Не сум загрижен за Јуве кои во последни 3 дуели од можни 9 освоија цели 2 бода, загрижен сум за играта на 60-70% од средниот ред на Интер, тоа е она што најмногу кочи сезонава .
Мунтари, Камбијасо, Занети се очајно лоши, двајца од претходниве тројца се и стандардно во прв тим, ја искрено се надевам на брзо враќање на Мота, тргање на Мунтари од прв состав, конечно Камби во вистинско издание и уз Дејо и Снајди да почнат да наликуваат на среден ред достоен за првак на Италија . Последниве двајца само се на ниво, Снајди со Милан и Парма имаше добри изданија, потоа малце стагнираше до мечот со Удинезе ја направи разликата, може и единствениот заедно со Деки кој се одвои од остатокот на тимот .
Се знае која е најважната алка на теренот, средниот ред, кога средината не играше и еден Ибра на времето делуваше незабележително на теренот, грешка која пак и пак и пак ја прават, е тоа е она што треба во моментов треба да не загрижува

.
Победа во Џенова и имаат простор за правење на серија победи нешто што е потребно за Скудетото, вака со одлагање, барање на вистинската форма и слично веќе е и фрустрирачки, среќа што остатокот од Серија А не е перфектен па еве, дури и првопласирани се иако до сега дал 60% од максималниот потенцијал на екипата видовме што од една страна е добро ( играат лошо а се први ) а од друга нормално, загрижувачки .
