Лотина напушти го тимот, те молам.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тоа е реалноста момци, ниту Лотина ќе го напушти клубот, ниту пак газдата на Зара, Амансио Ортега, е спонзор на клубот, а ниту па ќе добиеме нови играчи до следниот трансфер период. Лендоиро потврди дека Депортиво немое да оствари ниту еден трансфер, и овој состав ќе ги игра утакмиците до зима. Ситуацијата е таква каква што е, полека треба да се привикнуваме на втората лига, нешто што од кое стварно незнам како ќе излеземе. Извесно е дека ако ако Депортиво испадне, ќе го снајде истата судбина како и онаа на некогаш силните Овиедо, Алавес, Лас Палмас, Рајо Ваљекано, Компостела и друи кои мака мачат во третите и четвртите лиги...
Во најмала рака нема да ни избега судбината на уште пославните Бетис и Селта кои заглавија долги години во втората лига. Тоа што ќе боли е она што Селта е на праг да се врати во прва лига, додека ние се возиме на возот за втора лига.
Спасот барем во моментов не го гледам. Само една добра изиграна утакмица годинава (оваа со Осасуна) и немањето на стрелец (се крстиме сите во враќањето на Рики) не се голема причина за оптимизам. Секој меч со противник на наше рамниште во лседните мечеви, мора да го добиваме за да се извадиме од бездната. И сите овие повредени играчи у пм...
Што е со докториве во Ла Коруња... Ги замислувам како Доктор Глобил
![]()
Или нешто не чини во тренизните...
Не е можно да имаат толку многу повреди играчиве, едноставно не е можно...
мене ми е криво шо еден клуб како депортиво е на вакво рамниште дојде време да испагазошто баш депортиво... има и други скарт тимој ... шо повеке напредуваат од депортиво ... мислам за повредите треба да се смени од корен лекарскиот тим а навивачите да направат еден бум протести (како што беше случајот со јуве изминатата година и сам знаеш како беше ) но сепак мислам дека во шпанија тоа нема да се деси .. сепак останува да видиме како ке се одвиваат настаните ... иако сум за барса од шпанско првенство криво ми е за депортиво знам кога почнав да гледам шпански фудбал тие беа школата на сите шпански екипи земаја свои таленти сеа не сум баш баш запознаен со млади таленти ако сакаш мојш да ми посочиш некој
Ма какви млади таленти
Продуктите од нашата школа, го имаат епитетот млад талент до 25 години и после стануваат старо железо
Излегоа бајаги во последно време, за сите се најавуваше дека ќе бидат големи играчи , но сега играат во третите лиги.
Од овие моментално шѕто играат најголеми ѕвезди што излегле од младата школа а играат во Депор се Адријан и Хуан Домингез, али вториов повеќе е повреден него ли што игра...
Од уште помладиве имаме надежи во вториот тим, особено многу се очекува од Давид Рочела, али како што гледам наскоро ќе ни го лапне некоја поголема екипа.
А ултрас групата на Депор, Риазор Блуз реши да им даде голема подршка на фудбалерите па уште на тренингот неколку дена пред мечот имаше 200 души на трибина, за атмосферата на мечот да достигне највисоко ниво во последните години. Браво за нив, али изгледа и тоа не помогна. Фудбалерите изјавуваат дека атмосферата во тимот е одлична, а и со тренерите стојат одлично, но ете резултатите не се баш најсјајни. Заклучокот е... толку му е квалитетот на тимот...
2003 година - 173 000 000 евра
2008 година- 159 000 000 евра
2010 година- 103 000 000 евра
Пишував за ова и некоја страна претходноУспееваме да го намалиме, ама слабо ни иде некако. Реално немаме некои играчи, кои аско би ги продале би заработиле многу, како што тоа го направија Валенсија. Фелипе беше еден од тие кој замина и лапнавме некое милинче плус, остана уште Гвардадо, за другово ништо не правиме. А и тимот не е способен да купи ниту просечен играч, па се задоволуваме со позајмици (Мичел од Валенсија, Риндерој од Молде, Уретавицкаја од Бенфика, Рубен Перез од Атлетико Мадрид), колку да живурка тимот. Лани играчите не ги ни добија целосно своите плати. Се појавија и непредвидени долгови кон екс играчи кои дополнително не ошурија...
Тешко е да се спасиме![]()