Во мечот на Давид и Голијат, уште од сега можам да ги предвидам грешките на Лотина. Искрено на овој меч највеќе стравувам од крилните позиции на противникот. Немора да се трошат зборови за нивните крила, и ретко кои странични бекови во лигава може да им се спротистават, но најверојатниот избор на Мануел Пабло за стартер во неделниот меч, е потпишување на самоубиство уште од сега...
Лотина е убеден дека токму ветеранот ќе успее да ги спречи противничките крила, но зар не виде како противниците во првите неколку кола го моткаа како сакаат. Секоја почит за нашиот ветеран, но мислам дека неговите години одамна поминаа, и време е да им отстапи место на помладите (Лауре, Сеоане...). И на левата бековска позиција ситуацијата не е најсјајна. И Морел, како и Мануел Пабло се солидни во дуелите еден на еден при позициона игра, но при контри, при топки во фор, едноставно се инфериорни покрај многу побрзите противници, па затоа јас на овој меч би пробал со Риндерој на левата бековска позиција. И како за беља, на овој меч нема да игра и играчот кој блеска во нашата одбрана во последниве мечеви. Мечот поради црвен картон од претходниот меч ќе го пропушти Колото, па се надевам дека друштво во одбраната ќе му прави Ајтами, и дека Лотина нема да се заебе и да го стави Зе Кастро како замена за Колото, пошто ќе го фрлам телевизорот од прозор уште во прва минута!!!
Како што кажав претходно тоа и се случ. Мануел Пабло и Морел ВС Роналдо, Озил и Ди Мариа е еднакво на задоволителни 3-0. Дај боже да примиме уште 30 гола, па да им дојде памет малку, па и мене за тренер да ме стават од следен меч

Шала на страна, за оние кои не го следат Депор, ова е можеби изненадување, али јас неможам да го кажам истото. Денеска Реал како и Сарагоса, Гетафе и Алмерија немаа противник во првиот дел. Сликата е иста како и на другите наши мечеви после повредата на Фелипе. И немам што воопшто да кажам. Не дека се очекуваа бодови, ама па барем да шутневме на гол у пм...
Втора лига е премија за нас

--- надополнето ---
Гооооооооооооооооол, Зе Кастро си дојде до својот просек. Подебилен играч немам во животов видено :icon_mrgr
--- надополнето ---
И конечно гол од игра. Честа ја има Хуан Родригез, алелуја

5-1...
--- надополнето ---
Реал-Депортиво 6-1!
Очекувано или не, тоа е тоа. Ако ништо друго постигнавме почесен погодок, кој ни е прв од игра оваа сезона, дури во шестиот меч. Реал постигна 6 гола во првите пет меча, и ете сега во еден меч постигнаа исто толку. Да не се повторувам пак, денеска се освен победа на Реал ќе беше чудо, но време е малку Лендорио да размисли која е причината за нашите порази. Па мајко му стара, се почнува ли меч со два спори бека против крила како оние на реал??? Се почнува ли меч против Реал со Зе кастро во одбраната, кој си го одржа просекот па си постигна ефектен автогол??? Се игра ли со три пивотмени, од кои едниот оди на позицијата крило??? Се игра ли со еден плејмејкер и тоа играч кој игра како десно крило и нема никаква допирна точка со денешната позиција???
Ми се смачи веќе од овој Лотина. Разбирам дека Депортиво има мизерен состав, дека играчите се од просечен второлигашки профил, дека засилувањата ни беа ужасни, дека најсјајното засилување Десмаретс до 27 години бил полу професионалец и возач на автобуси, ама ова е стварно претерано. Па и јас да бев тренер ќе ги увидев грешките, и конечно Депортиво ќе почнеше да игра нешто па макар губеле и со 70-0. Најдобро е од сега Родригез да си го играме напад, пошто само он дава голови овие сезони, иако денес промаши една сто процентна шанса. Што да се каже друго за денешниов меч. Сите играчи од мене имаат една огормна нула и ништо повеќе. Не беа способни да покријат од страна, сите беа некако сконцентрирани кон средиштето од теренот и поразот си дојде сосема очекувано. Жалам што Ласад не ја искористи шансата на 3-0, бар за подостоен пораз, ама докажа дека во депортиво во моментов нема класичен голгетер

Segunda division, here we come...