Vartolu
The Infamous Mobb
Д`Агостино е веќе дел од репрезентацијата. Касано според играта заслужува да биде дел од репрезентацијата, но не е тајна и тоа дека кога Липи сакаше да го употреби Касано на плејмејкерската позиција а Касано го одби тоа со зборовите ` Ако играм плејмејкер, подобро да си останам дома ` и за тоа си е сам крив. За ситуацијата со Касано, Липи не е ниту најмалку виновен. За Сантон нема збор, си го заслужува комплетно Репрезентативниот статус. А Миколи во никој случај не е подобар од Џузепе Роси.Интер има само неколку италијанци, од кои Сантон и тоа како заслужи да биде дел од репрезентацијата.
Игра добро во Интер, и тоа на позиција лев бек а негова природна позиција е десно. неколку пати доби шанса од Липи и покажа дека треба да добие шанса.
Проблемот е што играчите на Јувентус се привилегирани кај Липи. Зошто да не добие шанса Мота, Дагустино, Пепе, Пацини, Касано, Миколи...