Мурињо некогаш сака да биде центар на внимание, без да направи некој '' скандал '' , туку да се докаже дека е тактички супериорен над противникот. Вечерва така и беше.
Пофалби за него, ни фалеа во изминативе 4-5 години вакви навидум лесни победи, на незгодни гостувања. Тоa го имаат во себе големите екипи. Три бода, добра победа како увертира за дербито со Сити и честито пласман во 1/8 финале.
Замерки за Азпиликуета. Да престане да експериментира, десен бек, класичен десњак на лева страна, не бива. Вкочанет и некорисен беше Азпи и не е тоа негова вина.
Форсирањето на Лампард... несфатливо. Лампард може да биде од корист кога не би играл 2-3 натпревари, па би стартувал на еден со полна снага и би решил натпревар. Лампард кој игра постојано во сите конкуренции, на 35 години е само една кочница за целиот тим. И пак ќе речам, не е тоа негова вина, туку вина на Мурињо.
Но... не може Челзи скоро секогаш да игра на овој начин. Минимално водство, тотално повлекување и чекање противникот да згреши и да се направи брза контра. Сега тоа се испостави како успешно, против Норич исто така. Арно ама против некоја друга екипа може многу да се наебе и другата екипа поштено да не испердаши.
Така е во овој дел од сезоната, не ми смета баш за вечерва, зошто против германски екипи е секогаш незгодно, но во преостанатиот дел од сезоната не смееме да играме така и само така.
Контрите, најсилното оружје на Мурињо, полека ни стануваат се подобри и подобри. Очекувам да бидат совршени, некаде до крајот на декември. Сепак треба уште да се работи. Но, напредокот во оваа смисла и те како ме радува
Торес одигра на ниво. Меѓу другото, работата на напаѓачот е да се најде на вистинско место. Така и паднаа головите. Ма да, за вториот гол реагираше несмасно, му избега топката. Сета среќа што Хилдебранд се лизна па се чинеше дека Торес тоа го направил со намера. Мило ми е и за Хазард што влегува и тој во посакуваната форма и што погодува два натпревари по ред.
Ако втората сезона секогаш на Мурињо му носи успеси, ќе чекам. Навистина е потребно време играчите да се прилагодат на него, на новата игра и новите задачи и на целиот тој концепт. Барем една титула да освоиме сезонава, да не бидеме апла голи.
Ама ќе чекам и да почнеме да играме малку повеќе фудбал. Не барам константно 90 минути, ама во поголемиот дел од натпреварите. За овие играчи кои играат за нас, жално е постојано да бидат '' жртва '' на тактики.
Ајде со Шалке на гости, Јунајтед, Барселона или Реал, да. Ама со Кардиф и Норич, некако не е убаво.