Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И за тебе и за Ибракадабра - видовте дека Магде е банирана. Кој и да провоцира, пријавете го ако не е забележан, и тука ќе заврши приказната.
Нема потреба од теории на заговор, кога за нив нема место.

Како? Кажи за да знаеме дали да одоговараме на провокации или што... Затоа што не е исто да бидеш баниран ако провоцираш, и ако го браниш својот клуб.
 
Како? Кажи за да знаеме дали да одоговараме на провокации или што... Затоа што не е исто да бидеш баниран ако провоцираш, и ако го браниш својот клуб.

Секој кој навредува ќе биде санкциониран. Нормално, еднакви аршини нема да има за тој кој почнал и тој кој одговорил, ама разликата е минорна. Имаш опција: пријави лошо мислење, имаш опција Прати ПП до мене, до Фантом, до Димитар, до Син, до друг админ...

Не навредувај, туку пријави го тој што навредува.
 
Како? Кажи за да знаеме дали да одоговараме на провокации или што... Затоа што не е исто да бидеш баниран ако провоцираш, и ако го браниш својот клуб.

Батали ти тоа.. провоцирала.. шо ја е*еш.. што викаме ние во Прилеп.. само требаше администраторов да и го избриши постот..

Туку.. гледајте ова.. атмосферава на тренинг.. сите до уши насмеани.. каков Манчестер каква Лига на Шампиони.. изгледа само ние се нервираме за тоа..

114528.jpg

114529.jpg

114530.jpg

114531.jpg

114534.jpg
 
Секој кој навредува ќе биде санкциониран. Нормално, еднакви аршини нема да има за тој кој почнал и тој кој одговорил, ама разликата е минорна. Имаш опција: пријави лошо мислење, имаш опција Прати ПП до мене, до Фантом, до Димитар, до Син, до друг админ...

Не навредувај, туку пријави го тој што навредува.

ОК, и онака така се одвиваше работата досега :)

@ Ibracadabra: Мора некако Мурињо да им ја врати самодовербата, зашто може да ги снајде ланското сценарио во италијанско првенство после поразот од Ливерпул.
 
Батали ти тоа.. провоцирала.. шо ја е*еш.. што викаме ние во Прилеп.. само требаше администраторов да и го избриши постот..

Туку.. гледајте ова.. атмосферава на тренинг.. сите до уши насмеани.. каков Манчестер каква Лига на Шампиони.. изгледа само ние се нервираме за тоа..

Го оставив постот за да служи како пример зошто некој биднал баниран, ништо повеќе. А за другиот дел, па шо мислиш, плата нема да земат ако изгубат? :) Нормално е навивачите да кршат глава од ѕид, а ѕвездите вечерта да ебат некоја манекенка за да искулираат од патот до Манчестер (или било каде), и утредента платата да си ја подигнат.

Ова важи за секоја голема екипа, не само за Интер. Значи, мислете на тоа кога ќе сакате да го фрлите телевизорот од тераса нареден пат.
 
adios murinho
Мурињо одлучи - си оди од Интер

Фудбал - Италија


Жозе Мурињо сака да го преземе Реал Мадрид на крајот од оваа сезона откако одлучи да си замине од Интер веднаш штом ќе заврши оваа, за него, лоша кампања. Тоа го тврдат англиските медиуми кои додаваат дека тој, сепак, нема да се врати во неговата омилена Англија и би ги одбил евентуалните понуди од Челзи и Манчестер Сити. Причини за неговата желба да си оди од Интер и Италија има повеќе.

Првата е тоа што иако на Апенинскиот Полуостров работи едвај седум месеци, успеа да влезе во конфликт со сите важни личности на италијанскиот фудбал, вклучувајќи ги тренерите на најголемите конкуренти Милан, Јувентус и Рома како и селекторот на италијанската репрезентација Марчело Липи. По поразот од Јунајтед и елиминацијата од Лигата на шампионите тој дури и со доза на гнев изјави дека сега цела Италија е среќна поради неговиот пораз. На една прес-конференција, тој уште повеќе ги разлути Италијанците кога на новинарите арогантно им порача дека не е должен пред нив да одговара за своите порази. Иако сите добро знаат дека Мурињо ужива во публицитетот без разлика што секогаш игра “негативец“, медиумискиот притисок во Италија е преголем дури и за него.

