Не знам, викате оваа титула ви е помила, ама за мене лично...2012 >>>>>>>>>>
Прво, 2012 имаше историја на неправди, порази и останати ствари.
Тоа беше целта на Роман. Нешто што беше ептен блиску уште од 1/2 финалето со Монако, поразот од Ливерпул, Барса, Јунајтед....
Па да не збориме како буквално "ги израснавме" играчите кои веќе повеќе сезони беа во клубот па заедно имавме силни емоции со нив.
И после се тоа... доаѓа можеби последна шанса за играчите.... Дрогба можеби ќе си оди..Ешли Кол, Тери, Бане, Лампард и пар други веќе во поодминати години... фаци ко Калу и Малуда прашање на време кога ќе си напуштат...Чех помина се и сешто...
И конечно, ете, финале.
На нивен терен.
Против една од, ако не и најдобрата екипа во моментот.
Ама и не само тоа.
Во групната фаза во последно коло мораше победа за да се пласираме.
Атмосферата во тимот беше уништена.
Можеби и заборавивте дека не бевме топ 4 во ПЛ таа сезона за прв пат во ерата на Роман....а и пред Роман таа серија си траеше.
Хаос, катастрофа, недокажан тренер доаѓа...
Ете, се пласиравме некако во 1/8 финале и таму..сериозен противник...
Пораз.
Отпуштање на тренер.
Израмнување.
ЕКСТРА ТАЈМ.
1/4 финале со Бенфика. Ок, за цел свет освен Џони, полесен двомеч што е заслужен.
Барса? Хаос.
Финалето? Хаос, драми, срања, све!
А сега?
Не баш.
Иако ете, сметав дека единствена шанса да стигнеме во топ 4 во ПЛ после лошиот старт е ако другите губат (што така и испадна, фала Лестер) сепак за ЛШ некако..чекор по чекор...бев цело време сигурен.
Прво групите.
Во старт знаев дека ќе ја поминеме групата. Типична ЛЕ група.
Многу веројатно и прво место..ама тоа беше прашањето.
И на крај..ете, прво место.
Потоа..Атлетико.
Зезнат противник, сакав полесен.
Но...некако бев убеден дека нивниот фудбал ни одговара и ќе ги поминеме, без разлика кој е тренер. Дури и со Лампард мислев ќе ги поминеме.
Уште во прва утакмица делуваше решено.
Потоа..Порто.
Најлесен можен противник.
Уште во прва утакмица решено.
Потоа Ливерпул/Реал..најлесните можни од сите останти.
Е тука не бев 100% сигурен како претходно...
После првата утакмица...очекував дека ќе ги поминеме, бевме подобри и посигурни.
Тогаш и уплатив Челзи дека ќе освои ЛШ (4.50 беше)
И ете, во реваншот, лесно сигурно ги елиминиравме.
И после? Сити. Веќе ги тепавме два пати. Шо знам, очекував да ги победиме.
И ги пбоедивме, лесно, шут на гол немаа.
Ниту еднаш драма со пенали или екстра тајм.
Скоро цело време имавме контрола после првиот меч во нокаут фазата.
Тухел, искусен човек што лани беше во финале на ЛШ. Несигурноста што ја носеше РДМ е дополнителна драма.
Тогаш Бертранд беше стартер во ЛШ.
Сега со најдобар тим бевме.
Атмосферата ниту еднаш не беше уништена дури и во лошите резултати со Лампард, владееше чувство на сите сакаат добри резултати, порбаа да му помогнат на Лампард (во споредба со АВБ)
Маунт, Вернер, Џејмс, Каи.... повеќето од играчиве им е прва-втора сезона на Челзи, не е дека 6-7 години уназад се мачеле.
Не знам, некако ептен...сигурно делуваше се ова, без драми, без билдап, без приказни без ништо.
Едноставно....шо знам.
Не знам што е поентава на постов, онака, сакав да си пишам
