Честито победа за Челзи.
Заслужи пораз Манчестер затоа што Фергусон почнува без Роналдо,Тевез и Евра (мислеше ќе може исто како против Рома).
Само го уништи дербито на сезоната без нивното присуство.
Челзи доминираше цел натпревар, повеќе ја сакаше победата и ќе беше незаслужено да ги изгубат бодовите поради глупиот потег на Карваљо. Манчестер без никаква игра и идеја цел натпревар, иако доста солидно се бранеа(особено по 1:1).
И незнам зашто Челзи толку лошо се брани кога води на Стенфодр, на крај од натпреварите. Безпотребна паника во шеснаесетник, исто и со Виган и со Мидлзброу и со Астон Вила.
Имаше и доста други интересни случувања на натпреваров.
Конфликтот меѓу Балак и Дрогба.
Исто и потегот на Ешли Кол во прво полувреме кога му сугерираше на судијата дека Нани не му направил прекршок за жолт картон.
Уште се е во раце на Манчестер ама годр сум поради тоа што Челзи останува во борба за титулата до последно коло и што остана непоразен на Стенфодр Бриџ иако имаше многу желби од црвените ѓаволи да му стават крај на рекордот.