Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ок, во право сте, тимовите на Мурињо секогаш создавале по минимум 15 шанси на натпревар па денес едноставно потфрлија, и тоа на гостување во Џенова со Сампдорија каде 2 години не можеа да победат, од кои едната беа згазени во Купот, 3-0 .

Камби утна зицерче во прво полувреме, Милито има очигледни проблеми со неговиот first touch, прима топка во шеснаесетник нечуван од никого, дур смири дур издудла 3 играчи околу него и тн .

Се знае како е со Мур, поготово во вакви мечеви, 1-2 шанси и гол, а кога сме кај шансите, јас од тоа што го видов на усран стрим со прекини, кај Сампдорија видов само една шанса, голот, гол кој падна по грешка на Сантон .

Друга работа, Мурињо го внесува Киву, го вади Балотели . . . тука тимот од старт се десеткува, Киву во средина едноставно не може и тоа е тоа, Сампдорија не казни по една шанса создадена од Сантон .
Физички тимот мислам дека е слаб во моментов, ова темпо ич не им одговара, не дека денес тоа беше причината за поразот, но дефакто не можат да играат 90 минути на ниво, Мур направи голема грешка во претходниот дуел што чекаше до 84та минута за да ги искористи последните 2 измени, нешто што претходно го искористуваше најдоцна до 75та, и тоа последната измена .

п.с. Бела ноќ е бе, шо ве еам :), се читаме подоцна .
 
Контра друже е кога ќе ја загубиш топката на нивната половина, ќе ја прими нивни играч и ќе истрча некои си 30-40 метра..

Полу контра друже е кога ќе ја загубиш топката на својата половина и одбраната нема да биде на место.. нешто како на снимкава.. ниа ја имавме топката.. ја загубивме.. а одбраната не е поставена како што треба..

П.С. И да ти стана СуперМен! :back:
 
Еве да се самоцитирам:

И јас мислам дека ова ќе биде многу тежок натпревар. Доволно е да се прочита интервјуто на Камбиасо кој убаво ја објасни ситуацијата на Интер кој мора да се воигрува и да победува истовремено, а покрај тоа да игра и на секои три дена.

Поради тоа, а и поради мечот со Рубин Казан кој е многу значаен и за кој мора да се зачуваат сили, денес воопшто не очекувам претстава како со Наполи, и го пишувам тоа однапред. Ако после натпревар се жалиме дека играта била лоша, тоа во текстот на Камбиасо е нормален аргумент за мене.

Со други зборови, не е важно дали вечерва ќе играме добро или лошо, важни се бодовите. Јас сум задоволен и со бод (пред натпреваров, ќе видиме како ќе се одвива), затоа што пишав и предходно, Сериа А е долга, групата во ЛШ е кратка и мора да се победи Рубин Казан. Денес е важно да не се изгуби, а победа би била топ.

Уште нерешено да завршеше :pos2:. Дрвењето го прогнозирав знаев дека нема да имаме игра ама не очекував дека ќе го примиме.

Како и да е, на вас двајцата истомисленици ама ви тргна муабетот... :pos2:. Сега Ето не можел да реши натпревар. Со Парма кој го реши, Марли?

Се согласувам со вас двајцата дека Ето не е дуел играч за вакви натпревари. И то дека има различни карактеристики од Златан, не ја откривме Америка, различни се. Али ЈБТ аргумент, Златан дал гол за Барса и штета што го немавме денес :pos2:. Лани пошто ја реши со Сампдорија, со Аталанта, и слични вакви натпревари.

Не е проблемот што го немавме Златан денес зошто и со него сме ги покакале натпреварите кога го тупиме, проблемот е во заморот и во лошата тактика денес. И во измените. Балотели беше многу расположен за игра и требаше да ги игра 90 минути. Ето требаше да оди на клупа. Кварезма, ко да не играше. Требаше да си почнеме 4-4-2 и да си тупиме до бесвест, а не 4-3-3- со отсечен напад од средината.

Секој пораз: Златан да беше тука... преку таквото, не е појќе тука, навикнете се.
 
Мурињо: " Три бода помалку! "

Мурињо за Скај Спорт изјави дека единствено нешто што не му се допаднало денес бил резултатот и трите загубени бода! Сампдориа дојде во водство после грешката на Сантон, но јас никогаш не сум обвинил еден играч заради пораз на моја екипа, па нема ни сега. Зошто го извадов Балотели? - тоа беше моја одлука, јас одлучувам. Зошто Ето играше поповлечено? - игравме без Снајдер и Мота, ни фалеше нешто помеѓу средниот ред и нападот..
 
Ајде бе голем кур сме изгубиле што сакате сите не знам да тепаме секоја утакмица по 2-3 разлика,као играчите да се роботи,не знаат за замор,не знаат за повреди...

Полека да го ебам,ке си дојде се на свое место само трпеливост...

Три тешки утакмици во текот на неделата,па и роботи да беа нашиве ке снемаа сили веке.
Башка и во вторник играме со Рубин Казан...а Рубин изгуби дома од Амкара,така да јасно ни е на сите дека се чуваат и се спремаат за во вторник...
Поважна е утакмицата во вторник против Рубин,отколку оваа со Самп денеска пошо ЛШ е само 6 кола,а Калчо лига има уште многу да се игра.:smir:
 
Ок, за тебе е полуконтра, за мене не е... Тоа е тоа, поведоа по грешка наша, овде немаше ни 5 метра трчање за ти да ми кажуваш полуконтра...

П.С. .!. мој Супермен!
 
И Кварезма добил некоја минута...
Како одигра денес? Или немаше многу време да се покажи. Оти гледам на гоал.цом:
Quaresma: 6 – Not given long enough to make an impression.
 
И Кварезма добил некоја минута...
Како одигра денес? Или немаше многу време да се покажи. Оти гледам на гоал.цом:
Quaresma: 6 – Not given long enough to make an impression.

Доби една топка и ја загуби, толку. Незнам што го чуваат.
 
Ајде еден порас не е ништо страшно одиме на победа во лига на шампиони поздрав и форза ИНТЕР
 
Доби една топка и ја загуби, толку. Незнам што го чуваат.
Поради Деко. не сака Морати да го разочара со еден таков потег. :)

И јас имам доверба во Кварезма, само што за него нема место во тимот. Мислам дека доколку добива шанса секој натпревар ќе се вклопи. Па еве и Ето игра лошо, досега нема покажано ништо па игра секој натпревар од прва до последна минута. И Снајдер не игра нешто посебно освен со Милан па игра нон стоп.

Ако се сеќавате и Кварезма од прво беше мн слаб, па имаше добри натпревари постигна и гол...

Единствен проблем е играта на Интер во која нема место за еден таков играч, офанзивно крило како Кварезма и Мансини.
Мурињо бара играчи кои се активни и кога тимот се брани, тоа го бара дури и од Снајдер па и напаѓачите.
 
Според календарот на официјалната веб страна натпреварот со Рубин Казан ке го одиграме во 18.30, а според некои коментари на Филе водителот овие утакмици канал 5 ке ги пренесува значи најверојатно во вторник нема да трошиме нет.
п.с.Геггс имаш зелемко од мене!
 
Поради Деко. не сака Морати да го разочара со еден таков потег. :)

И јас имам доверба во Кварезма, само што за него нема место во тимот. Мислам дека доколку добива шанса секој натпревар ќе се вклопи. Па еве и Ето игра лошо, досега нема покажано ништо па игра секој натпревар од прва до последна минута. И Снајдер не игра нешто посебно освен со Милан па игра нон стоп.

Ако се сеќавате и Кварезма од прво беше мн слаб, па имаше добри натпревари постигна и гол...

Единствен проблем е играта на Интер во која нема место за еден таков играч, офанзивно крило како Кварезма и Мансини.
Мурињо бара играчи кои се активни и кога тимот се брани, тоа го бара дури и од Снајдер па и напаѓачите.

Јас довербата во него ја изгубив одамна, несакав да кажам зошто ќе го повредам Дек0 :)

Шала на страна, очигледно е дека на Кварезма не му оди, можеби е до средината каде што се наоѓа, мислам на италијанското првенство, или пак типот не е играч за големи екипи.

Во врска со болдот еве конкретна реплика: Кварезма пак падна од форма, потоа доби шанса, постигна и гол ама му го поништија, сакс :)

Околу формацијата се` е јасно, 4-3-3 не функционира и автоматски нема место за Рикардо, тоа е тоа.
 
ајде интераши само смирено горе главите голема екипа сте и не треба еден пораз да ве кутне...не е овоа некоја селска екипа па да не се врати наредното коло кај и да игра...ете ја шансата со р.казан да им покажат како се игра фудбал...само напред не се давајте после еден пораз
 
туку дечки да го земеме Јоветиќ во зимски преоден рок, ни Снајдер ни Кварезма, никој :vozbud: Детено е закон!:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom