Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честитки.Заслужено во финале.Повеќе посед на топка,повеќе шутеви...бевте поопасни.Волкот му ја скрши кичмата на Кол,ама Малуда на Ебуе.=)
Имаше некој грешки на судиите...на штета на двете страни.:toe:
Венгер со неговата тактичка замисла погреши и мислам заради тоа беше поразот...и да,спороста на Силвестре или брзината на Дрогба/сеедно.:pipi:
 
АЈ ЧЕСТИТКИ ЗА ПОБЕДАТА.
Не го гледав целиот натпревар,некаде на почетокот на второто полувреме почнав да го гледам откако го најдов случајно на ЕРА.Дрогба даде прекрасен гол по грешката на голманот на Арсенал.Мило ми беше кога видов дека и Анелка играл од почетокот на мечот.Влеговме во добра форма токму кога ни е најпотребно.За Челзи е важно да победува на сите натпревари и да очекува киксови на Манчестер и Ливерпул.ТО Е ТО.АЈ СО СРЕЌА.
 
Се уште не можам да им поверувам на моиве сетила што се случува. Од кога дојде типов (Гус), како да сме ноца екипа. Најслабите алки (Дрогба, Малуда и Калу) ги направи екстра. Додуша само Дрогба е топ, а другиве се онака, ама во споредба со пред да дојде... Она што е најневеројатно, тоа е играта по примен гол. Со Сколари, а примевме гол Матер ни се е..ло, а сега три утакмици по ред правиме пресврти.

Мора да остане овој „магионичаров“ кај нас!!!

Зошто ли не дојде порано Гус? Барем ќе се бркавме и во премиер со Манчестер. Пошто во ЛШ ќе ни биде ептен течко...

Волкот:
http://videos.sapo.pt/SRZptIP5PAVtuZ5ZNlVt

Малуда:
http://videos.sapo.pt/IyCSqQHYUWWmYOpPPGOA

Дрогба:
http://videos.sapo.pt/1I826JuWVfKWw6sGSWsM
 
Голот на Дрогба :icon_lol:


Можеби ви изгледа смешно тоа што ке го кажам сега, ама на некој начин ми е драго што примивме само 1 гол од Арсенал (со оглед на тоа што во претходните натпревари примаме просек по 3 гола)


Ме радува тоа што и Малуда влегува во форма, но не отстапувам од мојот став дека ни треба некој подвижен левучар (крило или напаѓач)
 
Честитки за победата, Челзи го надигра Арсенал и заслужено се најде во финалето. Сепак би спомнал дека голема заслуга за голот на Дрогба има и Фабијански со непотребното истрчување на дваесетина метри од својот гол ама како и да е победа си е победа и му посакувам на Челзи да го освои ФА купот.
 
Со Хидинк на чело исто како нова екипа сме, и се молам на господ да остане а и верувам дека има шанси тоа да се случи но ќе оставиме крајот да го каже своето. Значи човекот е стварнооо, незнам како да го наречам али капа му симнувам. Да ни беше тренер тој од почетокот на сезоната верувам дека ќе бевме први на табелата и најмалку 10 бода ќе бегавме од тој зад нас. Овие нашиве сеа да се плаши некоја екипа да им даде гол, оти ако им дадат први лошо им се пишува на екипите, дури и по три, четири примат тогаш. А таа мотивација што ја имат играчите на Челси моментално, мислам дека ја нема никоја друга екипа, а и недостасуваше таква мотивација со Сколари, оти тогаш штом примавме гол први, утакмицата ни беше загубена. Али тоа е. Сега сме веќе на прагот до една титула. Утре го очекуваме противникот за во финале. Во премиер веќе шансите се поминимални, а за во ЛШ мислам дека имаме големи шанси. Ни малку не треба да не заплашува Барса, и најмногу се нервирам кога некој ќе ми каже сеа Барса ќе ги посере на Челси. Е тогаш право ми доаѓа да :violent1:. Али така беше и кога се паднавме со Ливерпул. Сите ме нервираа ќе го кркате, ова она, и на крај што се случи? Сите дремааат, а јас најсреќен. Е вака сакам пак да се чуствувам оти ми е стварно преку к***ц од вакви. Али знаете како велат: Кој високо лета, ниско паѓа. И така. Одиме на 2 до 3 титули оваа година. И да се надеваме барем 2 ќе бидат наши. А и ме изненадува формата на Малуда кој некако се подобар и подобар станува. И нека продолжи така. А за Дрогба немам зборови, се наоѓа во посакуваната форма и човекот е стуб, само се одбиваат од него.
 
Малку оф топик, ама сепак, Христос Воскресе и за многу години Велигден! :smir:
 
Честито победа фанав кладба на вас :smir:
 
Христос Воскресе на сите во фанклубов кои го славата празников.Нека ни е среќен Велигден!
 
Христос Воскресе, нека ни е честит празникот...





П.С.
Ке го спомнам и јас тоа што го кажа Ване Милков.
Луѓе каков е овој тренер, каква е оваа мотивација еј, порано примавме гол и игравме ко муви без глави, а сеа напротив кога примаме први гол подобро играме. Добро е што имаат силен менталитет, но во завршницата од ЛШ треба да избегнуваме први да примаме гол затоа што не ретко утакмиците се решавале само со 1 гол.

Што се однесува до можните засилувања, некако најсериозно изгледаше работата со Ван дер Варт. По се изгледа Снајдер е повреден и ВдВарт ке игра на негово место, така да сега се помали шансите да ги смени клубските бои...
 
Христос Воскресе. Среќен празник.

Иначе стварно, се погоди трењерот изгледа, пу! пу!, да не урочувам!!!
 
Христос Воскресе!!! Среќен нека ни е празникот, и за многу години..... :)


Следен натпревар во среда со Евертон на Стемфорд Бриџ :vozbud:
тешка утакмица ќе биди!
 
Христос Воскресе!!! Среќен нека ни е празникот, и за многу години..... :)


Следен натпревар во среда со Евертон на Стемфорд Бриџ :vozbud:
тешка утакмица ќе биди!

Per aspera ad astra :helou:
 
Со Евертон ќе играме финале...:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Поинтересно ќе беше со Манчестер хаха ама ај и Евертон не се лоши мој тип уште од сега сум 80 посто дека Фа куп е наш Хидинг има да ги проучи сега од корен дека играме со нив вторник или среда :toe:

Chelsea Fc :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom