Очекувам победа вечер и посигурно чекорење на Интер кон освојувањето на скудетото. Повторно нема да игра Маикон, а Станковиќ колку и да е туп, пак мислам дека ќе фали во составот вечерва. Според мене формацијата треба да иде вака:
-----------------Цезар-----------------
----------------------------------------
Сантон----Кордоба----Киву----Максвел
----------------------------------------
Занети--Камбијасо--Мунтари--Мансини
----------------------------------------
--------Креспо/Обиња----Ибра---------
Можно е да има трансформации на левата бековска позиција, односно ако Максвел прави киксови како прошла утакмица може на негова позиција да се стави Киву, а Самуел да биде партнер на Кордоба на централната одбранбена позиција. Десно мислам дека Сантон би требало да игра наместо Занети, и онака Занети слабо играше последниве утакмици како десен бек, ретко правеше продори по десната страна, па мислам дека треба да се врати на старата позиција, а од Сантон да очекуваме некој интересен продор. Средниот ред си е супер, Виера не иде во предвид да игра оваа утакмица според мене, на негово место Мунтари и Камби ќе си ја завршат задачата перфектно. И што се однесува до нападот, Круз е труп последно време па затоа треба да му се даде шанса на Креспо или пак Обиња, за Ибра не праам муабет
(само да трча малку повеќе) 
.