Втората, можеби уште поважна причина за неговата одлука се навивачите на Интер кои го загубија трпението и отворено застанаа против него. На тренингот во базата во четвртокот, Мурињо го пречека транспарент истакнат од најжестоките фанови на кој пишуваше: “Португалски блефери, марш од Интер!“. Иако тој беше донесе на Џузепе Меаца да го подобри скорот на Роберто Манчини кој исто така не се прослави во Лигата на шампионите, сепак, не успеа во тоа, па дури имаше и послаби резултати. Всушност, излегува дека под водство на Мурињо, Интер оствари најслаб учинок во Лигата на шампионите во последните пет сезони: на осум натпревари забележа само две победи со три нерешени натпревари и три порази. Со оглед на тоа што во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија доживеа дебакл од Сампдорија со 3:0, Мурињо може да испадне уште во оваа фаза што повторно би бил послаб резултат од оној на Манчини кој во последните четири сезони редовно играше во финалето од ова натпреварување.

Кога веќе не може да работи во Италија, Мурињо има голема желба да се пресели во Шпанија. Лани беше на чекор до Барселона, но раководството на каталонскиот клуб одлучи да му даде шанса на се уште неискусниот Пеп Гвардиола и излезе дека е во права затоа што “блауграна“ сега е на првото место во Примера и се уште е во игра за тројна круна. Но, сега во игра е Реал Мадрид кој во лето ќе добие ново раководство најверојатно на чело со Флорентино Перез, а знаејќи ја неговата желба за ангажирање ѕвезди, најверојатно прв чекор ќе му биде договорот токму со Мурињо.

 
Порталот пенал, во многу наврати ДОКАЖА дека типчето кој го ажурира делот за италијански фудбал е претерано против Интер! Кога првпат дознав за порталот, отидов и баш беше после победата на Интер против Јувентус, и таму пишуваше како победата не била заслужена... Смешки! Па на таа утакмица Јувентус првпат средината ја помина во 84‘ со шансата на Дел Пиеро со глава од корнер. Интер максимално ја контролираше играта и креираше шанси!
После тоа имаше некоја споредба на овој Интер сега со Јувентус пред Калчополи, споредба на првите состави. И погодете го резултатот... 8-3 или 7-4 не памтам во корист на Јувентус!
И тоа ова се случуваше само 2-3 дена откако порталот се појави... Тоа беше доволна причина за мене како навивач на Интер да ме натера едноставно да не го посетувам тој портал... Исто ко шо никад не би читал Tuttosport, нели :)
Сега ова со Мурињо се појавува, а тој вчера одржа прес на кој кажа дека ќе има промени во тимот на лето бла бла бла...
Така да ова не ме загрижува ама ич!
А ти reddevil прекини да постираш само вакви вести во фан клубов пошо не си многу интересен. Упорно пробуваш на било кој начин да испровоцираш нешто...
Не ти ја сфаќам поентата...
 
Мурињо ќе ој во Реал, ама откако ќе му заврши договоро со Интер, освен ако не биди избркан. Ако Мурињо си замини сам, тогаш тоа не е Јосе Моуринхо.
 
adios murinho
Мурињо одлучи - си оди од Интер

Фудбал - Италија


Жозе Мурињо сака да го преземе Реал Мадрид на крајот од оваа сезона откако одлучи да си замине од Интер веднаш штом ќе заврши оваа, за него, лоша кампања. Тоа го тврдат англиските медиуми кои додаваат дека тој, сепак, нема да се врати во неговата омилена Англија и би ги одбил евентуалните понуди од Челзи и Манчестер Сити. Причини за неговата желба да си оди од Интер и Италија има повеќе.

Првата е тоа што иако на Апенинскиот Полуостров работи едвај седум месеци, успеа да влезе во конфликт со сите важни личности на италијанскиот фудбал, вклучувајќи ги тренерите на најголемите конкуренти Милан, Јувентус и Рома како и селекторот на италијанската репрезентација Марчело Липи. По поразот од Јунајтед и елиминацијата од Лигата на шампионите тој дури и со доза на гнев изјави дека сега цела Италија е среќна поради неговиот пораз. На една прес-конференција, тој уште повеќе ги разлути Италијанците кога на новинарите арогантно им порача дека не е должен пред нив да одговара за своите порази. Иако сите добро знаат дека Мурињо ужива во публицитетот без разлика што секогаш игра “негативец“, медиумискиот притисок во Италија е преголем дури и за него.

