Со Хидинк на чело исто како нова екипа сме, и се молам на господ да остане а и верувам дека има шанси тоа да се случи но ќе оставиме крајот да го каже своето. Значи човекот е стварнооо, незнам како да го наречам али капа му симнувам. Да ни беше тренер тој од почетокот на сезоната верувам дека ќе бевме први на табелата и најмалку 10 бода ќе бегавме од тој зад нас. Овие нашиве сеа да се плаши некоја екипа да им даде гол, оти ако им дадат први лошо им се пишува на екипите, дури и по три, четири примат тогаш. А таа мотивација што ја имат играчите на Челси моментално, мислам дека ја нема никоја друга екипа, а и недостасуваше таква мотивација со Сколари, оти тогаш штом примавме гол први, утакмицата ни беше загубена. Али тоа е. Сега сме веќе на прагот до една титула. Утре го очекуваме противникот за во финале. Во премиер веќе шансите се поминимални, а за во ЛШ мислам дека имаме големи шанси. Ни малку не треба да не заплашува Барса, и најмногу се нервирам кога некој ќе ми каже сеа Барса ќе ги посере на Челси. Е тогаш право ми доаѓа да :violent1:. Али така беше и кога се паднавме со Ливерпул. Сите ме нервираа ќе го кркате, ова она, и на крај што се случи? Сите дремааат, а јас најсреќен. Е вака сакам пак да се чуствувам оти ми е стварно преку к***ц од вакви. Али знаете како велат: Кој високо лета, ниско паѓа. И така. Одиме на 2 до 3 титули оваа година. И да се надеваме барем 2 ќе бидат наши. А и ме изненадува формата на Малуда кој некако се подобар и подобар станува. И нека продолжи така. А за Дрогба немам зборови, се наоѓа во посакуваната форма и човекот е стуб, само се одбиваат од него.