Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Крааааааааааааааааааааааааааааај:vozbud:
И конечно после една година и ние успеавме да се израдуваме на гостински терен.
леванте-ДЕПОРТИВО 1-2 !!! :yeah:
И дали ќе се повтори таа втората полусезона од 2008 година, кога царувавме со оваа формација. Добро бе Лотина, зар требаше да ти гори под нозе, за да конечно заличиш на тренер, а тимот да заигра како вистинска фудбалска екипа???:icon_mrgr
Депортиво излезе во составот кој го пишав погоре. Уште одма заредивме две шанси на противничкиот гол, но ударите на Саул и Адријан не завршија во мрежата. Тактиката е урнебес, му се остава топката на противникот да ја држи 80% од времето, но играчите постојано се бркаат по цел терен и противникот неможе да направи шанса. Петте дефанзивци и двајцата пивоти одлично покриваат, а се остава голем простор за контри, по кој брзите крила прават одлични шанси. И така, по една контра, и одличен удар на Рики поведовме со 0-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме. Леванте изведе корнер на почетокот од второто, Колото избаци а во новата контра, и последниот дефанзивец постигна гол годинава. Мојот омилен Ајтами ја затресе противничката мрежа за 0-2. И тука Депор се опуштија. Нагло падна темпото на игра, се правеа старите грешки во одбраната, а Леванте се повеќе и повеќе притискаше. Па така, Хави Вента нафрли од страна а Хуанлу намали на 1-2. И од таа 75-а минута, па до крај едноставно немав сили да го гледам мечот. Леванте напаѓаа, имаа заканувачки удари, за во последните секунди да постигнат гол, кој за среќа беше поништен поради офсајд.
Славјето можеше да почне :vozbud:
Две победи во серија, кој е следниот???:icon_mrgr
 
Ајде газимеееееееееее :icon_mrgr
Го поминавме и првото коло од купот. Депортиво-Осасуна 2-1 (вкупен резултат 3-2).
Не сме изиграле којзнае како (не го гледав мечот, немаше ниту стримови), ама доволно за победа. Прво полувреме во полза на противникот но сме имале мала среќа и сме останале на почетните 0-0. Тактиката 5-2-2-1 одново ни донесе победа. Рики стрелаше во 52 минута на асистенција на Зе Кастро, Лекич нашето несудено засилување израмни на 1-1, а голот кој не однесе понатаму беше дело на Ласад. Конечно нашпите напаѓачи се разработија, а оваа убава серија се надевам ќе продолжи и понатаму.
Денес Депор истра со скоро втор состав, за разлика од противникот кој играше со првиот. Но сепак ги рипнавме, и на следна фаза се надеваме на уште полесен противник.
Еве ги и головите со Леванте....
Бтв во трета лига, Депор Б-Гетафе Б 4-1, два гола на Диони, и со вкупно 6 иако има малку утакмици е прв на листата на стрелци.
И бтв Рубен Кастро гази во дресот на Бетис. Има постигнато 7 гола во вбтора лига после првиве десетина кола, а денеска ја отпиша и Сарагоса во купот. Браво за кастро, многу ми е криво што никогаш не доби шанса во Депор :(
 
Полека тимот излегува од кризата,само да не му се падне сеа некое дерби па ако изгуби да падне пак во формата...
 
Полека тимот излегува од кризата,само да не му се падне сеа некое дерби па ако изгуби да падне пак во формата...
Ако во недела се вратиме непоразени од Мајорка тогаш и конечно ќе кажам дека кризата е минато и допрва престојат нашите дни во Примера :icon_cool
Формацијата 5-2-2-1 ни функционира одлично, а играме и без неколку подобри играчи. Рики полека влегува во форма, Ласад и Адријан ги прекинаа своите постови, Рубен Перез е во животна форма, Диего Сеоане постигнува одличен напредок... Што може да е подобро од ова :icon_mrgr
Што ќе биде па кога ќе се вратат Гвардадо и Урета :)
Во лупот настапи и Хуан Домингез. Изигра маестрално. Заедно со Валерон и Рубен Перез беа најкреативното нешто во Депортиво во последниве сезони. Мило ми е што Депортиво почна да вади и свои играчи. Младиот Диего Сеоане, за прв пат изигра на својата позиција (десен бек). Мајсторско издание, кое само докажува дека Мануел Пабло добива вистинска замена на таа позиција. Замислете 21 годишен десен бек од млада школа, успева да ги потисне стартните леви бекови (Морел и Риндерој) од нивната позиција. Лотина го изнаигра како лев бек, а пустиве двајца очајуваат на клупата гледајќи како младинецот игра на нивната позиција, а воопшто и не е лев бек :)
Сега треба да се изигра паметно и да се направат напори да му се продолжи договорот на Адријан, бидејќи му истекува во лето, а Валенсија е упорна да го лапне. А за Рубен Перез немам зборови. Се молам некако да го добиеме по завршувањето на позајмицата од А.Мадрид, ама знам дека ќе биде многу тешко.
Како тргнала работата, ако освоиме барем 4 бода од следните два дуели со Мајорка на гости и Малага дома, можам да кажам дека секој фаворит ќе има голема мака да не совлада, а очекувам и враќање на шестардата од дуелот со Реал :icon_mrgr
 
Се надевам дека ке излезе тимот од криза и ке опстане во Ла Лига.
 
Се си оди по планот :icon_mrgr
Мајорка-Депортиво 0-0!
Солиден меч вечерва од момците. Меч кој можевме да го добиеме но и многу лесно да го загубиме. Се почна со стандардните први 11 од претходните неколку меча.
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Ајтами Сеоане
Родригез Перез
Саул Адријан
Рики​
Почеток на мечот како што само се посакуваше. Одлично работеа сите линии во тимот, а како и во претходните 4-5 меча им ја остававме топката на противниците, свесно неутрализирајќи ги нивните јалови напади, а преку контри се создадоа неколку сто процентни шанси. Се што испука Депор беше во првите 30 минути, и може само да зажалиме што не дојдовме до водство. Рики немаше свој ден денеска. Првата полушанса за него, втората сто процентна пак за него но Дуду Авет поуспешен. На одбиуената топка натрча Саул но екс голманот на Депор одново не дозволи да дојдеме до заслужено водство. Дојдоа на ред и двете најдобри шанси на мечот, но Лопо и Рики како и неколку пати годинава се посрамотија од само неколку метри. Реков може да се зажали што не беше откриен резултатот во овој дел од мечот, али со тоа што следуваше можам да кажам дека правдата беше задоволена. Мајорка до крајот на првото полувреме имаше статива и пречка :icon_mrgr Само среќата ни го спаси гзот во овие 15 минути.
Второто полувреме тапа... Лоша игра и на двете екипи, само еден удар кон головите и тоа за Мајорка. Иако Мајорка ја имаше топката и целосната инцијатива особено во последните 15 минути, сепак немаа ниедна шанса. Лоша беше замената кога Саул излезе, а влезе Десмаретс. Со излегувањето на Саул се загубивме на тернот, па и оние пати кога имавме можност да нападнеме топката се враќаше наназад. На крај влезе и легендата Валерон, ја покажа својата креативност неколку пати и го приведе мечот кон конечно 0-0.
Со оглед на тоа што секогаш не ни оди на ова гостување, а и поради тоа што ретко кој победува во Мајорка, можам да кажам дека овој резултат е одличен за нас. Се што треба сега да направиме е да ја совладама Малага на свој терен, следната недела.
Полека пливаме кон безбедната зона, и со 11 бодови сме на 15-то место, но ако тепа Хихон или му одземе бод на Реал ќе паднеме на 16-то заради послаба гол разлика. Само 2 бода сме над Алмерија која е последната загрозена но и само 6 од последното место кое води во Европа :)
 
Да да,мислам имаат тепано 2 по ред во Ла Лига и оваа последната им е 0-0 против Мајорка на гостински терен.Се соземаа..

А Гуардадо дали уопште игра ??! Гледам Пабло уште е во првиот тим,па колку години има тој човек :D.
 
Да да,мислам имаат тепано 2 по ред во Ла Лига и оваа последната им е 0-0 против Мајорка на гостински терен.Се соземаа..

А Гуардадо дали уопште игра ??! Гледам Пабло уште е во првиот тим,па колку години има тој човек :D.

Во последните 5 меча од кои два во купот немаме пораз :)
Во купот отидовме понатаму совладувајќи ги Осасуна (2-1 и 1-1), а во првенството тепавме два пати по ред со Еспањол дома 3-0, со Леванте на гости 1-2 и на тешкото гостување во Мајорка извадивме 0-0. Сега сме 15-ти и сите се на многу блиску растојание. Ако ја тепаме Малага дома во следното коло, тогаш ќе може малку да здивнеме :)
Сето тоа се должи на промената на тактиката, ако ве интересира повеќе прочитајте ги претхоидните неколку поста :)
Иначе Гвардадо е повреден, и нормално од лесна повреда излезе дека ќе се врати некаде пред Нова Година...
Пабло има накај 35-6 години и полека е на крај на кариерата, али имаме феноменална замена, а тоа е младиот играч Диего Сеоане кој моментално го играат како лев бек.

Бтв Фабрил дојде до нова победа со 1-0, и одново стрелец Диони. Тимот конечно здивна и со 16 бода од 13 меча е на безбедното 12-то место од 20 тима, но само на 3 бода од последните загрозени :) Диони со 7 гола од 9 меча е најдобар стрелец во лигата...
 
Уф се надевам дека ова ќе ми прејде во навика.
Три четири и....
ГООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ
Адријан 1-0 од пенал. Одличен почеток на овој меч, иако играме со десеткуван состав. Малага воопшто не е наивна и имаа две стопроцентни шанси но на два пати Аранзубиа ги откажа. Мора да ја добиеме оваа!!!

--- надополнето ---

Да, да, да три четири иииииии
ГОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ
Колотоооооооо :vozbud:
Се враќа 2008 година на голема врата :vozbud:
Само да не примиме гол во прво па да добијам инфаркт во второ :pos:
 
Аман бре ќе се запрете ли вие :)

Реков пред 4-5 кола дека годинава ќе ве полнат сите и од тогаш пораз немате :):)
 
Аман бре ќе се запрете ли вие :)

Реков пред 4-5 кола дека годинава ќе ве полнат сите и од тогаш пораз немате :):)

Чекај ништо не е готово, немој да не заречеш сега :icon_mrgr

--- надополнето ---

И пази и пази и пази Депор гази :bip:
Депортиво-Малага 3-0!!!
Нови три бода на нашето конто и тоа со тотално десеткуван состав. Стигнавме до феноменални 10 бода од последните 4 меча и тоа со гол разлика 8-1 и тоа без повеќето играчи од средината. Немаме централен средњак бидејќи повредени се Мичел и надежта Хуан Домингез, лидерот Гвардадо го нема, го нема ниту Урета, го нема Жука, а за овој меч останавме и без нашиот најдобар напаѓач Рики, како и без стартерите ласад и Саул кои имаат мали повреди. За жал ситуацијата со Рики е нешто покомпливцирана. Немам зборови со кои би опишал што се случува со повредите во Депортиво. Ова едноставно не е можно.
И така денеска Ла Коруњските сино бели истрчаа на Риазор после одличната серија резултати. Без скоро цел напад и средина, почнавме со младинецот Диони во шпицот и Десмаретс и Адријан позади. На голот Аранзубиа, во одбрана стандардните Пабло-Колото-Ајтами-Лопо-Сеоане и како ДМ Перез и Родригез.
Реално резултатот не го отсликува она што се случууваше на теренот. Малага не беше толку слаба колку што Аранзубиа имаше свој ден на голот. Едноставно беше несовладлив а тоа го искористија момците и благодарениеа на одличната тактика 5-2-2-1 на Лотина го демолиравме противникот. Првата шанса беше за нас но Адријан од само неколку метри биеше непрецизно. Следната шанса за Малага, но и они се реваншираа. Родригез и Перез почнаа да изнудуваат неколку корнери во серија. По еден таков нафрли Родригез, а гостите го фаулираа Лопо за пенал. Адријан го постигна својот втор гол сезонава за водство од 1-0. Повторно добра шанса за Малага но одново царуваше Аранзубиа. И одново корнер за Депор... Родригез нафрла, колото ја закова топката за 2-0 :vozbud:
Се враќа таа фамозна 2008, кога дефанзивците стрелаа наместо напаѓачите. Колото и лопо изиграа одличен меч. Вистински лидери во одбраната и многу опасни после корнерите. Сеоане ѕвер, гостите не мрднаа по неговата страна, Перез одличен во одбрана, Родригез одличен во нападот. Адријан влегува во форма, а единствено разочара Десмаретс, а и Диони не покажа многу. Вториот дел се затворивме, а Малага имаше само јалови напади. Имаа одново некои полушанси али Аранзубиа бранеше за чиста десетка. И по една контра нововлезениот Алварез ги постави конечните 3-0.
Само нека се продолжи вака па да осигураме опстанок. Мислам дека и другите резултати ни се погодија во ова коло, барем од што видов на полувреме :)
 
Следуваат уште само два полесни меча (Сантандер на гости и Херкулес дома) пред пеколната завршница на првиот круг од Примера. Пред дуелите со Атлетико, Хихон, Билбао, Валесија и Барселона, имаме два дуели од кои се што барам се минимум 4 бода. Во недела гостуваме на омиленото место за нас. Импресивно делуваме на стадионот на Сантандер. Како ретко каде, немаме пораз цели 15 сезони. Во последните 16 години имаме скор 9 6 1 на стадионот на Сантандер. Ништо ново не очекувам ни овој пат. Минимум еден бод барам од момците од овој дуел.
Составот во недела не би требало да претрпе промени.
Жално е тоа што ни се случува со повредите и ако испаднеме од лигата тоа дефинитвно ќе биде главната причина. Рики изјави дека и покрај очекувањата, сепак се надева дека ќе се јави пред Нова година. Слично нешто важи и за Гвардадо, а за другите не ни правам муабет...
Имаме златно момче во екипата. Рубен Перез сигурно ќе биде една од поголемите ѕвезди во Ла Лига во годините што престојат, но реалноста е дека тој не е наш играч. Фановите на Атлетико беа гневни кога нивното раководство го прати кај нас на две годишна позајмица. И со право реагирале така. За Сеоане да не трошам зборови, па и за цела одбрана. Да имавме малку побрзо десно бекче од Мануел Пабло сигурно ќе ја имавме една од најгранитните одбрани во лигата.
Од 12 меча, во 6 немаме примено гол, а тоа е импресивен скор за екипа од рангот на Депортиво.
Денеска беше одигран и пријателски меч со Фабрил, а тепаа првотимците со 3-1.
Интересна статија се појави денеска на нашата интернационална страница.
Беа изнесени 10 причини поради кој формата тргнала во нагорна линија.
1.Бодрењето од страна на Риазор Блуз на тренингот пред мечот со Осасуна (и после ултрасите немале големо значење во фудбалот:icon_mrgr)
2.После поразот кај Сосиедад, еден ден бил поминат во мирното гратче Харо за да се зголеми хармојнијата во клубот
3.Поддршката која му беше дадена на Лотина од Лендоиро, навивачите и самите играчи
4.Менувањето на тактиката во победничката 5-2-2-1
5.Зацврстувањето на тимот со неколку поснажни играчи
6.Дефанзивниот менталитет
7.Фикнса прва постава
8.Нови тактички наредби (се мисли на дефанзивниот стил и играта по контри)
9.Прекините (мама ебаваме по прекини:icon_mrgr)
10. Најважното - среќата :back:

Горе доле се сложувам со ова. Очекувам како ќе се одвиваат работите по враќањето на неколку клучни играчи. Можеби нивното внесување во тимот да биде и контрапродуктивно, бидејќи би се нарушила сегашната слога во тимот. Али подобро да имаме слатки маки, него ли кусок на играчи на сите офанзивни позиции...
 
ајде ајде гледам почнувате да заличувате на онај депортиво шо го знам од порано кој им парираше на големиве екипи но сепак има уште мн мн работа братче мое :) ајде ви посакувам да се средите па да гледаме поитересно шпанско првенство :)
 
Толку од нашето владеење во Сантандер...
Расинг-Депортиво 1-0 (0-0)!
Лошо изигран меч денеска. Несватлив потег на Лотина уште од почетокот. Мануел Пабло почна на левата бековска позиција... доволно е да се каже, што беше причината за денешниот пораз. За жал на овој меч одбраната не беше на толку високо ниво, т.е. баш таа страна ни беше многу слаба. Незнам зошто се реши Лотина да ги ротира Сеоане и Пабло кога неколку кола по ред одбраната функционираше беспрекорно.
Во отсуство на пола првотимци, истрчавме во уште поослабен состав од минатата утакмица. Во средината стратуваа Десмаретс и Пабло Алварез и изиграа многу слаб меч. Царуваше само Рубен Перез, и нормално играч на натпреварот убедливо, Дани Аранзубиа. Секкоја чест за нашиоот голман. Одбрани пенал (кој патем немаше ни П од пенал), одбрани ,милион шанси на противникот и е најзаслужен за минималниот пораз. На овој меч се покажаа слабостите од првфите мечеви. Немање креативност, не користење на малкуте сто процентни шанси, и оставање голем простор по бековски позиции, по што напаѓачот Роземберг иако промаши многу шанси сепак го постигна и победоносниот гол.
Во првото полувреме ја имавме шансата која можеби ќе го сменеше текот на мечот. Контра на Депор, Адријан во сто процентна шанса но за жал стрелаше само во стативата. Заслужен пораз денес, со оглед на тоа што одвај имавме неколку шута кон гол, од кои вреди само шанста на Адријан и уште една сто процетна на Родригез во вториот дел.
Еден пораз и се приближивме повторно до зоната за испаѓање. Следниот меч мора да се добие дома со Херкулес, пошто после следи пеколот.
Уфффф ова ќе биде дооооооолга сезона, особено отежнато е се, поради повредите на неколку клучни играчи од типот на Гвардадо, Рики, Урета, Мичел, Саул, Ласад...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom