- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
На нигерискиот интернационалец му беше речено дека ќе треба да почека до крајот на сезоната за да почнат преговорите за потпишување нов договор со „сините“, па затоа тој почна да флертува со „нераѕурите“. Микел ќе биде слободен играч дури 2011 година, па почна да се шпекулира дека неговиот агент, Џон Шиту, веќе направил прелиминарни договори со новиот шампион во Серија А. Наводно, би требало да се „испеглаат“ уште некои мали детали од договорот, а потоа талентираниот играч од средината на теренот ќе потпише петгодишен договор во Интер.
Се очекува обесшететувањето да чини околу 15 милиони евра. Интер и Челзи оваа година, во јануари, веќе имаа една успешна трансфер-соработка, кога Рикарди Кварежма беше позајмен во тимот од Лондон.


