Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Драгон бе, не е до тоа дека тие толку можат, навалнава линија, туку така им е наредено од Мурињо. Стратегијата за секој меч е различна. Тие играчи ја немаат таа слобода што ја имаат вообичајно. Ние игравме вечерва, да не бидеме поразени и успеавме во тоа. Затоа не дојдоа до израз крилните фудбалери и напаѓачот, затоа што играта не ни се засноваше врз тоа.
Па јасно ми е тоа, башка тие играчи играат за напаѓач а денеска таков немаше.
Не ми е јасно зошто игравме да не примиме гол него ли да дадеме.
Не дека имам нешто против бодов ама барем да нападневме 10 минути еден притисок можеби и гол ќе дадевме.
Сепак рано е не може да се збори дали резултатов сменил нешто.
Сепак сме непоразени и сме на врв на табелата, а има и солидни шанси по број на бодови да останеме таму и после викендов.
Сам си најдов и уз пат ќе постирам и за Хазард и Оскар како други АМ играчи што играа скоро колку него (КДБ играше 27 мин помалку од Ширле и 30+ мин од Хазард и Оскар)Најсеризоно има некој фул статистика за Ширле на мечов да постира ? (through balls, key passes etc. ?? )
Geezer Многу си субјективен со изјавиве, Моу тактички поуспешен од Мојс... Немам пропуштено пост од фан клубов веќе доста време, и до сега најреални се змејски и Донев, посебно со постовите за вечерашниот натпревар. Добра беше замислата на Жозе да игра на контри со цврста одбрана, само зашто така Јунајтед нема да може да игра со нивното најјако нешто - контри, туку ќе мораа да имаат посед. Фино ова на хартија, ама на терен потешко. И самиот си кажа дека најтешкото им беше да се префрлат од освоена топка во контра ( тука кажа демек и Јунајтед го имал истото, а немам појма од каде го извади ова, можеби од двата погрешени паса во првите 10 минути, а иначе се гледаше кој го имаше тој проблем ). Можеби сега ќе го фалевме Жозета ако поминуваше таа транзиција, ама тоа останува само на едно АКО, истото АКО кое може да се употреби и за пеналот од Френки. Исто не ми се допадна што не го играше Лукаку, или бар што не го пушти подоцна. Па и за контри ти треба некој што ќе ја прими топката и ќе ја задржи додека не се направи транзицијата, а Шурле и Торес се физички слаби за такво нешто против Рио и Вида.
Не го пишувам постов за да провоцирам. И Јунајтед не заслужи да победи, го немаа завршниот удар. Но слушам многу обвиненија против Мојс околу мене, дури и од навивачи на Јунајтед, само затоа што името му е Мојс, а не Мурињо или Фергусон. И никако не очекував негде по натпреваров да прочитам дека Жозе го надиграл Мојс, мислам дека тоа е пресубкејтивно. Не велам дека е и обратниот случај, ама сигурен сум дека ќе осетите многу појаки натпревари и тактики од вашиов специјален
.
Поздрав и се гледаме на Мостот, е таму ќе си играме контри на раат![]()