Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Бод против Работничи на гости не е лош резултат. Турново лани немаше пораз дома, па и тој бод не е лош резултат. Киксот дома со Пелистер беше неочекувано ама на тоа поплавено игралиште не се снајдоа баш најдобро.
Повешти беа Пелистер и си победија заслужено.
Не се виновни ниту тренерот ниту играчите. Одма почнаа муабети „ ех, џабе парите, џабе Ѓоре, нека си оди .... “. Типично сеирџиско размислување.
Се надевам во недела против Силекс ќе се смени сликата за тимот.
 
Бабуна - Металург 1:3

Конечно прва победа сезонава. Ај после ова можеби ќе тргне на подобро. :pos2:
 
Металург ќе ја тестира силата против Левски


Скопскиот амбициозен прволигаш Металург викендов ќе го надградува меѓународното искуство низ нов пријателски меч, овојпат со бугарскиот шампион Левски, учесник во групите на Европската лига во оваа сезона. Мечот ќе се игра в сабота во Софија

metalurg%5B18%5D.jpg
transparent.gif
Пријателски средби со странски тимови се традиција на кормиларот на „железарците“ Ѓоре Јовановски, бидејќи искуството од овие мечеви не е само проверка на можностите, туку и драгоцено искуство за амбициите да се покажат на најдобро светло во европските натпреварувања.

- Продолжуваме со ваквите интернационални мечеви, кои многу значат за тимот, кој стекнува меѓународно искуство. Секој слободен термин ќе го користиме за вакви средби - коментира Јовановски.

Металург за октомври си најде противник во српскиот суперлигаш Јагодина, а за во ноември е во преговори со неколку грчки тимови. Јовановски и во минатото, особено кога го конструираше доминантниот Работнички, најдобриот презентер на Македонија во последните пет години, инсистираше на вакви мечеви и низ подготвителниот период и во паузите, кои потоа се покажаа како корисни, затоа што дебармаалци ги направија најголемите клупски успеси во историјата.

Двонеделната пауза за Металург е добредојдена и од фактот што тимот од Автокоманда слабо стартуваше, без победа во шампионатот и само со триумф во воведното коло од Купот против Бабуна со 3-1.

- Свесни сме дека лошо стартувавме, но треба време и трпение. Тимот го сменивме и преку ноќ не може веднаш да се очекуваат резултати. И играчите се свесни и криво им е за лошиот старт, но треба време да се уиграат фудбалерите. Имаме зацртан план и одиме по него - додава Јовановски.
 
И Минас Османи се реши да се проба во Металург.
Ѓоре само собира фудбалери, ќе видиме дали ќе може да ги уигра.
Ѓоре се лути кога во медиуми пишуваат за Металург дека е меѓу фаворитите оваа сезона, ама и сам треба да е свесен дека има многу фудбалери кои за македонски услови се екстра засилувања за клубот.
 
Османи е стварно корисен играч со кој Металург може само да добие повеќе во играта која им се покажа многу спора . Ќе добијат на свежина и брзина во играта сигурно , Минас е голем борец на терен . Како што прочитав вчера имал можност да продолжи во Украина во Карпати ама не се договорил а требал и да игра во 2 Грчка лига во Каламата но се одлучил да се врати назад :toe: .
 
Добро бе се работи ли со млади категории во овој клуб?
9-1 против Пелистер?
Ако се нема асални деца , треба да поработам малце на регрутирање низ Скопје.
Иако во мое време можеше да се изгради сосема солиден тим само од деца од Железара и Автокоманда.

Резил.
 
Добро бе се работи ли со млади категории во овој клуб?
9-1 против Пелистер?
Ако се нема асални деца , треба да поработам малце на регрутирање низ Скопје.
Иако во мое време можеше да се изгради сосема солиден тим само од деца од Железара и Автокоманда.

Резил.

Кадетите победиле против Пелистер 0:1. :)

Има во Металург 4-5 категории од младите. 2 групи петлиња, пионери, кадети и младинци. Тренерите се истите веќе неколку години. Од тие деца што се таму, толку може изгледа. Пред 3-4 години стално имаше две три деца што отскокнуваа по квалитет и од уште на полусезона одеа во Вардар или Работнички. Не знам какви услови имаат таму или пак само заради името.
Иначе во право си дека порано од Железара и Автокоманда можеше да се направи добар тим. Сега сменето е. Мислам дека децата од Железара што тренираат во Металург во сите категории може на прсти да се избројат.
Во сениорите има едно младо дете од Железара, надежно, ама само тренира со првиот тим кај Ѓоре. Не знам зошто не им го дава да игра барем за младинци.
 
Јас кога тренирав тие што стварно беа многу добри одеа во Вардар, Работнички и слично...Башка тогаш немаше некои услови за развивање, спонзори, татковците не носеа на утакмици со коли поради тоа што немаше превоз. На помошниот терен се кршат нозе, а таму тренираат децата...Детето што го збориш мислам е Кире, у зграда кај мене живее, го видов на ФФМ страната во прв состав...
 
Јас кога тренирав тие што стварно беа многу добри одеа во Вардар, Работнички и слично...Башка тогаш немаше некои услови за развивање, спонзори, татковците не носеа на утакмици со коли поради тоа што немаше превоз. На помошниот терен се кршат нозе, а таму тренираат децата...Детето што го збориш мислам е Кире, у зграда кај мене живее, го видов на ФФМ страната во прв состав...

Да, мислам дека е тој.

Теренот е тапа, ама тоа е. Помошното го делат 2-3 категории деца од еднаш. Не знам како е кај другите клубови. :toe: Натпревари мислам дека се играат во Марино.
Главното игралиште е резервирано за нерешените на Ѓоре.
 
Тепачка Вајс - Милушев!!!
* Сe се случувало пред некој ден по тренингот, кога за време на ручекот двајцата си размениле неколку удари. Најверојатно, само Милушев ќе добие "отказ"
Покрај тоа што не може никако да забележи една победа во првенството, Металург пред неколку денови се соочи со уште еден, голем проблем. По сe изгледа фудбалерите нервозни од сите случувања во и околу екипата, почнуваат и непотребно меѓусебно физички да се пресметуваат, дополнително нарушувајќи ја и така "разнишаната" атмосфера во таборот на "металурзите".
За што станува збор? Како што успеавме да дознаеме, на еден од ручеците по тренингот капитенот на "железарците", Мирослав Вајс, имал прво вербална расправија со левиот бек Александар Милушев која прераснала во физичка пресметка меѓу двајцата. Епилог на сево ова е мала расекотина на главата, а причината немала никаква врска со фудбалот.
Скопската чаршија веќе наголемо зборува за овој инцидент, особено симпатизерите на овој тим. Коментираат дека ситуацијата е крајно напната и полека губат надеж дека Металург ќе биде на врвот оваа сезона, особено по една ваква недисциплина каква што владее во тимот од "Железарница".
А за овој инцидент и двајцата фудбалери се однесуваа како да ништо не се случува, и дека сe е в ред. Откако дознавме во текот на завчерашниот ден, веднаш ги контактиравме, но очекувано, двајцата негираа за овој немил настан.
"Каков инцидент? Нема ништо сe е в ред", коментираше Вајс, а исто така и неговиот "другар" Милушев, кој рече дека не знае за никаква тепачка.
"Не, немаше никаков инцидент. Првпат слушам", истакна и Милушев кој, како што дознавме, за ова ќе заработи "отказ" од таборот на "зелено-белите".
Колку и да негираат, сепак, низ улиците на нашиот главен град уште пред два дена се зборува за овој инцидент. Причината била многу бизарна, и дека по завршување на ручекот Милушев го прашал капитенот дали оние кои завршиле со јадењето можат да си заминат, по што Вајс му одговорил многу невкусно, и почнала мешаницата по која Вајс прво го удрил Милушев, а овој му возвратил со иста мера, по што веднаш станале сите фудбалери и ја прекинале тепчката. И покрај обидот да не биде објавуван во јавноста овој инцидент, сепак, за истиот знаевме и многу порано, но сакајќи да бидеме сигурни дали навистина имало удар или само вербална расправија, а откако луѓе блиски до екипата н$ информираа дека не било само "размена на зборови" туку имало и физичка пресметка, стана јасно дека инцидент, сепак, имало и покрај обидот да се прикаже дека атмосферата во екипата е одлична.
Исто така се шпекулира дека за овој немил настан "подебелиот" крај ќе го извлече Милушев, кој според наши информации е на излезна врата од Металург, додека капитенот Вајс ќе "помине" само со суспензија.
По сe изгледа тренерот Ѓоре Јовановски нема контрола на однесувањето на неговите играчи. Ова е дополнителен проблем за него, откако во првите пет кола никако не може да забележи една победа во првенството, сега треба и да ја враќа и така нарушената атмосфера. А мечот со Македонија ЃП наближува, Ѓоре Јовановски и неговите играчи ги трошат последните кредити кај раководството на Металург. Мора да се почне да се победува, за враќање на самодовербата кај играчите, и барем малку насмевки на намуртените лица на "металурзите".

Не можеше да се сокрие
Тренерот на Металург, Ѓоре Јовановски, со закана кон своите играчи, "овој инцидент не смеат да го дознаат медиумите". Меѓутоа, и покрај неговите обиди, сепак, не успеа да се сокрие. Ѓоре, за овој инцидент знаевме уште истиот ден, но сакавме да бидеме сигурни дека имало тепачка. А откако сите во градот зборуваат за инцидентот, стана јасно дека дошло до физичка пресметка. Едноставно и покрај обидите, ова не можеше да биде скриено.
За Ѓоре ова и не е прв инцидент. Тоа е човек кој важи за многу авторитативен, но се покажува дека нема контрола на однесувањето на неговите фудбалери. Имаше проблеми во Работнички (еден од нив е оној во Базел кога Игњатов остана без капитенската лента), но и во репрезентацијата кога се скара со Христов и со тогашниот капитен Тони Мицевски.

Штериев и Стојановски не се повеќе во Металург
На сред сезоната и серија откази во раководството на Металург. Имено, од неразбирливи причини од екипата се "отстранети" и генералниот секретар Атанас Штериев, како и техничкиот секретар Никола Стојановски. Пред неколку месеци исто така отказ доби и претседателот Дамјан Стојановски, а и повеќемина фудбалери кои тогаш го носеа дресот на "железарците".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom