Уште само неколку денови до мечот (некогаш дерби) со најтрофејниот клуб во Шпанската лига и ЛШ...
Гостувањето кај Реал е уште едно од низата гостувања кај фаворитите (севиља, виљареал, реал) од кое не може многу да се очекува. Да се биде песимист околу овој меч не е нешто страшно, а и пораз не е крај на светот, пошто и онака Сантијаго Бернабеу важело за место каде што ретко Депор стигал до бодови. Од 1991 година, на 18 гостински мечеви имаме освоено само 7 бода од можни 54, или во превод имаме 1 победа, 2 нерешени и дури 15 порази :icon_mrgr
И да ја тргнеме традицијата на страна, пак сме во подредена ситуација. Се наоѓаме на 19-тото претпоследно место, со ниту еден постигнат гол од активна игра (2 од пенали), со ниту една победа, а и во цела 2010 година сеуште чекаме на првата гостинска победа, и од вкупно 21 првенствен меч во оваа година, имаме само 4 победи и сме убедливо најлош клуб во Примера (само 19 бода од цела 2010 година), и истотака имаме и најмалку постигнати погодоци (само 16). Да не заборавиме дека на клупата го имаме и тренерот со најЛУЗЕРСКИ менталитет, додека на спротивната страна е Мурињо, кој никогаш во својата кариера не загубил меч на домашен терен. Би сакал да го видам на колена тренерот кој со својот екс клуб Порто го елиминираше Депор од полуфиналето на ЛШ 2004 година, и токму мојот омилен странски клуб да ја испише историјата како прв клуб кој го совладал тимот на Мурињо на негов терен, али реалноста за жал е многу поинаква.
Во мечот на Давид и Голијат, уште од сега можам да ги предвидам грешките на Лотина. Искрено на овој меч највеќе стравувам од крилните позиции на противникот. Немора да се трошат зборови за нивните крила, и ретко кои странични бекови во лигава може да им се спротистават, но најверојатниот избор на Мануел Пабло за стартер во неделниот меч, е потпишување на самоубиство уште од сега...
Лотина е убеден дека токму ветеранот ќе успее да ги спречи противничките крила, но зар не виде како противниците во првите неколку кола го моткаа како сакаат. Секоја почит за нашиот ветеран, но мислам дека неговите години одамна поминаа, и време е да им отстапи место на помладите (Лауре, Сеоане...). И на левата бековска позиција ситуацијата не е најсјајна. И Морел, како и Мануел Пабло се солидни во дуелите еден на еден при позициона игра, но при контри, при топки во фор, едноставно се инфериорни покрај многу побрзите противници, па затоа јас на овој меч би пробал со Риндерој на левата бековска позиција. И како за беља, на овој меч нема да игра и играчот кој блеска во нашата одбрана во последниве мечеви. Мечот поради црвен картон од претходниот меч ќе го пропушти Колото, па се надевам дека друштво во одбраната ќе му прави Ајтами, и дека Лотина нема да се заебе и да го стави Зе Кастро како замена за Колото, пошто ќе го фрлам телевизорот од прозор уште во прва минута!!!
Кога Депортиво на полусезината 2007/08 беше на работ на бездната со минимални шанси за опстанок (заостанувавме 7 бода зад сигурната зона), Лотина направи измена во тимот, по што се случи чудо, па во вториот дел од сезоната бевме најдобар тим во таа полусезона, и се изборивме за место во Интертото купот...
Тогаш ја смени формацијата, во формација со 3-ца централни дефанзивци двајца странични и двајца пивоти. противниците тешко доаѓаа до нашиот гол, а расположениот Вилхемсон едноставно правеше парампарче од противнците. Е сега го немаме Вилхемсон, а и немаме трет квалитетен централен барем за овој меч, ама за следните би можело да се експериментира...
За во недела, ќе се молиме дека напаѓачите на Реал нема да имаат свој ден како и досега, и дека ќе имаме голема среќа, а и одличен ден на голот на Ману, па да стигнеме до бод голем како планина. Околу голманската позиција сигурно е декља ќе настапи Ману, бидејќи Аранзубиа сеуште не е целосно опоравен, а и младиот наш голман добро се покажува до сега. Околу местата вои средината ништо не е сигурно барем засега, иако би сакал да ја видам тројката, Десмаретс, Гвардадо и Ласад, или пак да влезе Саул како десно крило, во комбинација со Гвададо лево и Валерон или Ласад како плејмејкер. Како пивоти сакам да ги видам Рубен Перез и било кој од Жука, Томас или Родригез, мада и така нема да имаат големо значење па подобро Лотина да игра со уште еден човек во средината него ли со 2-ца пивоти, али знам дека тоа нема да се случи и ќе истрчаме во стандардна 4-2-3-1 формација.
лотина вети промени во составот, али такво нешто нема да се случи во нападот. Откако останавме три недели без Рики, единствен наш напаѓач во моментов е Адријан. Момакот разочарува. Невидлив е на сите мечеви и за полни две сезони постигна само два гола

Но сепак Лотина изјави дека верува во него и тој во недела ќе биде стартер, а шанса од клупата ќе има играчот од Депортиво Б, Диони.
Депортиво мора да размислува за засилување на напаѓачката позиција, пошто без голови до победи не се стигнува. Па така најавено е ангажирање на Марио Бермехо, напаѓачот на ксерез, кој би можел за 2 000 000 евра да прејде кај нас, и уште сега да почне да настапува, иако преодниот рок е поминат...
Искрено 2 000 000 за него е голема сума, но поради очајната ситуација јас би го земал, пошто лани се истакна во втората полусезона во неговиот тим.
Околу интернационалните мечеви, за националните тимови земени се само 4 играчи, Морел (Парагвај), Риндерој (Норвешка), Стопира (Зелено Ртските острови) и Ласад (Тунис).