Вилкинс останува во Челзи
Асистентот на тренерот во Челзи, Реј Вилкинс ќе продолжи да ја извршува својата задача покрај новиот тренер Гус Хидинк.
Вилкинс ќе биде одоворен за тимот за саботниот натпревар против Ватфорд во ФА Купот пред Хидинк да го преземе кормилото во понеделник. Тој истакна дека има намера да му асистира на новиот менаџер доколку не му биде кажано спротивно од страна на клубот.
"Ќе работам заедно со Гус за неодреден период бидејќи тој нема да донеси никој засега. Ќе бидеме само јас и Гус и ќе видиме што ќе биде, а јас ќе се потрудам да му бидам од голема помош"- кажа Вилкинс.
"Јас сум вработен во Челзи, а не од новиот менаџер, но доколку тој сака да заминам ќе морам"- додаде тој.
Вилкинс не верува дека одлуката да се отпушти поранешниот менаџер Луиз Фелипе Сколари и да се донесе селекторот на Русија на негово место е донесена во паника.
"Сметам дека тоа не е панична одлука, бидејќи тој е првокласен тренер. Роман го познава и тој треба да не однесе до крајот на сезоната и јас сметам дека таму и ќе престане"- кажува Вилкинс.
Поранешниот англиски интернационалец вели дека тимот нема да биде погодон од турбулентните случувања минатата недела во следните натпревари.
"Расположението е одлично и фудбалерите ја надминаа ситуацијата многу брзо. Доаѓа нов човек и ќе мора да го искористиме најдоброто од ситуацијата"- продолжува асистентот.
"Сметам дека уште сме во трка по титулата и патот до крајот е долг, а ние имаме можност да ја искористиме секоја прилика за да го изодиме"- заврши Вилкинс.