Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е тоа. Последниве три утакмици без некоја јака игра вадиме одлични резултати што е многу позитивно. Уште не е спремен тимот за да го даде максимумот, но ќе биде и тоа во скоро време.
Ептен сакам победа против Сити, многу не мачат последниве години и редно време е да ги тепаме.
Па после со Арсенал што сака нека биде. Само Де Брујн да игра.
 
Мала критика за Моу е форсирањето на Лампард, ако игра против Сити постои шанса да умре на терен. Ова не е хумано, ова не е човечки. А и веќе самиот се влече ко црево по терен, мислам дека е крајно време да го извади од игра и да му даде епизодна улога.
Па немаме достојна замена за Лампард шо очекуваш ?? Кој би играл наместо него ? Есиен и Микел ја немаат визијата за пас (2риов е pussy,секогаш оди на сигурен пас кон најблискиот играч) која ја има Френк.Ван Гинкел беше надежен ама готова е сезоната за него.Луиз не ми е сигурен за средина за со посериозни екипи..
@dragonsky Нема да се повтори веќе ваква почетничка грешка :D
 
@GTFO не се цитира толкав пост за 1 реченица :D :D

Можеше да се изигра Рамирес-Микел или не дај боже Оскар да добие шанса на позиција на Лампард :)
 
Сите го величите Мурињо. Генијалец, специјалнот, среќниот. Све супер, ама што е никаква играта?
Дали секогаш ќе биде 3:0 со никаква игра?
Мене ме плаши да не ни остане играта каква што ни е. А познавајќи го Мурињо и неговата филозофија, тешко да видиме добра акција под водство на Мурињо. Ама ајде, тука сум да ме демантира.
 
Па немаме достојна замена за Лампард шо очекуваш ??

Точно е дека немаме. Ама кога ќе видиш дека и Лампард не почна со играње на ЦМ, туку АМ, ќе сфатиш дека имаме, само не ги користиме за жал. Може да се користи Оскар на негова позиција, со Мата како АМ. Или пак да добие шанса Есиен покрај Рамирес, да се комбинира со Есиен/Микел во формација во која Рамче ќе добие офанзивна улога а овие ќе бидат тепачи, моментално Лампард користи за пас игра, и поврзување на среден ред, ништо друго, во дефанзива е спор, а Рамче игра и напред и назад.
 
Сите го величите Мурињо. Генијалец, специјалнот, среќниот. Све супер, ама што е никаква играта?
Дали секогаш ќе биде 3:0 со никаква игра?
Мене ме плаши да не ни остане играта каква што ни е. А познавајќи го Мурињо и неговата филозофија, тешко да видиме добра акција под водство на Мурињо. Ама ајде, тука сум да ме демантира.

Амм, што им фалеше на акциите за вторите два гола, поготово вториот? Класични контри, одлично одиграни. :)
 
Амм, што им фалеше на акциите за вторите два гола, поготово вториот? Класични контри, одлично одиграни. :)

Па нормално, класични контри. Само тоа го играат во последните 4 утакмици. Така и начукаа 14 гола. Од контри.
 
Сите го величите Мурињо. Генијалец, специјалнот, среќниот. Све супер, ама што е никаква играта?
Дали секогаш ќе биде 3:0 со никаква игра?
Мене ме плаши да не ни остане играта каква што ни е. А познавајќи го Мурињо и неговата филозофија, тешко да видиме добра акција под водство на Мурињо. Ама ајде, тука сум да ме демантира.
Во недела играат со сити,паметен е Мур знае што прави,победа од три гола разлика без никакво замарање. :)
 
Во недела играат со сити,паметен е Мур знае што прави,победа од три гола разлика без никакво замарање. :)

Да влезеше една од шансите за 1-1, ќе беше без никакво замарање. Исто како што ни смрзна го*ното со Норич. А од друга страна никој од кога заврши утакмицата не го спомна Чех, само Мурињо. :ROFLMAO:
 
Мурињо некогаш сака да биде центар на внимание, без да направи некој '' скандал '' , туку да се докаже дека е тактички супериорен над противникот. Вечерва така и беше.
Пофалби за него, ни фалеа во изминативе 4-5 години вакви навидум лесни победи, на незгодни гостувања. Тоa го имаат во себе големите екипи. Три бода, добра победа како увертира за дербито со Сити и честито пласман во 1/8 финале.

Замерки за Азпиликуета. Да престане да експериментира, десен бек, класичен десњак на лева страна, не бива. Вкочанет и некорисен беше Азпи и не е тоа негова вина.
Форсирањето на Лампард... несфатливо. Лампард може да биде од корист кога не би играл 2-3 натпревари, па би стартувал на еден со полна снага и би решил натпревар. Лампард кој игра постојано во сите конкуренции, на 35 години е само една кочница за целиот тим. И пак ќе речам, не е тоа негова вина, туку вина на Мурињо.

Но... не може Челзи скоро секогаш да игра на овој начин. Минимално водство, тотално повлекување и чекање противникот да згреши и да се направи брза контра. Сега тоа се испостави како успешно, против Норич исто така. Арно ама против некоја друга екипа може многу да се наебе и другата екипа поштено да не испердаши.
Така е во овој дел од сезоната, не ми смета баш за вечерва, зошто против германски екипи е секогаш незгодно, но во преостанатиот дел од сезоната не смееме да играме така и само така.

Контрите, најсилното оружје на Мурињо, полека ни стануваат се подобри и подобри. Очекувам да бидат совршени, некаде до крајот на декември. Сепак треба уште да се работи. Но, напредокот во оваа смисла и те како ме радува

Торес одигра на ниво. Меѓу другото, работата на напаѓачот е да се најде на вистинско место. Така и паднаа головите. Ма да, за вториот гол реагираше несмасно, му избега топката. Сета среќа што Хилдебранд се лизна па се чинеше дека Торес тоа го направил со намера. Мило ми е и за Хазард што влегува и тој во посакуваната форма и што погодува два натпревари по ред.



Ако втората сезона секогаш на Мурињо му носи успеси, ќе чекам. Навистина е потребно време играчите да се прилагодат на него, на новата игра и новите задачи и на целиот тој концепт. Барем една титула да освоиме сезонава, да не бидеме апла голи.
Ама ќе чекам и да почнеме да играме малку повеќе фудбал. Не барам константно 90 минути, ама во поголемиот дел од натпреварите. За овие играчи кои играат за нас, жално е постојано да бидат '' жртва '' на тактики.
Ајде со Шалке на гости, Јунајтед, Барселона или Реал, да. Ама со Кардиф и Норич, некако не е убаво.
 
Да влезеше една од шансите за 1-1, ќе беше без никакво замарање. Исто како што ни смрзна го*ното со Норич. А од друга страна никој од кога заврши утакмицата не го спомна Чех, само Мурињо. :ROFLMAO:
За Чех немам зборови,после финалето во Минхен сватив колку е важен за екипата.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 23:38 ---
Инаку ова беше прв гол за Хазард у чемпионс лиг за Челзи. :)
 
Не знам дали ја видовте сликана во темана за ЛШ што ја постирав али Торес си се радуваше за голот уште пред топката да влезе во голот. Значи вратена му е самодовербата фали уште редовност во давање на голови :D
 
Само што тоа е откако топката влезе и излезе од мрежата (ако не знаеше) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom