Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Браво Schürrle борбено изигра денес и убаво ја провери еднаш пречката. Ама требаше и мрежата да ја провериш...
 
Драгон бе, не е до тоа дека тие толку можат, навалнава линија, туку така им е наредено од Мурињо. Стратегијата за секој меч е различна. Тие играчи ја немаат таа слобода што ја имаат вообичајно. Ние игравме вечерва, да не бидеме поразени и успеавме во тоа. Затоа не дојдоа до израз крилните фудбалери и напаѓачот, затоа што играта не ни се засноваше врз тоа.

Па јасно ми е тоа, башка тие играчи играат за напаѓач а денеска таков немаше.
Не ми е јасно зошто игравме да не примиме гол него ли да дадеме.
Не дека имам нешто против бодов ама барем да нападневме 10 минути еден притисок можеби и гол ќе дадевме.
Сепак рано е не може да се збори дали резултатов сменил нешто.
Сепак сме непоразени и сме на врв на табелата, а има и солидни шанси по број на бодови да останеме таму и после викендов.
--- надополнето: 27 август 2013 во 00:05 ---
Него се пензионирал Деко а никој не спомнал.
Солиден играч, вршеше работа кај нас.
 
Па јасно ми е тоа, башка тие играчи играат за напаѓач а денеска таков немаше.
Не ми е јасно зошто игравме да не примиме гол него ли да дадеме.
Не дека имам нешто против бодов ама барем да нападневме 10 минути еден притисок можеби и гол ќе дадевме.
Сепак рано е не може да се збори дали резултатов сменил нешто.
Сепак сме непоразени и сме на врв на табелата, а има и солидни шанси по број на бодови да останеме таму и после викендов.



Јас сум задоволен, како да сме победиле. Зошто? Затоа што го имаме најдобриот тренер на светот, вечерва се покажа уште еднаш тоа како точно.
Затоа што, она што ни беше најранлив сегмент во играта, по заминувањето на Мурињо, сега се враќа во нормала, зборувам за одбраната. Феноменална, евентуално по некој продор имаше по страна и тоа беше се. Кејхил и Тери исчистија се живо, беа стабилни, како на времето со Карваљо и Тери во иста линија.
Ретко кој тим може да се пофали дека не примил гол од Манчестер на Олд Трафорд, дали голем или мал, без разлика. Ние не примивме гол, во второ коло, на најтешкото гостување можеби сезонава, а и не само сезонава, таму традиционално е многу тешко.

Видов и дека Рамирес и Лампард, не се за заедно да играат, особено не неколку натпревари по ред. Пред се поради физичката подготвеност на Лампард. Видов и дека Шурле не е дојден туку-така и дека ќе има многу битна улога во наредниве години во Челзи, видов и дека навистина ни треба квалитетен напаѓач и конечно, порано кога го гледав составот пред почетокот на натпреварот, се плашев да не отсуствува некој играч, да не имаме дупка во составот. Сега ми е сеедно. Кој и да игра. Имаме два полни и силни тимови, кои можат да играат во секое време и против секого.
 
Е да за Лампард заборавив да спомнам.
Мурињо кажа дека ќе Лампард нема да игра многу и дека ќе одмара некои натпревари а сега сите 3 ги изигира комплетно.
Не знам зошто продолжуваме со Лампс/Рамирес комбинација и се надевам дека еден од Микел/Есиен ќе игра во Петок.
--- надополнето: 27 август 2013 во 00:11 ---
GTFO
http://www.chelseafc.com/news-article/article/3438268/title/final-whistle-verdict-a-fair-point
 
Не беше фудбал за око, ама тактички беше безпрекорен.
На некој ако не му се свиѓа може слободно да се префрли да си прати кошарка.
За фан на фудбал нема досаден фудбалски натпревар.

Најбитно е дека не примивме гол и го запревме моментално најдобриот напаѓач во лигата.
Се сеќавам дека на некои фанови не им чинеше мечот против Арсенал кој заврши 5:3 и одбраната која беше поставена на центар. Сега извадивме 0:0 на гости кај актулениот шампион и пак не ваља.
Да се отворивме Перси сигурно ќе ни закачеше еден и после муабети како Мурињо не требало да се отвара.
Мурињо е тој и нема да се смени тактички тренер кој освојува титули, а на крајот се се сведува на нив. Така ?


Јас сум задоволен од сите, имаше тимска игра секој трчаше и покриваше максимално.
Тери потсети на старите времиња, расчисти све живо и на сите ни покажа дека се уште не е старо железо.
Пример како треба да изгледа светска класа на дефанзивец. Рамирес пак беспрекорен на дм функција, играчот е створен за системот на Мурињо.
Единствена замерка имам за транзицијата од одбрана во напад, мора да оди тоа побрзо и попрецизно. Секој да си има одредена позиција и пат по кој ќе се движи и отвара.
Но ајде почеток е на сезона се уште не се уиграни играчите и не се познаваат добро, но ако се среди тоа може да ни биде многу моќно оружје.
Денес верувам дека ни е јасно зошто го земавме Вилијан.
Се виде дека Брујн се уште не е спремен физички за 90 мин. маратонско трчање. Драстично падна накај 60 минута. А Вилијан > Мозес.
Ширле најверојатно ќе му биде план Ц на Мурињо доколку не откачат Руни и Ето т.с најверојато ќе биде 3 избор на шпиц.

За Руни нема што да се збори 50м се малку за тоа колку навистина вреди да се има во тимот.

мал оф топик. :)
По малце ме плаши ситуацијата со Мата.
 
Задоволен од играта, ама не сум задоволен од резултат. Таков сум што никад не би идел на нерешено, свесно. Ама добро е, подобро нерешено отколку пораз, ни фалеше стабилност во тимот, сега го добивме тоа. Најбитно е што главните проблеми во нашата игра на мечов беа исчезнати. Одбрана, беспрекорна, секоја чест за Кехил и Тери, Луиз ќе треба да се изнамачи за да игра прв тим, и двајцата се сјајни.
Пријатно сум изненаден од Шурле, дефинитивно е алраунд играч, ќе биде многу корисен, треба да добива повеќе шанса. Разочаран сум од КДБ и Оскар, ептен мизерна партија пружија. Тоа е тоа.
 
Кој велеше дека Шурле не вреди 20м, да знае дека низ нос ќе му ги извади.
Сестран играч, доста пријатно ме изненади денеска. Сеуште е рано да коментирам за неговата кариера во Челзи, ама ако продолжи вака, ќе биде ко офанзивен Белети :)
 
Најсеризоно има некој фул статистика за Ширле на мечов да постира ? (through balls, key passes etc. ?? )
Сам си најдов и уз пат ќе постирам и за Хазард и Оскар како други АМ играчи што играа скоро колку него (КДБ играше 27 мин помалку од Ширле и 30+ мин од Хазард и Оскар)



Total Passes Passes Completed% Key Passes Long Balls Crosses Through Balls

Оскар 59 86% 1 3 of 4 0 of 1 0

Хазард 42 90% 1 2 of 2 1 of 3 0

Ширле 29 83% 1 1 of 3 0 of 0 0



Shots On Target Successful Dribbles Was Fouled Offsides


Оскар 3 2 1 3 0

Хазард 1 1 5 1 0

Ширле 1 0 0 1 1



Tackles Interceptions Clearances Fouls Blocks Aerial Duels Won


Оскар 1 0 4 1 0 1

Хазард 2 1 2 1 0 0

Ширле 2 2 2 0 0 1
 
Како што се очекуваше.Тврд натпревар без простор за шанси и акции.

Очекувам Луиз и Мата да бидат 100 % спремни за Супер купот.
 
Вака пишани ништо посебно пошто форумов заебава работа.

Не ми се пишани за да докажам нешто туку онака нека ги има, не е лошо да се види кој играч што направил :)
 
Geezer Многу си субјективен со изјавиве, Моу тактички поуспешен од Мојс.. :). Немам пропуштено пост од фан клубов веќе доста време, и до сега најреални се змејски и Донев, посебно со постовите за вечерашниот натпревар. Добра беше замислата на Жозе да игра на контри со цврста одбрана, само зашто така Јунајтед нема да може да игра со нивното најјако нешто - контри, туку ќе мораа да имаат посед. Фино ова на хартија, ама на терен потешко. И самиот си кажа дека најтешкото им беше да се префрлат од освоена топка во контра ( тука кажа демек и Јунајтед го имал истото, а немам појма од каде го извади ова, можеби од двата погрешени паса во првите 10 минути, а иначе се гледаше кој го имаше тој проблем ). Можеби сега ќе го фалевме Жозета ако поминуваше таа транзиција, ама тоа останува само на едно АКО, истото АКО кое може да се употреби и за пеналот од Френки. Исто не ми се допадна што не го играше Лукаку, или бар што не го пушти подоцна. Па и за контри ти треба некој што ќе ја прими топката и ќе ја задржи додека не се направи транзицијата, а Шурле и Торес се физички слаби за такво нешто против Рио и Вида.

Не го пишувам постов за да провоцирам. И Јунајтед не заслужи да победи, го немаа завршниот удар. Но слушам многу обвиненија против Мојс околу мене, дури и од навивачи на Јунајтед, само затоа што името му е Мојс, а не Мурињо или Фергусон. И никако не очекував негде по натпреваров да прочитам дека Жозе го надиграл Мојс, мислам дека тоа е пресубкејтивно :). Не велам дека е и обратниот случај, ама сигурен сум дека ќе осетите многу појаки натпревари и тактики од вашиов специјален :).

Поздрав и се гледаме на Мостот, е таму ќе си играме контри на раат :D
 
Добро е, горе-доле повеќе од членовиве мислат дека е потребен нов напаѓач. Како што бевте тврдоглави и уверени во Торес мислев дека 30 коло ќе викате дека нема потреба од напаѓач.:D
 
Geezer Многу си субјективен со изјавиве, Моу тактички поуспешен од Мојс.. :). Немам пропуштено пост од фан клубов веќе доста време, и до сега најреални се змејски и Донев, посебно со постовите за вечерашниот натпревар. Добра беше замислата на Жозе да игра на контри со цврста одбрана, само зашто така Јунајтед нема да може да игра со нивното најјако нешто - контри, туку ќе мораа да имаат посед. Фино ова на хартија, ама на терен потешко. И самиот си кажа дека најтешкото им беше да се префрлат од освоена топка во контра ( тука кажа демек и Јунајтед го имал истото, а немам појма од каде го извади ова, можеби од двата погрешени паса во првите 10 минути, а иначе се гледаше кој го имаше тој проблем ). Можеби сега ќе го фалевме Жозета ако поминуваше таа транзиција, ама тоа останува само на едно АКО, истото АКО кое може да се употреби и за пеналот од Френки. Исто не ми се допадна што не го играше Лукаку, или бар што не го пушти подоцна. Па и за контри ти треба некој што ќе ја прими топката и ќе ја задржи додека не се направи транзицијата, а Шурле и Торес се физички слаби за такво нешто против Рио и Вида.

Не го пишувам постов за да провоцирам. И Јунајтед не заслужи да победи, го немаа завршниот удар. Но слушам многу обвиненија против Мојс околу мене, дури и од навивачи на Јунајтед, само затоа што името му е Мојс, а не Мурињо или Фергусон. И никако не очекував негде по натпреваров да прочитам дека Жозе го надиграл Мојс, мислам дека тоа е пресубкејтивно :). Не велам дека е и обратниот случај, ама сигурен сум дека ќе осетите многу појаки натпревари и тактики од вашиов специјален :).

Поздрав и се гледаме на Мостот, е таму ќе си играме контри на раат :D



А, кај виде ти јас да го деградирам Мојс? Посочи ми те молам. Ако зборуваме кој од тренерите беше поуспешен, тоа беше Мурињо. Затоа што отиде на гостувањето, да не загуби, првото сезонава, кај шампионот на Англија и не успеа да прими гол на Олд Трафорд, а главниот играч на Јунајтед беше пикнат во џеб од Кејхил и Тери.
Ондак ( дигам раменици ) ?



Иван CFC

Мата останува во Челзи, тоа го изјави Мурињо вчера одма по натпреварот. Нека не те плаши ништо. Си знае и самиот каков играч е Мата.
И каде ја виде мојата субјективност и тоа не знам, но во ред.





Sky sources: Wayne Rooney will not hand in a transfer request



Ни се тера, ни се води. Не знае и сам што сака. Нека му е со среќа во Јунајтед, го сакав во тимот, ама тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom