Мур ги дозволува овие работи затоа што стартовите секогаш се врз Балотели, не паметам една единствена утакмица во Италија каде што немало остар старт токму врз Балотели, интересно :) Ова не е проблем, но ќе биде огромен ако направи некој кикс на некој важен натпревар, ќе биде војна тогаш.
 
А замислете да беше Суазо во напад ???
-Со неговото трчање како изгубен патак...не коментирам понатаму :nesum::uvo:

Котлето да мора да се смири во најскор можен рок,пошо нема сите да му прогледуваат низ прсти на секоја утакмица.
Видовме со Рубин што се деси два груби старта и му беше покажан патот кон соблекувалната...
Ако не може да се контролира,нека посетува психијатар и готово...

не му е лесно и него ... на секој натпреваре е буквално претепуван од противницита , ок има нешто социопатско во него но сепак треба и малку да биде заштитен од судиите , башка и 18 години има што очекувате , копиљациве ке ти изедат џигер денес ако трепнеш на криво ебаго :D :D
 
Честита победа комшии, поради оправдани причини не можев да присуствурам на Чатот, но глеам имате сеа нова амајлија :pos:
Нареден пут се надевам ке бидем туе, и со Тенк + и + = - и нема да донесемо среќа на Интер :pipi:
 
Еве ја и приказната, благодарение на The Great :)
Џенова - Интер 0:5

Честита победа комшии, поради оправдани причини не можев да присуствурам на Чатот, но глеам имате сеа нова амајлија :pos:
Нареден пут се надевам ке бидем туе, и со Тенк + и + = - и нема да донесемо среќа на Интер :pipi:

Грешка си, ти и да сакаш ( а не сакаш :) ) да избаксузираш, не можеш да постигнеш колку што тој носи среќа. Стално кога ќе се јавеше со нешто одма паѓаше гол :pos: Сите тактики ги проба, море стадион убав имале, финалиња во ЛШ играле, Унгарија немала море... и на крај кога се откажа престанавме да даваме голови :pos:
 
Не се во барање на добитната формула туку цело време некој се повредува и не може да врзат 5-6 натпревари во оној полн состав, со сите 5 засилувања. Затоа и секој натпревар ни е различен, зошто и составот цело време се менува, не поради ротација, туку од принуда.

Како и да е, побалансирани сме од лани, кога знаевме да одиграме феноменален натпревар и после тоа веднаш да преспиеме натпревар... сега е ок.
Па еве денес игравме без тројца стандардни првотимци, меѓу кои Ето и Милито, и пак пружија најдобра партија у последни неколку години, еве, сеа гледав хајлајтс пак, и ова е може и единствен пат кога начекувам хајлајтси од еден меч и во истите се застапени шансите на само една екипа.

Тактиката е многу битен фактор, денешнава се покажа како најидеална за Интер зашто на прсти се бројат ваквите мечеви на Интер во последни 10 години, кога имале апсолутна доминација на терен, и мислам дека ова е оној допитен тактички систем врз кој Мурињо треба да ја гради играта. Со Милито и Ето, еден од овие двајца ке игра поповлечено ко денес Деки, Снајдер ке биде стандард, негова повреда, тука ке дојде да покрие Дејан а вака со варијации те ваква тактика те онаква ми е више преку глава дојдено, стварно, по ова денес не гледам ама баш никаква причина за менување на системот.
Убеден сум дека поставеноста во истиот има голема улога врз денешниот резултат и искрено молам Господ Мур да тера вака и во иднина . Реално, да се победи на еден ваков начин Џенова на нивни терен, тим за кој лани Мур беше категоричен дека го играат најубавиот фудбал во Италија и тим за кој знаеме кои се и што се пред Се на домашен терен дефакто не е мала работа .

А за Супер Марио, од старт ептен бев нервозен поради неговиот однос зашто по жолтиот картон бев убеден дека играчите на Џенова сами ке се маваа од него и ке испровоцираа уште еден во текот на мечот, таков е италијанскиот менталитет . Али денес малиов везеше, јак финишер е, прва шанса и прв гол, едноставно му покажа на Деки како треба у таква ситуација зашто неколку минути пред вториот гол Дејан беше во буквално иста шанса .
 
Не спорам ништо за тактиката на крајот сеедно ми е додека победуваме. Само викам дека кога ќе се среди составот ќе се игра тоа што ќе оди со тие играчи кои ќе бидат на располагање. Инаку Деки и Весли ако играат вака како денес... :)

Настрана тоа, уште нешто кога спомна за шансите на Џенова: мислам, се си е ок од наша страна без никаква критика, ама не е лесно да се добие вистински впечаток кога брзо ќе постигнеме гол. Имам впечаток дека некако Џенова падна психолошки и додека траеше таа нивна збунетост, направивме уште еден куп шанси.

Значи, Интер е ужасна екипа за противниците кога го контролира резултатот, тоа е докажано. Мене многу повеќе ме интересира како ќе ги одиграме натпреварите кои ќе тргнат на лошо. Како оној со Каљари, Рубин Казан... тука ако покажеме големина, навистина со право може да се надеваме на највисоки резултати.

Само да не ги фати еуфорија пред мечот со Динамо. Во многу незгоден момент тепавме 5:0...
 
не му е лесно и него ... на секој натпреваре е буквално претепуван од противницита , ок има нешто социопатско во него но сепак треба и малку да биде заштитен од судиите , башка и 18 години има што очекувате , копиљациве ке ти изедат џигер денес ако трепнеш на криво ебаго :D :D

Тука си во право,но не мора да врака со иста мера,едноставно нека остане ладен и нека кулира,но со неговите 18 години нема доволно психологија во него,нема врска Мурињо го има за ментор,кој знае што треба да му каже и како да му каже...
Но до некаде ми се допага неговото однесување,кога ке видиш дека го тепаат противниците,тој само ладно знае да се насмее и се повеке ги курчи,како на вечерашнава утакмица,еден ист играч 100 пати го утепа овој црниов,ништо смеење у фаца како тиква некоја,го дупчеше во здрав мозок :):)

Како и да е одигра вечерва многу добро,машина е со неговите 18 години,а што ке биде од него на 20 години и нагоре....:vozbud:
 
Dojde vreme i na gosti da davame po 5 gola epten sme jaki samo napred mislev ke bide teska utamica ama inter ne misli taka bravo sampioni
 
@ Iosono
Не бе, баш во вистински момент победија 5-0, не за друго, во второ полувреме воопшто не се трошеа што е клучно пред еден ваков меч во ЛШ, да беше тесен резултат, да беше сличен меч ко оној со Удинезе и истото каде-каде негативно ке се одразеше врз тимот пред мечот со Динамо К.

Доброто во 4-3-2-1 поставеноста е тоа што немаат огромна зависност од еден Снајди, тука по потреба може да покрие и Деки и Супер Марио па и Мансини или Кварезма, вака кога тимот игра со само еден trequartista неговото евентуално неиграње ке биде нешто ко лани без Станкович, кога беа ко друга екипа . Најважното е тимот да се навикне на само една тактика, а според играчкиот кадар со кој овој тим располага, денешниот систем е најидеален и очигледно најпогоден.
Еве ти еден пример, со Рубин играат 4-3-3 поставеност, катастрофа, со Сампдорија да не зборам за играта со тој исти систем, па со Удинезе повторно менува на 4-3-1-2, проверен систем, и пак играат лошо, јебига, по толку варирања и со проверената тактика која им донесе титула лани изиграа просечен меч дома и со огромна среќа победија .
Да, сеедно, и 4-3-3 нека е само нека носи вакви игри и победи, муабетот ми е, зашто да не остане на тоа што денес го играше, плус, со еден Пандев у овој систем и :vozbud: со оглед на тоа дека е супер полушпиц и заедно со Роки и Зарате функционираше баш во таков ист систем 4-3-2-1 кај Делио Роси . :toe:

Како и да е одигра вечерва многу добро,машина е со неговите 18 години,а што ке биде од него на 20 години и нагоре....:vozbud:
Тоа е проблемот, цел фудбалски свет е со тој став, освен самиот Супер Марио . Да се среди целосно ма какви Агуеро, кога Балотели ке има 20-21, Агуеро сеуште ке има откупна клаузула од 60 милиони ( 30ka поголема од реалната ) а Балотели ке има статична цена од 50че :) . Покрај Мурињо има рудник со злато, очигледно е дека полека станува свесен за истото .
 
Изгледа до новите трнинг ’’стадиони’’ ни е. Честитио победа на сите. Јассуминтерист, не е лошо да пишеш нешто за новите training pitches, онака нешто твое со малце researches наоколу, колку е инвестирано, што е толку модерно, оти Мурињо се скапа фалење модерни биле. Man of the match Cнајдер, оценка 20 заслужува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom