Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
тоа беше куп на италија со голот на толдо. а лани беше лига во која ако не се лажам 7-8 бода ви бегавме кога се палевте дека ке не тепате 5-0 и ке одма ке сте биле 1 место.
Не беше куп, туку првенствен натпревар и Јуве водеше со голот на Дел Пиеро со 0-1 а израмни Толдо или Виeри. И да, Јуве му бегаше на Интер неколку бода, односно, потполно иста ситуација со ланската каде што Мурињо ја даде својата изјава. Како да не е свесен дека екипите кога ќе се "извадат" во 90+ минута, природно е да се радуваат на крајот без оглед на состојбата на табелата.

П.С. Не ми беше намерата да се карам на фан клубов, туку само го поврзав клипот со ланската изјава на Мурињо.
 
клипот е секси оти цела екипа на јувентус оди и се бунтува заради нерешено а според тебе имале голема предност на табелата.
за разлика од таа слика лани Интер кога го прими голот само им се смееше на радоста на јувентус и не се бунеше.
и затоа мурињо искоментира дека интер има поголем карактер од јувентус и дека со таквата радост сфатил дека веќе победил.
 
Многу го сакам оној зверот наш Адриано,, па на крај краева знам дека е тешко изводливо но желба ми е наместо Пандев (кој сакам да иде во Ливерпул наместо во интер) што не го вратат бе назад зверот зверски па кога ке го нема ето во јануар,да видиме до каде му е опоравувањето од жени ,алкохол и слично.Ако дај боже се врати во старата форма е тек тогаш ке мора да измислат нови челични мрежи дека овие стариве нема да можат да издржат од тој разорен удар! :smir:
 
Ико другар сите сакаме да го гледаме стариот Адри ама процентот тоа де се случи е 0.05 - нажалост.

Santon: 6.5 - One of the few Italy players to emerge with credit tonight. Showed good pace down the right, although he did play Okkas onside for one of his one-on-one chances.

еве според гоал.ком што направил сантон како десен бек против кипар, а на фан клуб италија прочитав дека го асистирал првиот или вториот гол.
ако ја гледаше некој нека каже подетално...
 
Не само спомнав дека си ги вртите работите како што ви одговара. Колку што знам голот на Толдо од видеото беше израмнувачки во 95 минута, Интер играше на домашен терен и по постигнувањето на истиот се радуваа како мали деца. Истото го направија и играчите на Јуве кога лани го постигнаа голот во 90+ минута. Не гледам која е разликата.:toe:
Знаеш дека не ти држи вода муабетот, а сепак, мораше да се фатиш на нешто што Мурињо рекол, ипак чачкал у нерв типот .
Тоа видео горе е од меч во првиот дел од сезоната и неможеш, и самиот знаеш, неможеш да го споредиш со мечот од лани кој се играше во вториот дел од сезоната и истиот за Јуве беше '' да се биде или не '' за титулата, тоа беше меч каде Јувентус мораа да победат и секоја друга опција беше аналогна на пораз, и тоа беше меч каде Јуве ја имаа предноста на домашен терен . И што се случи, Јувентус на крајот се спасија од пораз со голот на Григера и се радуваа ко да нема утре . :toe:
Не е исто, јебига . :smir:

п.с. Голот му беше препишан на Виери .

Ико другар сите сакаме да го гледаме стариот Адри ама процентот тоа де се случи е 0.05 - нажалост.

Santon: 6.5 - One of the few Italy players to emerge with credit tonight. Showed good pace down the right, although he did play Okkas onside for one of his one-on-one chances.
Тинејџерот има огромна среќа сезонава, од една страна дефакто поседува огромен талент и има далеку повеќе простор од минатата сезона за прв тим бидејќи тука не е Максвел кој лани до Јануари беше стандарден, од друга страна бековските позиции на Италија се тиња, Замброта не го бива, једино Гросо ми е ок мада ова го зборам под дифолт зашто од увек сум го сакал играчов и ретко разочарувал, сега благе везе немам како игра и за тим и за репрезентација .
Нејсе, едно е факт, Сантон има огромна шанса да заигра на СП .
 
п.с. Голот му беше препишан на Виери .

Уште кога го зборев ова:

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2997322&postcount=10022

Во Шпиц денес пишуваше дека Манчестер Сити се сериозни конкуренти на Манчестер Јунајтед во трката по Маикон. Имено Манчестер Сити бил спремен да понуди 20 милиони за Маикон. Дали ваквата слика ни најавува преселба на ѕидот во Премиер лига?
 
Не, и незнам зашто паѓате на ова кога Интер од Реал бараа минимум 40 или 45 милиони евра ( не ми текнува на точната цифра ) за Маикон на што Валдано мислам кажа дека тоа е премногу за нив со оглед на тоа дека веќе се истрошија за Кака и Кристијано .

И сега излага инфо, кое ок, може и ке го сватев сериозно се додека не ја видов сумата која ја нудат, сума помала за 20 милиони евра од онаа која Интер ја бараше од Реал . :smir:
 
во моментот кога АДри беше во најголема форма, најдобар од напаѓачите од европа, се градеше челзи(абрамович како будала истураше пари), Реал купуваше ѕвезди а понудите до АДри беа над 50 милиони.
денес е истата ситуација, Мајкон е најдобар десен бек во светот, Манчестер сити се гради по истиот пат на Челзи(со истурање пари) а Реал пак гради тим од ѕвезди!
Адри не си замина нема да си замине ни Мајкон!!!!
 
За Адри Челзи еднаш беа подготвени да дадат цели 90 милиони евра, и до ден денес тврдам дека тоа е една од најголемите грешки на Морати, што не го шитна за тие пари.
 
За Адри Челзи еднаш беа подготвени да дадат цели 90 милиони евра, и до ден денес тврдам дека тоа е една од најголемите грешки на Морати, што не го шитна за тие пари.

Морати не сакаше да го шитне пошо му беше како син,го трпеше со секоја грешка што ја правеше Адри,а овој не знаеше да врати како што треба,па зато сега разара во Бразил со некој јаки голчиња,прави первезии :vozbud:
 
тоа беше куп на италија со голот на толдо. а лани беше лига во која ако не се лажам 7-8 бода ви бегавме кога се палевте дека ке не тепате 5-0 и ке одма ке сте биле 1 место.

Не беше куп, беше првенство и по таа утакмица и Интер и Јуве останаа непоразени. Само Интер и Јуве.
 
За Адри Челзи еднаш беа подготвени да дадат цели 90 милиони евра, и до ден денес тврдам дека тоа е една од најголемите грешки на Морати, што не го шитна за тие пари.
Императорот кој беше страв и трепет за секого беше главна звезда во тимот, миленик на публиката.
Морати не можеше да предвиди дека еден таков играч може да западне во таква криза. А да го продаде најголемото име во тимот, играч кој играше со срце за тимот беше невозможно, дури и за 90 милиони евра.

Сигурно се сеќавате на изјавите на противничките тренери, посебно на онаа на Анчелоти.. Можеме да го сопреме Адриано само ако ги исллучиме рефлекторите. И Адриано му вика: Гледам и во темница :)

Интер е голем клуб, правеше тим кој се бори за скудето, лига на шампиони. Таков клуб не смее да го продаде својот најдобар играч, а згора на тоа тој е лојален на тимот и игра со срце.
 
Ma у летен период за 90 милиони евра, не зезај, плус претходно обезбедени финансиски средства, имаше да направат 10 пати подобар тим од оној кој се вртеше околку Адри, мада не е битно, што би било кога би било, никогаш нема да дознаеме . :)
 
Морати не беше за жалење па да му требаа тие пари.
Тоа би било исто како сега Барса да го даде Меси. Нема да споредувам со Роналдо, Ибра и Кака бидејќи тоа се различни приказни. Првите двајца заминаа по нивна желба, а кога некој сака никој не можи да го чува со сила а Кака замина поради глупоста на Берлускони.

Адри сакаше да остане, затоа мислам дека Морати постапи правилно во случајот.
Е сеа шо ќе беше со него ако заминеше, како ќе изгледаше Интер не можиме ни да предпоставуваме... Шо било поминало :)
 
Да си отидеше Адриано тоа би било големо разочарување за сите фанови. Во тој момент беше најдобриот напаѓач во светот и Морати немаше претстава што ќе се случи односно никој неможеше да замисли дека би паднал во таква депресија.

Заедно со Роналдо ми беа омилени играчи дур играа за Интер па и сеуште ми се и се надевам дека некогаш можеби пак ќе го видиме Адри назад на Меаца.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom