Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
би требало утре на торенти да ја има ова мора за у колекција да се има ...
 
Браво дечки уште еднаш, покажавте зашто сте едни од најквалитетните тимови. Се надевам на иста игра како вечерва со Барса, и со среќа.

Поздрав!
 
Пред се честитки за обезбеденото полуфинале. Аууу каков меч. Ме остави без зборови. Претпоставував дека ќе има многу голови ама 4-4...
Ливерпул се надмина себе си во првото полувреме и се надѕираше невозможното, но во второто полувреме проработе Челзи и работите полека си дојдоа на своето место. Ваков меч немам гледано одамна. Браво уште еднаш за прикажаната игра.
 
Прекрасен натпревар, секоја чест на двата тима, но сепак го имавме ливерпул уште на првата утакмица, а ако игра челзи против барса, не се знае :) има време, стрпете се, не кварете радост за џабе.
 
Ајде честито ни поминување во следната фаза.Нека не помислуваат да не победат на Стемфорд Бриџ.Челзи - Ливерпул 4-4(3-1) и со вкупен резултат од 7-5 Челзи поминува во следната фаза во ЛШ каде ќе игра против Барселона.
За вчерашниот натпревар ќе кажам дека таков натпревар нема да биде одигран во ЛШ и во наредните 100 години.За луѓе со слаби нерви не се препорачуваат такви натпревари.Јас како навовач на Челзи по првото полувреме неможев да се воздржам но кога направивме пресврт малку се смирив и потоа пак кога беше 3-4 повторно ме фати нервоза која резултираше со среќен крај кога заврши 4-4.
Според мене добра игра на вчерашниот натпревар за Челзи истакнаа Дрогба,Лампард,Малоуда,Алекс,Иванович,Кол,Есиен.Големата возбуденост од овој дуел влијаеше на Чех,Балак,Калу,Анелка,Карваљо.Но сепак сите заслужуваат честитки за елиминацијата на Ливерпул.Очекувам победи во следните натпревари во ПЛ и ЛШ.Ни следува исклучително тежок натпревар против Арсенал во ФА КУПОТ а од ЛШ два натпевари против Барселона.
 
Ајде честито ни поминување во следната фаза.Нека не помислуваат да не победат на Стемфорд Бриџ.Челзи - Ливерпул 4-4(3-1) и со вкупен резултат од 7-5 Челзи поминува во следната фаза во ЛШ каде ќе игра против Барселона.
За вчерашниот натпревар ќе кажам дека таков натпревар нема да биде одигран во ЛШ и во наредните 100 години.За луѓе со слаби нерви не се препорачуваат такви натпревари.Јас како навовач на Челзи по првото полувреме неможев да се воздржам но кога направивме пресврт малку се смирив и потоа пак кога беше 3-4 повторно ме фати нервоза која резултираше со среќен крај кога заврши 4-4.
Според мене добра игра на вчерашниот натпревар за Челзи истакнаа Дрогба,Лампард,Малоуда,Алекс,Иванович,Кол,Есиен.Големата возбуденост од овој дуел влијаеше на Чех,Балак,Калу,Анелка,Карваљо.Но сепак сите заслужуваат честитки за елиминацијата на Ливерпул.Очекувам победи во следните натпревари во ПЛ и ЛШ.Ни следува исклучително тежок натпревар против Арсенал во ПЛ а од ЛШ два натпевари против Барселона.
Абе ај, тој го направи пеналот и не изигра баш како што треба. Инаку за Карваљо очекувано беше, цели 2 сезонуи има повреди и кога и да игра е во катастрофална форма. Мансиен следен пат во ваква ситуација...
 
Секоја чест за натпреварот вчера. Ви четитав на 3:2 потоа на се мислев дали да го бришам постот на 3:4 :pos2:. Трилер завршница и морам уште еднаш да ви честитам пред се за одличниот натпревар и да ви честитам полуфинале.
 
Одличен супер меч гледав во лига на шампиони,никогаш таков во последните 5 год.
Нека ви е честито победата .И со срека во понатамошниот дел од сезоната и нека ви се множат победите поз:salut:
 
ОЕОЕОЕОЕОЕОЕ!!!!!!! :vozbud: :vozbud: :vozbud:

Овој Челзи ако не ме умрит, никој не ме умират. Со оваја утакмица и таја во Москва лани, ми се скрати животот едно 10 години сигурно.
За мечот: Челзи веројатно имаше за цел да трча 90 минути само, а не и да игра 90 минути. По 0-2, целта беше да се издржи до полувреме, за на паузата Хидинк да ги консолидира редовите. Второ полувреме - скроз друг Челзи, ко друга утакмица да гледам. Трчаа и играа ко шо не праеле никоаш сезонава, постигнаа 4 гола во второ и се пласиравме понатака. Сега уште денес и утре славје, па да почниме уште од сега да се припремаме за Барса.
Есиен - не знам со шо го хранет дечково, ама ова шо го прајт не е нормално. Се’ почесто сумљам дека не е човек, дека полу-киборг е. Ова чоек не го прајт.
Лампард ко го даде голот за 4-4, солзи ќе пуштев од среќа, кога го бакна амблемот. Тој, Тери и Дрогба ми се некако играчи што со сигурност знам дека играат за клубот со срце. Да ми беше до мене Френк тоаш, в дуп ќе го бацеф од среќа. :vozbud:
Чех човеку, или седни на клупа, или прибери се, вака со Барса ако е, ќе ги пишам утакмиците 7+. И не, нема да им дајме 4 гола.

Честитки до сите колеги од фан клубов. Proud to be a blue! :back:
 
возбудлива утакмица беше вчера од 0-2 се вративме во живот 3-2 па после пак губиме 3-4 и на крај 4-4:toe::toe:
и сеа јако ќе биде со барса на крај на април.
 
Ако ја најде некој цела утакмица на торрент нека ми прати пп ова мора да се зачува:smir:
 
Иако сме огромно конкуренти...мора да ви се одаде големо признание...Го имате вториот најдобар тренер на светот, после Арсен Венгер се разбира, и токму поради него ви ја честитам победата...т.с..Пласманот понатмау....Се надевам дека ке се сртенеме во финалето...
 
Иако сме огромно конкуренти...мора да ви се одаде големо признание...Го имате вториот најдобар тренер на светот, после Арсен Венгер се разбира, и токму поради него ви ја честитам победата...т.с..Пласманот понатмау....Се надевам дека ке се сртенеме во финалето...
Aј ти се молам не се глупирај,кај Арсен Венгер најдобар тренер.бтв браво на Челзи за победата.Одличен натпревар возбудлив со 8 гола.Преостанатото е со Барса тоа ке биде уште по возбудлибо:)
 
Дечки како спиевте ?
Цела ноќ го сонвав Челзи шампион и верувам дека ќе биде ова година.
Ваква игра сакам и против Барса,а Чех да се подобри оти летото можи да лета.
Поздрав до сите СИНИ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom