Епа да беше маалце поголем периодот кога дечките од Манчестер и Арсенал разараа, веруј ми, друг ке беше твојот став . Дај бе не зезајте, срамота е да деградирате таква фудбалска фантазија, да ја спуштате на толку ниско ниво, срамота е . . .
Тоа беа тимови кои го подигнаа фудбалот на едно ново скалило, донесоа една нова фудбалска димензија . . . и сеа децава овде на форумов, по една брилијантна сезона на Барса дојдоа памет да ни солат, како тоа они биле најдобри .
Само ке ве потсетам, во времето на Роналдињо и Рајкард истото го збореа, кога ги победија Арсенал во финалето во ЛШ и освоија Примера, ИСТО, истите муабети . . .
Прашај било кој друг, а е постар од 20 години за она што тогаш го играа горенаведените екипи, а не, си праел муабет за Манчестер и Арсенал со други фанови . . . немој молимтисе со тие детски муабетчиња, шо, удри наџ на мсн и се консултираше ?
Арсенал друже, 38 кола немаа пораз, да, немаа успех во ЛШ али не беше тука дански судија ко 12ти играч за нив, е ТОА, тоа е она што нема да се види доолго време, 38 кола да бидеш константен и да не изгубиш во конкуренција на Манчестер, Челзи, тогашен Лидс, Ливерпул, тогашен Њукасл, а не ова на Барса, и Манчестер, и Реал, и Баер освојувале тројни круни, тоа е веќе видено, врвен фудбал, али она за кое јас ти говорам е нешто посебно, УНИКАТНО, збор кој очигледно ти, и останатите не го разбирате .
п.с. И не ми се убацувајте ко пијавици, мене Барселона ми е втора екипа во животов и прва за која искрено сум почнал да навивам, низа ситуации ( пред Се Панчев, Роналдо, Баџо и Занети ) влијаеле на мене за Интер да биде приоритетот во фудбалот . До ден денес ја сакам и почитувам Барселона и секогаш, освен кога играат Интер во ист термин, ја следам и ќе ја следам и ке навивам за нив во Примера . Не сакам да ја потценам, во никој случај да ја спуштам на ниско ниво, само ви укажувам дека за да дојде до тоа скалило за кое јас говорам, има уште леб да јаде, една сезона не е доволна за истото . Може за година, две, три, ке се согласам со вас, но сега во моментов не, шанса нема, а со носењето на Ибра, за жал, направија грешка која во иднина скапо ке се одрази .