Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Хазард:cuc: Можеше комотно спринт да истрча до крај,али му ја остави на Оскар.
Ете ради тоа Мата на клупа,видете од каде почна спринтот на Хазард и колку се само експлозивни Оскар и Хазард на контра. Сега смирено само и уште некоја ваква контра:D
 
Gazi vojskata na Mur !!!

nego, koj se povredi, ne vidov ubavo.. ?
 
100ти старт било ова на Торес за нас изгледа.

Добри сме, со победа во следно коло ќе бидеме многу блиску до 1/8 финале.
 
Криво ми е за пречката на Торес.
Него за мене играч на натпреварот е Хазард, и минатата и сега.
 
Хазард многу лесно може да добие златна топка ако Челзи освои ЛШ во некоја од следниве сезони.

Уште една победа без ептен напор, добри сме ама се надевам дека еднаш ќе експлодираме со некоја фантастична игра.
Сега за сега добро е уште ако ги добиеме следниве 2 натпревари уште подобро :)
 
Торес цар,ја одбележа стотката со стил :) Хазард исто изигра перфектно вечерва.Оскар стандард сезонава,си напредува малиот со секој натпревар.
Се одвикнавме од вакви рутински победи, победи по кои беше карактеристичен Челзи на Мурињо во периодот 2004-2006.Се надевам дека како што оди сезоната ке има се повеќе вакви натпревари и резултати..
Gazi vojskata na Mur !!!

ne vidov ubavo.. ?
Германецот :D
 
Ептен ќе ми беше мерак Торес да бапне и трет, ама Азар заслужи да даде голче. Откако одмори некоја утакмица (пред се, поради повредата) се гледа одма разликата. (y) Се надевам дека и против Сити ќе тепаме, редно време е!
 
Можеби не толку течна и добра игра, ама игравме стабилно, ја контролиравма утакмицата со добра одбрана и движење на линии, едноставно Шалке немаа простор за игра, исечени беа во секој поглед.
Можеби некој ќе се согласи, можеби некој не, ама досега сите одлуки на Моу се покажаа како исправни, вклучувајќи го и оставањето на Мата, бар засега.
Торес денес одлична партија, освен што се движеше одлично, постигна и два гола, покажа дека може да игра добро доколку се форсира, досега никој не го бараше и форсираше Торес, сега играта се менува, повеќе се бара Торес за гол и самиот се извлекува за на шут, и игра со глава. Денес одлична партија, како и против Тотенхем покажува огромни знаци на живот и големо подобрување под Моу, само нека продолжи вака, и нема да има дилеми кој треба да биде прв напаѓач.
Хазард, исто перфектна партија, откако доби мал одмор, веднаш се врати како препороден и е клучен играч за Челзи. Игра одлично во офанзива, и што е најбитно успеа да реализира неколку шанси и влезе во голгетерски ритам што ќе му даде самодоверба, која многу ќе му значи со оглед на тоа дека влегуваме во сериозен распоред во ПЛ и ќе мора да се игра со сите сили.
Другиве одлична партија сите, Рамирес истотака огромна работа врши, мислам дека ова ни е најдобриот играч. Најдобар во поглед од сите аспекти, го има секаде, игра се, и трча повеќе од сите, злато играч, споменик треба да му се изгради, и подхитно нов договор. Одбраната денес кризираше на моменти, особено Тери, изигра прилично слаба партија, ама беше добро покриен и компензира со одличната партија на Кехил и Азпи кои растурија, особено Цезар кој покажа дека знае и лев бек да игра, мува не прелета таму. Браво.(y)

Мала критика за Моу е форсирањето на Лампард, ако игра против Сити постои шанса да умре на терен. Ова не е хумано, ова не е човечки. А и веќе самиот се влече ко црево по терен, мислам дека е крајно време да го извади од игра и да му даде епизодна улога.
 
Одлично,многу важна победа во борбата за првото место.Мурињо генијалец,со никаква игра успеа да победи со 3:0.
Хазард феноменален,како ги исфрли играчите на Шалке при вториот гол :cuc:Торес заслужи да даде два гола.Иако Оскар е во одлична форма според мене Мата>Оскар во секое време.Специјалниот се гледа дека премногу верува во Тери и Лампс,секоја утакмица ја почнува со нив,али сепак треба да се одмараат,стари се.Сега во недела Сити да ги тепаме би бил пресреќен. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom