Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Чеки сега сите кажавте еден куп имиња а никој не кажавте од каде е изворот. Знам дека се ближи јануари и шпекулациите почнуваат, ама незнам како излегоа толку имиња за еден ден.

Сериозно ли мислите дека Морати ќе даде 40 милиони за Агуеро? Волфсбург не сака да слушне за помалку од 30 милиони за Џеко. Пандев е практично без пари. Кандрева е опција зошто е профил на играч кој ни треба ем е Италијанец.

Според мене, треба да се фокусираат на средниот ред, и да најдат фудбалери со офанзивни карактеристики. Нас ни треба малку офанзива тука, желба да се дојде до голот. Не ни требаат чуда и не мора да фрламе тешки милиони. Треба само мудро и солидно...
 
Не, финалното резиме на сезоната го одредува рејтингот, т.е. освоените титули зашто сепак, тоа е она што се брои и тоа е она најрелевантното.

Ко Аврам Грант звучиш кога на Мурињо му рече па добро, ја бар стигнав до финалето а Мурињо му враќа со следново, ок, ти стигна до финалето и almost ке освоеше ЛШ, almost ќе освоеше и Премиер Лига, almost ке освоеше и Лига Куп, aма на крајот немаше освоено ниедна титула или со друго зборови, ALMOST IS NOTHING !

тука си во право, но јас спомнав за опаѓањето на рејтингот на италијанската лига поради слабите резултати во европските купови и можноста да се изгуби 4-то место за пласман во лш и затоа спомнав немој да ја разочарате Италија со ненадеен киск со Рубин ма да не верувам, а воедно ви посакав и среќа, а другите одмаа рчнаа 7 комада со Ман.утд па затоа и појаснив дека самото тоа што Рома таа година и наредната играше во четврт финале повеќе помогна на првенството во одржување на неговиот рејтинг отколку Интер кој неколку години испаѓа во осмина финале, а од кој како шампион на Италија се очекуваше повеќе... ФАКТ:smir::smir:
 
Ова со Тони е од денешниот број на Газета а Џеко и Агуро се размислувања за наредна сезона поточно шпекулации.
Да ви кажам ова со Тони ми е сосема реално не кошта многу а и кога гледам дека Мурињо го пушта Матераци (иста конструкција како Тони)во напад ми делува сосема реално.

Мое мислење е дека во Јануари ни треба само Пандев не оти е наш туку тој може да игра и со Снајдер заедно зад Ето и Милито Снајдер рече дека игра на сите позиции во средина.Како во Барса Чави(Снајдер)Инјеста(Пандев)

Еве Веста за Тони е од Газета а за Кандевра и Дзеко Кориере
http://www.calciomercato.com/index.php?c=6&a=156464
 
хехе да да точно во мал број сме... па затоа правам муабет со вас, ма да за разлика од Тенк и Љубе имам право во тоа што го говорам, ти колку сакаш мисли дека грешам:toe:
Во многу работи да, но дека Рома - Лацио е трето светско дерби нема благе везе :)

Добредојде InTeR FaN секој фан на Интер е добредојден во фан клубот. :)
 
@Pupone, добредојден си за муабети, ама ќе мораш да прифатиш и сеир, пошто многу сеирџии има овде :pos2:

Иначе за Кандрева се зборуваше и порано, Пандев не е веќе шпекулација ќе има преговори тука. Лука Тони ми изгледа непотребен, ние го имавме Круз па грееше клупа. Не знам што ќе ни е. Агуеро и Џеко се прескапи, нема шанси да се потроши толку Морати, освен ако успее на пример да му ги бутне Кварезма и Мансини на Атлетико, во што не верувам.

Не бе, ич нема потреба од луксузи. Ни треба Пандев и ни треба некој од Италијанците пошто ќе биде критично со тоа правилото. Ако не ги купиме навреме после ќе им рипне цената.

Сепак, веќе потенцираат медиумите дека се зависи од мечот со Рубин. Ако пукнеме, ќе биде добро, за децата од Примавера.
 
Добредојде InTeR FaN секој фан на Интер е добредојден во фан клубот. :)
Фала фала....
Инаку ова во врска со Тони мислам дека нема потреба да се доведе подобро да се даде шанса на помладиве на пример Алибец а зошто да не и на Арнаутович кој едвај чека да добие шанса за настап и да се докаже.
 
@Pupone, добредојден си за муабети, ама ќе мораш да прифатиш и сеир, пошто многу сеирџии има овде :pos2:

Иначе за Кандрева се зборуваше и порано, Пандев не е веќе шпекулација ќе има преговори тука. Лука Тони ми изгледа непотребен, ние го имавме Круз па грееше клупа. Не знам што ќе ни е. Агуеро и Џеко се прескапи, нема шанси да се потроши толку Морати, освен ако успее на пример да му ги бутне Кварезма и Мансини на Атлетико, во што не верувам.

Не бе, ич нема потреба од луксузи. Ни треба Пандев и ни треба некој од Италијанците пошто ќе биде критично со тоа правилото. Ако не ги купиме навреме после ќе им рипне цената.

Сепак, веќе потенцираат медиумите дека се зависи од мечот со Рубин. Ако пукнеме, ќе биде добро, за децата од Примавера.

хехе знам во овој фан клуб има секакви: паметни кои се разбираат од фудбал и се објективни,сеирџии,тврдоглави но и припростички
 
Секои преговори за купување екстра скап напаѓач значат заминување на Балотели. Поинаку нема. Балотели кај Венгер и Кварезма/Мансини/Мунтари за доплата. Ја лично сум против, малиот сепак е играчиште. Од младите од Примавера напаѓач нема да добие шанса во догледно време, конкуренцијата е пресилна. Први што ќе заиграат се Крхин и веројатно од Јуни Биабиани ќе се врати од Парма. Другите ќе завршат на позајмици.

хехе знам во овој фан клуб има секакви: паметни кои се разбираат од фудбал и се објективни,сеирџии,тврдоглави но и припростички

Што да ти кажам, не има секакви :pos:
 
Купување на Џеко или Агуеро според мене е најголема грешка. Што ќе правиме со пет или со четири топ напаѓачи кога во тимот можат да играат само двајца.

Ова за Тони ми излгеда малку пореална бидејќи ќе го купиме без пари башка е напаѓач што е докажан во калчото. Мурињо свати дека Калчото е посебен шампионат различен од другите и дека најмудро е да се купат играчи кои се веќе докажани.

Затоа ги купивме Милито и Мота уште по крајот на минатогодишниот шампионат. Ситеа беа скептици околу Милито ама дечкото си продолжува во иста форма.

Единствен проблем е што Злато реши да не напушти и мораше да дојде Ето а со тоа да се прави цела реконстукција на тимот, и наместо да се надоградиме на минатата сезона ние започнавме нов циклус.

Наместо да Мурињо да се пали на аргентинците треба полека да почне да мисли како да го украде Рибери, Пандев да дојде во јануари и Занети да се пензионира во јуни. Со ови три потега ќе бидеме двапати појаки од оваа година.
 
Ова за Тони ми излгеда малку пореална бидејќи ќе го купиме без пари башка е напаѓач што е докажан во калчото.

Докажан пред 3 години сеа формата му е на најниско ниво и не верувам дека ке си ја поврати од времето кога играше во фиорентина така да нека го баталат:smir:
 
Наместо да Мурињо да се пали на аргентинците треба полека да почне да мисли како да го украде Рибери, Пандев да дојде во јануари и Занети да се пензионира во јуни. Со ови три потега ќе бидеме двапати појаки од оваа година.

Точно дека ќе бидеме многу појаки наредната сезона доколку се реализира ова што ти го напиша, но мислам дека Рибери е далеку од Интер, иако не се говори јавно сепак мислам дека постои договор помеѓу Реал и Баерн за овој играч откако Робен премина во Баерн, а се говори дека ова е последната сезона на Рибери во Баерн и дека има потпишано некојси преддоговор со Реал.
 
Јас не верувам многу во тие натписи на Ас и Марка за предоговорот на Рибери со Реал. Се кладам дека ако Барса достави понуда, Рибери попрво би ја одбрал Барса отколку Реал Мадрид.

До јуни многу работи ќе се променат. Може ние ќе останеме без Мурињо. Во едно такво сценарија би можеле да го ангажираме Лорент Блан за тренер и со него во пакет да го гонесеме Гуркуф. Тогаш ќе можеме да му понудиме на Рибери Француска алка во тимот. Можеме и женаму да ја лажеме дека ќе биде вклучена во модната индустрија во Милано (Рибери е голем папучар па ќе мора да ја слуша).

Има многу опции само треба да се има волја и парите на чичко Морати.
 
Goalkeepers: 1 Francesco Toldo, 12 Julio Cesar, 21 Paolo Orlandoni.
Defenders: 2 Ivan Ramiro Cordoba, 4 Javier Zanetti, 6 Lucio, 13 Maicon, 23 Marco Materazzi, 25 Walter Samuel.
Midfielders: 5 Dejan Stankovic, 8 Thiago Motta, 10 Wesley Sneijder, 11 Sulley Muntari, 14 Patrick Vieira, 19 Esteban Cambiasso, 30 Mancini.
Strikers: 9 Samuel Eto'o, 18 David Suazo, 22 Diego Milito, 45 Mario Balotelli.

Киву е суспендиран поради жолти, Сантон е повреден па капитенот ќе игра лево...

Мислам дека Снајдер е целосно подготвен за утре па се друго освен победа би било големо изненадување и разочарување за нас.
 
Прво добредојдете на новиот дечко

Баталете тони , рибери и компанија , утре не чека важен меч и чисто сумљам дека интерашите моментално размислуваат за некаков трнасфер. За трансфери можеме да говориме од среда коа официјално ќе се пласираме у Лига Шампиони.

За утре мој тип , победа нормално и не ми е важен резултат али пак осеќам дека Ето ќе ја затресе мрежата а зашто да не и Снајпер да збрца еден од слободен.

Форза Интер
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom