Фан Клуб: Фиорентина

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување
Али Волски ќе биде играчиште, во него гледам нов Валеро, можда и многу повеќе. Детето има некој X-фактор :D
Го обожавам се надевам дека ќе ги исполни и надежите и потенцијалот, почнав да го пратам само заради ФМ али детето можи да биди играчиште кај и да е се надевам дека ќе успеј и ќе нарпај сјајна кариера
 
Волски има потенцијал ненормален, тоа уште кога го купиа гледав некои клипови од кога играл во Полска лига и се гледа дека има техника ненормална, игра со глава и дека нема никаков страв да изигра нешто што некои поискусни играчи никогаш не би пробале...грешка е на Монтела што не го играше повеќе, кога може Матос да го игра не гледам зашто не и Волски. Има поголем потенцијал од Љајиќ на пример, само му треба минутажа и самодоверба да ја осети од Монтела. Исто голема грешка е и што Алонсо го дадовме на позајмица во Сандерленд. Го пратам и можам да кажам дека игра доста солидно и скоро секогаш е во први 11.
 
1795489_741635679194567_1622106481_n.jpg


Само едно ќе речам: FORZZA FIORENTINA !!!
 
мала измена има во официјалниот состав. Матри и Иличич ке стартуваат на местото на Варгас и Гомез или јас имам грешен извор...како и да е осеќам ке има уште едно шамарење по џубрентус! FORZA VIOLA!!
 
Грешка си! Од овој состав само Андерсон е во први 11 на местото на Мати Фернандез... многу фалат Борха,Роси,Томович за еден ваков натпревар...тоа е тоа. Forza Viola :D било што било
 
Хоакин?

зошто го нема ? :confused:
 
Жоакин не игра пошто Монтела го чува најверојатно за УЕФА...

Неколку работи да кажам.
Премногу дефанзивна тактика во првополувреме не кошташе гол
Монтела утка направи со Варгас во први 11, Жоакин или Волски се доста покреативни кога го нема Борха
Гомез неможе сам напред, поготово кога се браниме без никаква подршка од позади
Волски ме изненадува и заслужува повеќе време
Одбраната солидна, поготово Савиќ кој изигра за 10ка денес
Пасквал у одбрана добар у напад дупка, шентаршут никако
На крај исто е Фиорентина дали ќе биде 4та или 7ма сезонава, УЕФА играме преку купот
Со измените кои ги направи денес Монтела мислам дека помалку и ги шдеди за УЕФА
Све на све лошо прво полувреме и подобро второ и ете на крај немавме среќа со пречката на Матос
 
Добра вест од Америка. Роси се опоравува побрзо од предвиденото. Според Пасторело, неговиот агент, цела една недела се понапред со вежбите и заздравувањето од предвиденото. Во петок најверојатно ќе се направи последниот преглед закажан за во Америка,а од следната недела се очекува враќање во Фиренца. Ако све се потврди дека е ок во петок, Роси набрзо ќе поче со појаки тренинзи во Фиренца и полека тренизи со топка и со соиграчите.
 
Роси самиот изјави дека ќе направи се за да игра во финалето на купот и дека ќе го освоиме, така да верувам дека се труди и дава се од себе да се опорави што побрзо.
 
Да тогаш (3ти Мај) би требало да се врати, а и очекувам да има предходно изиграно бар 3-4 натпревари за да ја врати формата и кондицијата
 
Не знам за вас, дали сте скептици или оптимисти, ама јас сум убеден дека утре вадиме поволен резултат(минимум нерешно 1:1 а верувам и во победа). Пред се поради тоа што се враќаат најбитните играчи шо ни фалеа во неделата: Борха и Томович !!!
Да се јас прашувам би го извадил овој состав од прва минута...
Нето
Томович-Гонзало-Савич-Пасквал
Аквилани-Пизаро-Борха
Квадрадо - Мати/Жоакин
Гомез
И сум убеден подобар состав не може да се извади се додека не се врати Роси. И најбитното да потенцирам зошто некој одма ќе рече зошто Аквилани... затоа што најдобро ќе одговори на дефанзивните задачи од било кој друг играч во тимот а башка има добри долги пасеви...
Единствена дилема ми е дали Мати(кој игра животна форма овој месец) или Жоакин па да се игра на контри со 2 класични крила... мада повеќе би го жртвувал Мати и влегол во второ полувреме, како главен џокер од клупата да ја подигне играта...
поздрав и FORZZA VIOLA !!!
 
Жоакин не е повикан ради ситна повреда
 
Ajde da vidime kako ke pomineme utre, po nekoja logka site sili da gi koncentirame na ovie natprevari poso ocigledno otide u nepovrat Seria A. So Borja treba da bide druga prikazna ekipava, se nadevam deka ke profunkcionira i napadot poso poslednive natprevari gol nemoze da dademe.
 
На вакви натпревари многу фали Роси, поготово како подршка за Гомез. Дефинитивно Роси заедно со Борха беа клучни играчи во зимската полусезона. Еве сега читам и изјава на Пирло кој вика дека Фиорентина не е иста со и без Роси и дека Роси е играч за големи натпревари, како за Фиорентина така и за Италија. Ова е прв натпревар и вечер може и двете екипи да играат многу ппредпазливо, додека оној за 7 дена е клучниот, ма да ќе зависат многу работи и од денешниов
 
штета што пак за Фиорентина нема да игра Хоакин :( ќе уживав гледајќи го, играч што секогаш е расположен во вакви утакмици...
у секој случај, со среќа против Јувентус (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom