Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Mnogu slabo ovaa godina,neznam zasto ne se investira vo ovaa ekipa ?!,znam deka go ima eden od najbogatite lugje vo Spanija ali nikako da se dade nekoe evro za La Korunja .. Zal mi e za Guardado :(.
 
Тоа е реалноста момци, ниту Лотина ќе го напушти клубот, ниту пак газдата на Зара, Амансио Ортега, е спонзор на клубот, а ниту па ќе добиеме нови играчи до следниот трансфер период. Лендоиро потврди дека Депортиво немое да оствари ниту еден трансфер, и овој состав ќе ги игра утакмиците до зима. Ситуацијата е таква каква што е, полека треба да се привикнуваме на втората лига, нешто што од кое стварно незнам како ќе излеземе. Извесно е дека ако ако Депортиво испадне, ќе го снајде истата судбина како и онаа на некогаш силните Овиедо, Алавес, Лас Палмас, Рајо Ваљекано, Компостела и друи кои мака мачат во третите и четвртите лиги...
Во најмала рака нема да ни избега судбината на уште пославните Бетис и Селта кои заглавија долги години во втората лига. Тоа што ќе боли е она што Селта е на праг да се врати во прва лига, додека ние се возиме на возот за втора лига.
Спасот барем во моментов не го гледам. Само една добра изиграна утакмица годинава (оваа со Осасуна) и немањето на стрелец (се крстиме сите во враќањето на Рики) не се голема причина за оптимизам. Секој меч со противник на наше рамниште во лседните мечеви, мора да го добиваме за да се извадиме од бездната. И сите овие повредени играчи у пм...
Што е со докториве во Ла Коруња... Ги замислувам како Доктор Глобил :pos:
drglobule.jpg

Или нешто не чини во тренизните...
Не е можно да имаат толку многу повреди играчиве, едноставно не е можно...
 
мене ми е криво шо еден клуб како депортиво е на вакво рамниште дојде време да испага :( зошто баш депортиво... има и други скарт тимој ... шо повеке напредуваат од депортиво ... мислам за повредите треба да се смени од корен лекарскиот тим а навивачите да направат еден бум протести (како што беше случајот со јуве изминатата година и сам знаеш како беше ) но сепак мислам дека во шпанија тоа нема да се деси .. сепак останува да видиме како ке се одвиваат настаните ... иако сум за барса од шпанско првенство криво ми е за депортиво знам кога почнав да гледам шпански фудбал тие беа школата на сите шпански екипи земаја свои таленти сеа не сум баш баш запознаен со млади таленти ако сакаш мојш да ми посочиш некој
 
Ма какви млади таленти :)
Продуктите од нашата школа, го имаат епитетот млад талент до 25 години и после стануваат старо железо :pos:
Излегоа бајаги во последно време, за сите се најавуваше дека ќе бидат големи играчи , но сега играат во третите лиги.
Од овие моментално шѕто играат најголеми ѕвезди што излегле од младата школа а играат во Депор се Адријан и Хуан Домингез, али вториов повеќе е повреден него ли што игра...
Од уште помладиве имаме надежи во вториот тим, особено многу се очекува од Давид Рочела, али како што гледам наскоро ќе ни го лапне некоја поголема екипа.
А ултрас групата на Депор, Риазор Блуз реши да им даде голема подршка на фудбалерите па уште на тренингот неколку дена пред мечот имаше 200 души на трибина, за атмосферата на мечот да достигне највисоко ниво во последните години. Браво за нив, али изгледа и тоа не помогна. Фудбалерите изјавуваат дека атмосферата во тимот е одлична, а и со тренерите стојат одлично, но ете резултатите не се баш најсјајни. Заклучокот е... толку му е квалитетот на тимот...
 
епа брат во ред само одамна не сум ги запратил депортиво но редовно те читам овде и ајде реков да пишам нешто и за депортиво... но сепак мислам дека има време сепак е почеток на сезона можи ке им тргни спасот е да има протести нишо друго .. а има ли финансиска криза ??? мислам долгови молгови?
 
2003 година - 173 000 000 евра
2008 година- 159 000 000 евра
2010 година- 103 000 000 евра

Пишував за ова и некоја страна претходно :) Успееваме да го намалиме, ама слабо ни иде некако. Реално немаме некои играчи, кои аско би ги продале би заработиле многу, како што тоа го направија Валенсија. Фелипе беше еден од тие кој замина и лапнавме некое милинче плус, остана уште Гвардадо, за другово ништо не правиме. А и тимот не е способен да купи ниту просечен играч, па се задоволуваме со позајмици (Мичел од Валенсија, Риндерој од Молде, Уретавицкаја од Бенфика, Рубен Перез од Атлетико Мадрид), колку да живурка тимот. Лани играчите не ги ни добија целосно своите плати. Се појавија и непредвидени долгови кон екс играчи кои дополнително не ошурија...
Тешко е да се спасиме :)
 
ахам швастензи :) мора да се бара ко така некој купец добар како што беше исто така сеа случајот со ливерпул нз што да речам на сите ги боли кога гледаат дека еден такво тим каков што беше депортиво полека згаснува :jaj: и најсериозно ми е криво што тоа е така ...
 
Сосиедад-Депортиво 3-0...
Ништо ново од нашите момци. Ме фаќа голема фрустрација кога ги гледам игрите на мојот омилен странски клуб. Немоќ уште од почетокот на мечот, па малку живнување откако ќе примиме гол, па неефикасност во нападот, и после торпедирање...
Овој филм се врти во текот на целата оваа календарска 2010 година...
Составот осуден уште од самиот почеток. Лотина одново се покажа како изгубен во свемирот. И против еден тукушто промовиран клуб се реши да излезе со дефанзивна формација. Лопо е суспендиран, па уште од старт во екипата имавме ден несреќник, Зе Кастро. При три здрави леви крила Риндерој, Раул и Стопира (последните двајца од Фабрил), ЛОСТина се реши за друг играч од Фабрил, Диего Сеоане кој природно игра на десната бековска позиција. Воопшто несакам ни да споменам дека во тимот отсуствуваа нколку играчи кои се вечно повредени, како и Морел и Урета кој замислете имаат проблеми со визите и не можеа навреме да дојдат на утакмицата. На десно настапивме со Лауре, а во одбрана беше уште Колото.
Втората грешка при доделување на позициите беше кај Давид Рочела. Перспективниот ЦЕНТРАЛЕН ДЕФАНЗИВЕЦ од Фабрил, на овој меч одникаде изникна во прв состав и тоа на позицијата ДМ...
Единствениот кој досега се покажува како прав прволигашки играч е Рубен Перез. Да биде трагедијата поголема, тој воопшто и не е наш играч туку е позјамен од Атлетико...
Лево крило Десмаретс, централна средина НАПАЃАЧОТ Ласад (трета грешка на ЛОСТина) и на десно крило Хуан Родригез чија природна позиција е ДМ (четврта грешка), иако во тимот имавме две здрави десни крила, Саул и Пабло Алварез. И во нападот осамерниот Адријан иако веќе милијарда пати се покажа дека човекот незнае одигра како осамен шпиц. Како по навика добивме трагично прво полувреме. Почнавме деорганизирано, без никаков смисол за правење акција. Љоренте беше преголем залак за нашата одбрана која пливаше при една нафрлена топка, која Шпанскиот напаѓач со глава од едно 14 метри ја закова во нашиот гол. И тогаш малку живнавме. Ја имавме иницијативата но без шанси, освен еден удар со ефе на Десмаретс. Катасторфалниот прв дел го загубивме со само еден шут кон голот на противникот. Во вториот дел, ЛОСТина го извади Деесмаретс кој единствен влегува во шанси, и конечно влезе Рики, а влегоа и Валерон и Хуан Домингез. Вториов не ја пипна топката, а Валерон покажа дека е далеку од формата губејќи неколку важни топки. Затоа на ниво беше Рики. Изигра доста солидно, сам си направи шанса но биеше за малку крај гол. И тогаш дојде првата стопроцентна шанса. Како по навика секој меч имаме барењм една ваква шанса, но ударот на Рики со глава од само 3-4 метри беше одбранет од противничкиот голман. Казната стигна во моментите кога Депор го имаше противникот во џеб, а голот исти како првиот. Нафрлена топка, четворица дефанзивци спиеја, и Љоренте ја закова за 2-0...
До крајот ништо од нас, една брза контра на домаќините и конечен резултат од 3-0...
Нема што повеќе да се чека. Време е за промени. ЛОСТина мора да си оди. Дека неговата промена ќе донесе победи воопшто не е сигурно. Но ако не се смени ништо втората лига која и така е многу извесна, со сигурност не ни бега. Мора да добиеме некој човек на клупата кој посмело ќе игра во наредните натпревари, и пред се ќе ги игра играчите на ПРАВИТЕ позиции...
 
Лотина си ја спаси главата барем за кратко...
Осасуна-ДЕПОРТИВО 1-1 во првото коло од копа дел реј...
Од утакмицава немаше ниту еден стрим, па затоа ќе известам според тоа што читав на нашиот форум. Лендоиро изјави дека Лотина ќе биде отпуштен само ако денес Депортиво загуби но и ако изигра многу лошо... Тоа беше знак дека Лотина ќе го преживее и овој меч, па сигурно ќе се најде на клупата за следниот меч со Еспањол кој е можеби еден од најважните. Како и пред 2-3 години кога на Лотина му згусна, ја смени формацијата во 5-2-2-1... Формацијава навистина му лежи. Незнам како му успева, но кога прави тактика за оваа формација, секогаш Депортиво игра солидно, и незнам зошто не ја применуваше досега. За разлика од порано кога како крило го имавме Вилхемсон кој практично ги растури сите противници во таа полусезона, овој пат моравме да се задоволиме во состав во кој отсуствуваат многу поединци.
Депортиво истрча со можеби најсилниот состав во моментов.
На голот Ману, во одбрана Мануел Пабло, Лопо, Колото, Ајтами и Риндерој, како пивотмени Рубен Перез и Родригез, во средината Саул и Пабло Алварез а во нападот Рики. Откако Осасуна ја имала првата шанса, следувале 4 добри шанси за Депор. Одамна не била надиграна некоја екипа толку во едно полувреме. Сепак на стартот на второто Осасуна повела со одличен погодок, но Саул брзо го израмнил резултатот. За жал до крајот Адријан на два пати и Алварез не му донеле водство на Депор за во реваншот...
Како што пишуваат оние кои слушале на радио, играчот кој направил промена во играта бил токму Адријан кој во вториот дел влегол на местото на Рики.
Со овој резултат Лотина успеа да опстои на лидерската позиција. Дали е време оваа тактика да ја примени и во првенството???
Мислам дека е, и ако и со ова не успее да дојде до првата победа, тогаш и дефинитвно трба да замине.
Незнам зошто али многу сум сигурен дека во недела Еспањол паѓа на Риазор.
Најверојатно се враќа Гвардадо, а тука ќе биде и другото крило Урета, па се надеваме на првите три бода, пошто ни се пишува најлошото...

Ќе се осврнам малку и на Депор Б...
Повеќе ќе зборам за несреќата која ги следи во последните мечеви. Пред три меча во дуелот со Универзитад, иако Фабрил беше надмоќен и водеше со 1-0, во 90-тата минута се случи нешто кое досега не сум го сретнал. Диего Сеоане лежеше повреден во шеснаесетникот на Фабрил. Гостите не ја исфрлија топката, и во текот на нивната акција, откако Сеоане веќе со минути лежеше доле, еден нивни играч шутна, топката го погоди нашиот легнат играч, смени правец и заврши во мрежата на Фабрил...
Следуваше дербито со Селта Б.
Фабрил изигра лошо прво полувреме, но во второто беше надмоќен над лутиот ривал. Откако 2 гола ни беа неправедно поништени, селта Б погоди во 90-тата минута со гол од чист офсајд...
И како малку да беа судиските неправди, за претходниов меч кога напаѓачот Диего Ањон патувал за мечов, доживеал сообраќајка и стигнал 10 минути пред крајот... Мечот со Екстрамадура заврши нерешено истотака...
Кога се нема среќа, стварно се нема...
 
Уффф заборавив веќе какво е чувството да се израдувам на победа на Депортиво...
Со олеснување, ДЕПОРТИВО-еспањол 3-0 :vozbud::vozbud::vozbud:
Кога разбрав дека ќе ја менуваме тактиката ЗНАЕВ дека ќе го добиеме овој меч.
Браво за момците. Денеска како да истрча сосема различна екипа на теренот за разлика од претходните мечеви. Без 8 побредени играчи Депортиво го масакрираше тимот кој лани однесе две победи од двата меча.
Лотина ја врати спасоносната тактика од 2007 година. Одбрана со 5 дефанзивци, 2 пивоти и брзи контри по крилните позиции. Денес депортиво можеше да победи и со поголема разлика, но и победата од 3-0 е огромна. Првото полувреме почна здодевно. И двете екипи не успеваа да направат некоја поголема шанса, бидејќи одбраните беа на ниво. И тогаш после еден корнер Лопо ја спушти топката до Адријан, и овој конечно го постигна својот прв гол годинава. Вториот дел го почнавме уште подобро. Напаѓаше Депор, Еспањол без никаква идеја во нападот. Се редеа шансите пред противничкиот гол, за конечно дефанзивецот Колото да нафрли а другиот дефанзивец Лопо да зголеми на 2-0. Колото асистенцијата ја збогати со гол во 87 минута поставувајќи го конечниот резултат. Полека почнува да се присеќам на времињата, кога откако Лотина ја акна оваа 5-2-2-1 тактика, Пабло Амо нашиот дотогаш анонимен дефанзивец постигна 5 гола во 3-4 меча и го врати клубот од мртвите. Тогаш Депортиво беше најдобар тим во втората полусезона. Овдека е сеуште рано, и имаме можност со неколку победи по ред да избегаме од зоната. Останавме на 19-тото место но сега сме само на бод од зоната за спас. Следното гостување е едно од најбитните и мора да го добиеме. Гпстуваме кај Леванте, а најверојатно ќе бидеме засилени и со Гвардадо. Мора да се победи!!!
Инаку денес најдобар играч според мене беше Колото, но и сите други заслужуваат честитки, пред се Адријан и Перез.
Еве го стартниот состав...
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Риндерој Ајтами
Родригез Перез
Саул Адријан
Рики​

Да не го дрвам многу, еве конечно и едно победничко видео од нас :icon_mrgr
 
И пак цела багра повредени...
Гвардадо, Урета, Риндерој, Зе Кастро, Антонио Томас, Лауре, Мичел и Жука ќе го пропуштат следниов, многу важен меч.
Двете стартни крила во аут, две ДМ во аут, двајца странични бека во аут, еден одбранбен и единствениот од централна средина...
Што е со докториве бе браааааааааат???

Се очекува истата тактика и на следниот меч. Не сме победиле на гости сигурно едно година дена, и Леванте е вистинскиот противник за нешто такво.
Да видиме дали Лотина ќе ја повтори 2007/08 кога направи револуција со неговата 5-2-2-1 тактика...
На стратот се очекуваат следниве играчи:
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Ајтами Соане (или Морел)
Родригез Перез
Саул Адријан
Рики​
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom