Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Баш ме интересира сега Жозе што ке изјави али предосекам дека ке си ги лади мадињата со новинарите со некои специјални изјави..
 
За натпреваров, добро е што извадивме бод. Во првото полувреме, како и на последните натпревари, лоша игра, а се подобруваат во второто.
Мурињо си правеше некои експерименти со составот. Верувам дека ќе игравме подобро, доколку Ибра беше на теренот, но тоа е. Подобро што не ризикуваше со него, нека се спрема за натпреварот со Манчестер.

Маикон малку ме разочара (ретко кога кажувам лош збор за него, но денес навистина не му беше денот), а истото може да се каже и за Камбијасо. Кордоба денес беше среден, Адриано исто така, Бурдисо како Бурдисо... Максвел не е за среден ред. Секоја чест за Сантон. Дечкото игра како да има многу повеќе искуство.

Балотели, за среќа :), ми го демантираше постот што го напишав на полувреме. Ме изненади, гледам знаел и да глуми. До душа, имаше контакт, но ретко кој би досудил пенал за тој контакт.

Друго, да ми кажеше некој дека Креспо ќе постигне гол и тоа на асистенција од Фиго (кутриот навистина нема кондиција, се мачи на терен) ќе му речев - ај, не зезај :pos:.

Очекувам подобра и поорганизирана игра наредното коло.
 
Еј овоа Merdaazurive ама опасни играчи биле ауф ауф страшно.
 
Баш ме интересира сега Жозе што ке изјави али предосекам дека ке си ги лади мадињата со новинарите со некои специјални изјави..

Е ако де, сите не засмева :). Спортските новинари би требало да го сакаат, им го качува тиражот на весниците.

едит: Итно е потребен модератор да ни го подзачисти фан клубов.
 
Мртов уморен сум, али ај ке истролам .

Рома реално гледано, заслужи да победи, Интер ја плати цената од мечот со Јунајтед, тоа беше апла очигледно .

Ме боли к*р шо правите ручни рат на Сантон, му ги броев центар шутевите и кросевите, се на се 5 беа ебаго . . . дај ако сакате да имате добар бек стриктно за одбрана, Матераци нек игра таму, или нека го земат Сантакроче али стриктно бек да игра, без офанзивна игра . Шо значи, тука Максвел :smir: .

Балотели испил 4 заушки на полувреме, прв дел хаоси, втор дел топови . Со ваква средина, чудно како Интер има толкава предност на табелата т.е. чудно како имаат дадено најмногу голови, многу дефанзивно настроена а со истата се обидуваат да напаѓаат, од таа ахилова пета во тимот страда и нападот и одбраната .
Нападот е најдобрата одбрана, тоа е факт, што очекувате од една ваква средина на Интер, што очекувате од деструктивци и дефанзивци во една тотално непозната средина, затоа и секогаш ако не приметивте се препушта диктат на играта за противникот, нема везе дали е Рома, Јунајтед или Катанија . Се нема идеја, се нема креативност, отсуствува оној финален пас а со тоа и цела еб*на врска со нападот, аналогно на истото, страна и цела одбрана .

Грешки на денешниот меч :

1. Фиго, а не Мансини
2. Камби одбрана, не требаше, во ситуацијата кога се загради Баптиста типичен дефанзивец ке паднеше ко покосен и ке изнудеше фаул, Камби остана на нозе и упропасти супер прилика за израмнување, вака Се од почеток почна . . . . чудно како израмнија .

Играчи кои потфрлија :
Maикон, дефанзивно премногу лош, кумуваше при постигнувањето на првиот гол за Рома, беше поминат во 90% од дуелите 1 на 1, едноставно физички е потрошен . Ова беше прилика Сантон да започне на својата природна позиција, а Максвел да игра лево .
Аналогно на примениот во која беше инволвиран Маикон, Цезар, мораше и требаше подобро да реагира, и самиот верувам е свесен за огромната грешка .
Адри . . . . уште важи оноа, ај бе, ке си ја поврати својата форма, прашањето е кога, од нареден меч, од нареден месец, од наредна сезона ? Ниеден сериозен клуб нема таков пристап кон работите !

Пеналот ? Оправдано досуден ако ме прашувате мене, тројцата шо го опколија Балотели наседнаа ко млади мајмуни за банана, чудно, Балотели имал некое невронче шо му шетало у глава ( едно од ретките ) па го искористи, браво за истото .

Резиме : Бод голем како планина :), ако се прашувате што ми е, изгледајте ја репризата . :toe: Јас сум задоволен од освоениот бод, незнам за вас .

п.с. Денес на работа уз дискузија за мечот реков, Интер прима прв гол, а на крај вади X, од Андромеда беше приметливо ова :wink: .

п.м.с. Среќен сум и за Рома, ке им пркоси на Милан, имаат сепак шанси за ЛШ со ваква игра :) .
 
Абе море Ѕун модераторе.. јас на темата Интер - Милан кога загубивме со 1-0 навивачите на Милан ги нареков недоквакани.. бев баниран 7 дена.. не од темата.. од форумов.. овде еден нас не нарече крокодили и на сите мајката ни ја окара.. :)
П.С. За тоа дека Интер прима прв гол немој да ме копираш оти имам сведок.. еве го греат.. знае јас што реков одма после утакмицата со Манчестер..
 
Јас мислам со вака расположена одбрана како оваа денес што ја имавме (Маикон спиеше на терен го проаѓаше кој стигне, Кордоба се изгуби два три пати, Камбијасо задњи стопер....), па со расположениот Виера кој редовно е најдобар играч на противникот, па Адриано кој да не беше толку крупен немаше да го забележам на терен... еден бод е премија на лото. Среќа Балотели се разигра, да бидам искрен и тој беше дрво цело прво полувреме ама барем изглуми пенал и ја турна два пати во мрежа, што е и повеќе од доволно.

Очигледно паметот не им е тука па имаат оправдување, се е добро, може да здивнеме. Да имавме нешто посконцентриран противник ќе паднеше резил денес.

виера и не беше така лош (јбг не кошташе неговата грешка гол , али ај ... ) со него добивме на цврстина во среден ред , тука и ги добивме второ полувреме , брилијантен потег на мурињо што ја ги појача страните со балотели и фиго а внесувањето на предатор како креспо во игра thats briliant that is ......

Ова само интер интер интер и никој друг. Со 2 шута и непостоечки пенал даваат 3 гола. А рома со 10 100% шанси исто цццццццццц
И ај нека рече некој да видим во нешто биле подобри интер од рома
:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:Интер:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:

И едно прашање: До кога со судии? :kesa:
до кога сакаме и до кога има патетични гниди ко тебе , тоти , мексес и де роси , ај шампиони сте ви заборавив јас ајт ....

Заеби Арамбаша не вреди.

не вреди , да ...во право си ќе дискутираме нормално кога ќе ти помине нервозата.
 
НАЈРЕАЛНО СУН БРАВО,АМА СО ВАКВА ИГРА У МАНЧЕСТЕР ЦРНО НИ СЕ ПИШУВААА:kesa:
 
Упс, ко ќец на десетка се залепи талентчето на бан листата. :D

Ем клубот нема да го гледа на тв, ем форумот нема да може да го отвара. Поздравче.
 
Абе море Ѕун модераторе.. јас на темата Интер - Милан кога загубивме со 1-0 навивачите на Милан ги нареков недоквакани.. бев баниран 7 дена.. не од темата.. од форумов.. овде еден нас не нарече крокодили и на сите мајката ни ја окара.. :)
П.С. За тоа дека Интер прима прв гол немој да ме копираш оти имам сведок.. еве го греат.. знае јас што реков одма после утакмицата со Манчестер..
Го пријавив веднаш за бан, според мене треба да пие перманентен без двоумење . :toe:
 
Значи нема замарање веќе со тој.Па редно беше веќе,од прееска го отече кај нас,таму изгледа на негов фан-клуб нема друштво за муабет и ај овде:pos2::pos2::pos2:ДЕБИЛ!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom