Можеби не толку течна и добра игра, ама игравме стабилно, ја контролиравма утакмицата со добра одбрана и движење на линии, едноставно Шалке немаа простор за игра, исечени беа во секој поглед.
Можеби некој ќе се согласи, можеби некој не, ама досега сите одлуки на Моу се покажаа како исправни, вклучувајќи го и оставањето на Мата, бар засега.
Торес денес одлична партија, освен што се движеше одлично, постигна и два гола, покажа дека може да игра добро доколку се форсира, досега никој не го бараше и форсираше Торес, сега играта се менува, повеќе се бара Торес за гол и самиот се извлекува за на шут, и игра со глава. Денес одлична партија, како и против Тотенхем покажува огромни знаци на живот и големо подобрување под Моу, само нека продолжи вака, и нема да има дилеми кој треба да биде прв напаѓач.
Хазард, исто перфектна партија, откако доби мал одмор, веднаш се врати како препороден и е клучен играч за Челзи. Игра одлично во офанзива, и што е најбитно успеа да реализира неколку шанси и влезе во голгетерски ритам што ќе му даде самодоверба, која многу ќе му значи со оглед на тоа дека влегуваме во сериозен распоред во ПЛ и ќе мора да се игра со сите сили.
Другиве одлична партија сите, Рамирес истотака огромна работа врши, мислам дека ова ни е најдобриот играч. Најдобар во поглед од сите аспекти, го има секаде, игра се, и трча повеќе од сите, злато играч, споменик треба да му се изгради, и подхитно нов договор. Одбраната денес кризираше на моменти, особено Тери, изигра прилично слаба партија, ама беше добро покриен и компензира со одличната партија на Кехил и Азпи кои растурија, особено Цезар кој покажа дека знае и лев бек да игра, мува не прелета таму. Браво.
Мала критика за Моу е форсирањето на Лампард, ако игра против Сити постои шанса да умре на терен. Ова не е хумано, ова не е човечки. А и веќе самиот се влече ко црево по терен, мислам дека е крајно време да го извади од игра и да му даде епизодна улога.