Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Луиз го нема ни на клупа
За што се работи..не сум сретнал некоја информација да е повреден нешто или?

Беше повреден, се очекува да се врати за натпреварот со Баерн.
 
драгонскај вика Шурле ќе ја решел, да ви пренесам :)
 
Како што се и очекуваше тврд фудбал, свесно им ја препуштивме средината и се чекаше контра.
Оскар можеше подобро да ги искористи тие полушанси т.с подобро да шутира, ама ај што е тука е.
Во второ не е лошо да се тргне поагресивно да се збуни противникот па ако може да си закачи гол, после нека играат повлечено.
Како и да е и да заврши 0:0 нема да бидам незадоволен, сепак е почеток на сезона плус гостински терен.
--- надополнето: 26 август 2013 во 21:57 ---
Шурле повеќе од изгубен е на терен :)
Не би рекол, претрча доста во дефанзива. Офанзивно не можеше ништо да направи со тие топки затоа што одеа 3, 4 метри далеку од него. Плус и прв натпревар му е како шпиц и не се познава добро со играчите.
Накај 60 не е лошо да се внесе Лукаку во игра, да се тепа малку со Видич. :)
 
Јас предлагам од сега Торес да урла по теренот . Како што е непредвидлив може да му дојде топката па да ја акне во гол :)
 
Задоволен од Мурињо како го постави тимот на тактички план, во дефанзива безпрекорно. Задоволен сум со бодов, задоволен од цел тим а посебно од Торес, се гледа дека сака да игра и дава се од себе. Сега ни следува мечот со Баерн, се надевам на позитивен резултат.
Еден е МОУ. Генијалец!
 
Задоволен сум со 1 бод на Олд трафорд, од играта не сум задоволен, премногу време ја имаше ман. топката во нозе и имаа повеќе шанси али битно е што не изгубивме. Тврда утакмица беше и ова е најреален исход :)
--- надополнето: 26 август 2013 во 23:04 ---
Џон Тери играч на утакмицата :cuc:
 
Шурле покажа знаци второ полувреме . За играва што да коментирам нека коментира Мурињо , мене не ми се допадна . Али ајде мораше вака сега со Баерн помашки :)
--- надополнето: 26 август 2013 во 23:06 ---
И да сакав да кажам нешто за Џон Тери . И да не му е сигурно местото во тимот тој ќе се избори да го добие и да не му е сигурна капитенската лента тој пак ќе ја добие оти е вистински борец и вистински лидер . Ете токму такви се легендите . Нека учат малце т.е малку појче и од него и од Лампард :)
 
Мурињо, тактички поуспешен од Мојс :cuc:

Андре Шурле :cuc: Неговата борбеност, истрајност, работливост, снаоѓање на секој дел од теренот. Импресиониран сум. Не е како сите класични играчи, овој е играч од задача и се помалку ги има таквите денес. Можеби за другите добар фудбалер е само оној кој знае да дрибла, дава голови и игра атрактивно, но јас многу ги ценам ваквите фудбалери. Ма да, сигурен сум дека од Шурле ќе дојдат и многу голови и добри потези.

Џон Тери :cuc: Доктор, може да им предава на сите дефанзивци во тимов моментално. Се живо и диво искина, го пикна Перси в џеб. Моментално еден од најдобрите напаѓачи во свет. Целата одбрана беше многу добра, ама Тери беше сјаен вечерва.


Јас сум задоволен. Почеток на сезона, дерби против Јунајтед на Олд Трафорд, без примен гол. Тактички се играше и од една и од друга страна. Немаше убавина, ама сепак, дерби е, тежок противник, не можеш да се отвориш и да играш којзнае колку убаво.
Наредна со Баерн, искрен да бидам, не ми е толку битна, затоа што СуперКупот мене ми е еквивалентен на Карлинг Куп, натпревар повеќе за плакнење очи, ако загубиме, ништо страшно.
Темпираме форма и тоа со прилично зафркнат распоред, после Баерн доаѓа и Евертон и прилично добро се носиме. Кога овој тим ќе се воигра, ќе биде многу силен.
Оптимист сум и верувам дека така ќе биде. Уште малку му треба. Верувам во играчите и Мурињо, стискам палци за среќни лица некаде при крајот на мај, наредната година здравје.

И да. Го гледавте Руни? Каква класа е? Не можевме топка да му земеме, секаде го имаше, отвораше шанси, додаваше, шутираше, покриваше во одбрана, перфектен играч за овој тим. Дај Боже да го соберат и да се комплетираме. Тој е тоа делче во мозаикот што ни фали, затоа и Јунајтед избегнуваат да ни го продадат, затоа што и тие го знаат истото.

Така, па ги чекаме конкурентиве на Мостот. Дотогаш ;)
 
На Петр Чех ова му е 200 cleen sheet, му фалат уште 8 да го израмни рекордот на Бонети. :cuc:
 
Тапа меч. Не знам што мислеше Мурињо со тактикава. Едно време мислев дека планира до 60та мин да брани резултат и да препушти иницијатива на домаќините кои што немаат јака клупа па после со двојна замена да се обиде да го реши мечот. Јунајтед не е поквалитетен од Челзи за да се брани резултат вака рано во сезона. Со Баерн вака да игравме ќе сфатам, ама ова не го сфаќам.
Хазард и Оксар изиграа добро, Де Брајне како и да го немаше, Рамирес и Лампард онака.
Одбранава пак знае да прави пропусти ама горе доле се одбранивме некако. А и подитно да се најде замена за Ешли ! (Ето и Руни како алтернатива да се донесат под итно ! )
Игравме со 4 АМ играчи чија главна задача би требало да биде создавање на шанси, а денеска имавме 0 100% шанси. Значи уште 5-6 АМ играчи ни требаат па да се оправиме некако.

На крајот на краиштата бод на гости против шампионот и не е така лош, ама играта ме разочара комплетно. Сепак прво место без пораз е и повеќе од солидно. Идеме сега во Прага да видиме што ќе направиме.
драгонскај вика Шурле ќе ја решел, да ви пренесам :)
Фала многу.

Како и што реков феноменално изигра Ширле. Ја реши. Опасен лево, опасен десно, опасен по средина, опасен за Јунајтед, опасен за Челзи. Феноменален. За со Баерн може и лажна единица да го играме а подоцна во сезоната и лажен менаџер или лажен навивач ќе го ставиме. Ако има проблеми Роман со законот Ширле може и лажен Роман да биде.


Најсеризоно има некој фул статистика за Ширле на мечов да постира ? (through balls, key passes etc. ?? )

А он кај е?

Не сум во тек со настаните на форумот, ретко се вклучувам затоа прашувам :D
Не бев дома па морав да ја замолам Џену да сподели тоа што сакав да кажам (а баш сакав :D )

Задоволен од Мурињо како го постави тимот на тактички план
Па во прв тим те стави нормално дека ќе бидеш задоволен :D
 

Ко си го бараше пенкалото а тоа кај да ти било ... нц нц нц
 
Драгон бе, не е до тоа дека тие толку можат, навалнава линија, туку така им е наредено од Мурињо. Стратегијата за секој меч е различна. Тие играчи ја немаат таа слобода што ја имаат вообичајно. Ние игравме вечерва, да не бидеме поразени и успеавме во тоа. Затоа не дојдоа до израз крилните фудбалери и напаѓачот, затоа што играта не ни се засноваше врз тоа.
 
Ништо не видов од утакмицава ама па и немаше многу што да се види. Добро е, прифаќам бод на Олд Трафорд ама мислам дека ако се играше машки и се притиснеше од прва минута со Лукаку/Торес напред немаше да има проблем да се дојде до победа. Али добро, почеток е па Мурињо изгледа гледаше само да избегне победа.

Сега со Баерн. Супер Купов еве пак го играме, а јас баш тој период пак ќе се погоди да сум во Бугарија. Лани среќа на куглање бев баш тоа време па можев таму да гледам, ама сега изгледа ќе бидам на пат за назад и ништо нема да видам :(
Како и да е, супер би било да се победи ама не е нешто ептен битно. Исто како КШ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom