хахаха....во нешто се сложуваме. јас то го пишував пред повеќе од една година, ама и тогаш се расправав со тебе! добро е шо пополека работите идат на свое место!!!
таа иронија произлегува од зависта која ја имаш.екипата со најголем буџет и најдобар тренер, која се очекуваше да се прошета во првенството е закована при дното без победа , па сеа мора да се вади против екипата која и е против ниво да игра со вакви маалси и нижоразредни екипи (то ти е вратка)!
е сеа реално очекувам барем реми и пласман на победа натаму. нашата екипа игра добро (ренова се спаси некни), само нема среќа, а кога ќе проработат напаѓачите и ќе се довоигра екипата...е то е друго веќе...
Не би рекол дека имам завист. На кого завист и за што завист? Зависта би рекол дека е во спротивниот правец. Инаку мене повеќе ми се допаѓаше „стариот“ Металург, ама нема за тоа во овој пост.
Најголем буџет? Не знам колку имаат буџет Работнички, Ренова, Турново ... ама Металург има сигурно многу поголем буџет од Силекс, Победа, Пелистер ... Не ме бива многу за економија, ама верувам дека газдата Јорданов знае што прави.
Најдобар тренер? Можеби меѓу ТОП10 од Македонија, ама тешко е да се каже дека Ѓоре е најдобар. Можеби најдобар што досега бил во Металург.
Не знам дали некој очекувал дека Металург лесно ќе се прошета низ првенството (како што викаш ти) и претпоставувам дека после таа лесна прошетка очекувањата беа дека ќе стане шампион ?!! Тое не е реално очекување. Работнички е исто силен колку и лани. Македонија и Ренова задржаа голем дел од екипата дури и се засилија. Турново исто така се засили. Заедно со Металург тоа се 5те екипи што се во преден план оваа година. Никој од нив нема да се „прошета“ низ превенството.
. До сега Металург има 5 нерешени и 1 пораз, не верувам дека некој очекувал 6 победи до сега исто како што никој не очекувал ни 6 порази. Долго е првенството. Уште 27 кола. Металург сигурно со овој тим ќе биде меѓу првите 5. Според буџет, играчки кадар, тренери, тие 5 екипи што ги набројав погоре се тука некаде. Никоја не отскокнува нагоре. Најмалку Металург.
За Македонски Спорт. Немам ништо против нив. Му се навртеле на Ѓоре и секоја недела го „јадат“. Нека продолжат. Нека почнат и против Металург да пишуваат ако сакаат. Само никогаш нема да речам дека некој намерно го прави тоа за да си замине Ѓоре па да стават негов човек да го води Металург итн итн итн (приказната за дуелот ФФМ-Мак.Спорт)