Втората, можеби уште поважна причина за неговата одлука се навивачите на Интер кои го загубија трпението и отворено застанаа против него. На тренингот во базата во четвртокот, Мурињо го пречека транспарент истакнат од најжестоките фанови на кој пишуваше: “Португалски блефери, марш од Интер!“. Иако тој беше донесе на Џузепе Меаца да го подобри скорот на Роберто Манчини кој исто така не се прослави во Лигата на шампионите, сепак, не успеа во тоа, па дури имаше и послаби резултати. Всушност, излегува дека под водство на Мурињо, Интер оствари најслаб учинок во Лигата на шампионите во последните пет сезони: на осум натпревари забележа само две победи со три нерешени натпревари и три порази. Со оглед на тоа што во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија доживеа дебакл од Сампдорија со 3:0, Мурињо може да испадне уште во оваа фаза што повторно би бил послаб резултат од оној на Манчини кој во последните четири сезони редовно играше во финалето од ова натпреварување.

Кога веќе не може да работи во Италија, Мурињо има голема желба да се пресели во Шпанија. Лани беше на чекор до Барселона, но раководството на каталонскиот клуб одлучи да му даде шанса на се уште неискусниот Пеп Гвардиола и излезе дека е во права затоа што “блауграна“ сега е на првото место во Примера и се уште е во игра за тројна круна. Но, сега во игра е Реал Мадрид кој во лето ќе добие ново раководство најверојатно на чело со Флорентино Перез, а знаејќи ја неговата желба за ангажирање ѕвезди, најверојатно прв чекор ќе му биде договорот токму со Мурињо.

Вчера го постирав ова долу, официјално интервју кои го има на веб страната на Интер, така да прочитај прво што рекол Мурињо после пиши овде некоја безвеза информација од глупави портали.

Мурињо: "За Историско Скудето"

После тренингот со својот тим пред натпреварот со Фиорентина, Жозе Мурињо имаше интервју со новинарите, на кое рече: "Фиорентина игра доста добро. Тие се во трка за место во Лигата на Шампионите бидејќи се доста добар тим, со добра огранизација и добар тренер. Мислам дека ова е одличен меч за нас. Јас ќе продолжам да тврдам дека сум задоволен од тимот и прикажаното на Олд Трафорд. Што се однесува до тоа што го пишуваат весниците, едноставно мора да разберите дека Мурињо со своите изјави продава доста весници. Нема да ги коментирам сите работи кои се напишани за да се зголеми нивната популарност. Како и да е, ние сега треба да го освоиме шампионатот. Мора да го освоиме ова историско скудето со кое Интер ќе се изедначи со Милан по бројот на освоените скудета. Исто така мислам и на иднината. Учам, пишувам, го спремам мојот извештај за клубот, тоа е нешто кое го започнав одамна. Потоа ќе го претставам пред Морати, Бранка и Ориали. Тоа ќе биде заеднички проект, проект на Интер. Тренерот може да изгуби се, само не професионалното достоинство. Јас нема да го изгубам моето. Два збора се доволни паметен човек да разбере. Јас ви кажав девет! На вас е редот.. "
 
MILAN - Starting lineups for tonight's Serie A Week 28 clash at the Stadio Giuseppe Meazza (kick-off 20:30):
Inter: 12 Julio Cesar; 13 Maicon, 25 Samuel, 26 Chivu, 39 Santon; 4 Zanetti, 19 Cambiasso, 20 Muntari; 5 Stankovic; 8 Ibrahimovic, 45 Balotelli.
Subs: 1 Toldo, 6 Maxwell, 7 Figo, 10 Adriano, 18 Crespo, 24 Rivas, 33 Mancini
.

Coach: José Mourinho.
Fiorentina: 1 Frey; 21 Comotto, 5 Gamberini, 2 Kroldrup, 6 Vargas; 20 Jorgensen; 22 Kuzmanovic, 88 Felipe Melo, 18 Montolivo; 11 Gilardino, 10 Mutu.
Subs: 13 Storari, 4 Donadel, 7 Semioli, 8 Jovetic, 14 Zauri, 23 Pasqual, 32 Bonazzoli.
Coach: Cesare Prandelli.
Referee: Daniele Orsato (Schio).
 
Реков да пишам нешто за утакмицава, уште не седнат пред тв Ибра гол дал :)
 
очекувам уште еден гол во второто полувреме и повторно да се продолжи со оваква смирена игра!
 
ПА ПА ПА ПА ПА Нека цркне судијата и сите хејтери, се јави ГЕНИЈАЛЕЦОТ !!!
 
ЛЕЛЕ гоол,браво Ибрахимовиќ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom