Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
BPtWszOCMAEC_Wg.jpg:large


BPtdIlACMAA1MCv.jpg:large


:icon_lol:
--- надополнето: 21 јули 2013 во 18:23 ---
BPtcB7VCAAA0szf.jpg:large


BPtcw_aCYAArQbo.jpg:large


BPtdK8qCQAABSB8.jpg:large
 
Очигледно не е ништо сериозно со КДБ чим веќе е на нозе. Веројатно повеќе превентивна беше замената. :)
 
Нападот во прво беше супер.Лукаку одлично функционира со Хазард и Де Брујн покрај него.
Незнам за другите,јас денес првпат слушнав за овој Траоре :):) И позитивно ме изненади со играта :):) Феруз исто солидно се покажува со оглед на малата минутажа (2Х по 15/16 минути играше на 2та натпревари).
Мислам дека треба 2цата да ги пратат во Витезе да направат некое искуство и да се исчеличат..
За Валас и Калас/ш незнам какви се плановите ,дали ке остануваат во екипата или ке се праќаат на позајмица ??
Пиазон и МкЕкран мислам дека не се за во прва екипа..Позајмици во некоја екипа од ПЛ/Чемпионшип би завршила убава работа.
 
За Валас и Калас/ш незнам какви се плановите ,дали ке остануваат во екипата или ке се праќаат на позајмица ??
Валас ќе оди на позајмица, Калас останува.
 
Валас ради работната дозвола ќе оди на позајмица, а со АК47 ќе ја засилуваме одбраната.
 
Looks like Kevin de Bryne got a hyperextended knee injury.

Наводно КДБ го повредил ова чудо. Може да дојде до кинење на лигаментите, ама со оглед на тоа што он веќе беше на нозе не верувам да е такво нешто случај. Како и да е , сигурно ќе паузира 2 недели негде, по моја слободна лаичка проценка.
 
Според веб порталиве Челзи понудил 46 мил за Руни :eek:
Дај нека се свестат у пм во управава,Руни не е ни во форма а ние нудиме цело богатство.Башка за џабе не ни го продаваат Ман.У ќе си лапнат добра пара.
 
Според веб порталиве Челзи понудил 46 мил за Руни :eek:
Дај нека се свестат у пм во управава,Руни не е ни во форма а ние нудиме цело богатство.Башка за џабе не ни го продаваат Ман.У ќе си лапнат добра пара.

Зошто ти, а и претходно некој имаше пишано дека Јунајтед ни го продаваат Руни? Демек ни го нудат они да го земеме.
--- надополнето: 21 јули 2013 во 20:34 ---
Еве ги головите
 
Од 21:30 на Спортклуб+ ќе има реприза од денешниот натпревар, за вас не знам јас пак ќе си го гледам :)
 
Сите екипи во ПЛ, особено оние кои претендираат за титула и се на врвот, од самиот старт добија едно огромно засилување. Пензионирањето на Фергусон.
Но, ние сме можеби еден чекор пред нив, да не звучам претенциозно. Поради доаѓањето на Мурињо. За мене, можеби стартуваме од пол позиција, иако Мурињо вешто потенцира дека Челзи има млада екипа и дека ќе биде фаворит од сенка, секако, за да им го тргне притисокот на играчите, што уште еднаш докажува дека не е обичен тренер, како и секој друг.

Засега, ова што го работи управата е одлично. Моментално, ова е најдобриот трансфер период во последните 10 години. Најпаметниот би рекол, бидејќи се работи потајно, рационално, не се трошат огромни пари и веќе не сме оној Челзи што ќе прифати да плати 100 милиони за некој играч.
Да, за Кавани мислев. Одличен напаѓач, без дилема. Арно ама, 64 милиони не вреди. Ни тој, ни никој како него. Меси и Роналдо вредат толку и точка.
Мило ми е, што имаме научено лекција од претходно и што покажавме дека не сме овци за стрижење повеќе. Би го пофалил и Еменало, кој последниве 2 сезони заврши огромна работа со трансфериве, ма да, ми идеше на живци некое време.

Го добивме прво Шурле. Толку оспоруваниот Шурле овде. Што нуди тој? Нешто што досега сме го немале, во нападот и таа напаѓачки линија. Корпулентен, со разорен шут, играч со глава, брз за неговата висина и со солидна техника. И нешто побитно, помага и игра во дефанзива. Сите играчи на Мурињо, дури и оние од нападот, горе-доле се работници. Кога освои ЛШ со Интер, паметам дека Ето и Пандев истрчаа 40 километри што се вика, косеа по страна и им помагаа на страничните бекови. Особено тоа се виде против Челзи во реваншот на Стемфорд, кога и испаднавме од нив.
Баш го гледам и на пријателскиве, work rate да не речам повеќе од задоволителен. По потреба исто може да игра и како шпиц, па и по десна страна. Има 22 години и е репрезентативец на Германија. Не знам што сакате засега повеќе.
Потоа, Ван Гинкел. Најдобриот млад играч во холандско првенство. Искрено, не знаев многу за него, пред да појавиме интерес, но знам дека и Јунајтед беше од сенка заинтересира, а и Нинович баш ми спомна, дека пред година дена, Ван Бастен ги советувал Милан да го соберат, затоа што има огромен потенцијал. И има!
Би рекол Балак, ама една малку понежна верзија и малку потехнички надарена. Игра едноставно, тоа е новина во средниот ред на Челзи. Не ја гмечи топката, додава и размислува брзо, знае да даде и гол, да повлече, да асистира и баш го пратев овие две пријателски, ептен солиден е во дефанзива и во сечење топки. А, има 20 години.
Марк Шварцер, одлична работа. Се откачивме од Трнбал, го добивме Шварцер. Со огромно искуство позади него, а морам да признаам дека мене и од пред тоа ми беше еден од поомилените голмани во ПЛ. И еден од единствените кој му одбранил пенал на Лампард. Одличен за бек-ап, што не значи дека на Чех му е загарантирано местото.

Потоа, позајмените. Мурињо кажа дека ќе останат четворицата во Челзи. Есиен, Лукаку, Кевин и Калас.
Есиен ако не е повреден, да ми го памтите зборот, дека ќе биде главен во средината. Како на времето. Лани одигра голем дел од натпреварите за Реал, играше и како десен бе и беше сосема добар, ако го земеме фактот дека долго време беше повреден и се мачеше со коленото.
Лукаку, мило ми е што ќе биде дел од Челзи наредна сезона. 17 гола во ВБА, хет-трик на Јунајтед, ќе ја врати цврстината во нападот, што ја загубивме со заминувањето на Дрогба. 12-15 голови типувам за наредна сезона, со оглед на тоа дека ќе имаме тројца напаѓачи, со Руни и Ба.
Кевин Де Брујн, интересен играч. Може да игра секаде во средината. Со него тимот ќе има една нова димензија, ќе има универзален играч и мислам дека ќе изигра битна улога во сезонава која ни претстои.
Калас, паметно, за ротирање, во реалтивно послабите утакмици, лани во Витесе имаше огромен напредок, на пријателскиве е добар, наместо да купуваме Мангаловци за луди суми, ете ни наше дете. Паметен избор, пак ќе речам.

Е сега, поголемиот дел од вас овде, негодувате зошто Челзи купувал играчи што играат во навална линија и од среден ред, што сме дуплирале позиции итн.
Видете, можеби лани и прелани освоиме европски битни титули, но реално, ние немавме длабочина на составот. Имавме мал ростер на играчи, сета среќа што не не мачеа повреди, иначе немаше да видиме ни т од титула.
За да бидеш успешен и константен клуб, треба да имаш клупа и повеќе играчи. За ротација, за пробување нови комбинации.
Минатата сезона, се изиграа 69 утакмици. Рекорд! Премногу, ако земеме во предвид дека Мата претходно играше на Олимпијада и Европско, дека Оскар играше на Олимпијада, а тие двајца плус Хазард ги одиграа скоро сите утакмици, тогаш тоа е претеризам. Се исцрпуваат играчите и физички и психички. И немаше кој да ги замени, а фала Богу, не се роботи, туку обични луѓе. Па затоа имавме и огромни падови, па затоа ремизиравме со Рединг и Сотон од веќе добиени утакмци, па затоа и стравувавме дали ќе играме во ЛШ и дали ќе дојдеме до тоа 3-то место.
Секоја европска екипа, успешна зборува, има силна клупа. Тоа е факт!
Баерн на клупа ги чуваше Милер, Гомез, Крос и Густаво. Фантастични играчи, сите четворица, без проблем би играле во скоро сите екипи, во прв состав.
Правам компарација, да биде посликовито.

Ако изиграа по 50 натпревари, нашево напаѓачко трио минатава сезона, тогаш не гледам зошто да изиграат повторно уште толку и во тоа темпо. Затоа ги дуплиравме нивните позиции. Ако изиграме, хипотетички, 50, тогаш 30 би изиграл да речеме Хазард, 20 Шурле. И сигурен сум дека нема да се побуни за минутажа и за постојаната ротација, затоа што 20 утакмици не се малку, ниту пак 30, а во составот постојано ќе циркулираат нови и свежи играчи, а не и против Свонси во Карлинг да играме со најјак состав и против Ливерпул во лига.
Истото важи и за Оскар. Ван Гинкел и Де Брујн се тука, особено првиов. Затоа што мислам дека Де Брујн ќе игра по десно крило, како за Белгија и ќе ротира со Мозес, секако ако играме 4-2-3-1 и ако играме со класично десно крило.
Поентата ми ја сфаќате, најверојатно.

Сакам и десно крило, ете, замена да имаме класични две, но кажав погоре, планот на Мурињо е изгледа тој, така што за сезонава сме спремни. Ама затоа се мисли за во иднина и се бара Брума, кој го пратев на првенството за млади и бев импресиониран.
Огромен, огромен потенцијал. Може да игра и лево и десно. Затоа навивам да го купат и да го позајмат, сезона-две, па да имаме добар играч.
Плејови имаме сега колку сакаш, нема проблем за тоа. А, пред две-три години, со Фантом кукавме дека нема кој да повлече и дека главен плеј ни е факинг Анелка. Но, добро, од повеќе не боли глава.

Одбраната ни е добра. Можеби изминативе две сезони беше подложна на киксови и примање многу голови, но индивидуално сме добри. Мурињо ќе ги стегне таа жица. Не беше толку до играчите. Па високата одбрана на Боас, па после сосема различно со Ди Матео, па одново со Бенитез. Тешко е за адаптација, па затоа си зема плен тоа експериментирање. Истите од лани, плус Калас и разулавен Луиз, кој ќе биде миленик на новиов шеф.

Оскар, јас би го форсирал задњи везни, како Пирло/Алонсо. Само никако по крило. Или наместо Мата по потреба. Одличен додавач, има визија, техника, контрола на топката. Сметам дека нема да има проблем да ја преземе таа улога и со уште еден копач до него, да си ја истера работата.
Кога сме кај копачи, посакувам да го земеме Де Роси. Играч и пол. Да го зацврстиме уште малку тој дел од тимот. Но, Мурињо јавно изјави дека нема да се купува, се надевам дека работи нешто на страна и дека тоа е само обичен параван. Без Де Роси, пак сме добри, Де Брујн и Гинкел , ќе речам повторно, ќе понудат нешто ново и ќе понудат многу опции.

А, да. Вејн Руни, го чував за крај. Да е некој против доаѓање на Руни, треба да е...нема врска.
Не е во форма, да. Ама заборавате дека лани беше во улога на Сколс. И не беше полушпиц, туку беше класичен MC, отприлика цела сезона. За да му се удоволи на Перси.
Руни е играчиште, сум го почитувал отсекогаш, без разлика што играл во Манчестер. Имаше проблем со клубот, навивачите, можеби не е во право, не навлегувам, не сум запознаен со ситуацијата, ама под палка на Мурињо и како типична 9-ка, ќе биде полн погодок. Луѓе, да не се заебаваме. Руни е човекот кој на некој начин директно, го направи Роналдо најдобар фудбалер, кој вакцинираше како од шала во 2010 особено. Дури и има завидна статистика.
Рачунајте, ако би дошол кај нас, би дошол со нова воља и елан, нов почеток, мотивиран за да се врати на стари патеки и да им помогне на Англичаните да направат нешто повеќе на Светско.
Плус, голем работник, во дефанзива помага, нешто налик на Дрогба. Затоа и впрочем Мурињо беше јасен и концизен, Руни и само Руни. Тој сака играчи, надарени со топка, да знаат да играат, ама да знаат и да помагаат на тимот.
Руни, до 35 па и 40, ако веќе бараа за Кавани 64, се прифаќа, со две раце!
Торес, мислам дека е време да напушти. Настрана платените 50 милиони, скоро 3 години е во Челзи, не покажа скоро ништо. Имаше некој вреден гол, симнувам капа за тоа, повремени ситни блесоци, но сепак, бледа сенка од Атлетико и Ливерпул.
Сакам да си оди и знам дека ќе успее во друг клуб, зошто ќе му се тргне притисокот и теретот од грб, искрено бајги му се насобра, иако навивачите имаа и имаат трпение со него и ќе сврти нов лист.
Ба имаше и лоши партии, ама за 6 месеци неполни, не може да му се замери. Треба сега нему да му се даде шанса.
Згора на се, во Челзи никогаш и не се играло стриктно и само за напаѓач.

Околу земањево на играчи, млади таленти, палец горе. Затоа што со ФФП, ќе мора да се намали со трошење, вака тимот мисли за во иднина и обезбедува потенцијални одлични играчи, кои ќе бидат носечка сила на Челзи, да не претерувам, во наредните 10 години. Овие купените, тие од академијата, која работи прилично добро и мирен сон!

Не сакам да заврши летово, ама сакам да почне Премиер Лига и тоа одма. Возбуден сум, околу новиов Челзи и враќањето на омилениот Мурињо.
Да се има трпение и успехот ќе си дојде сам по себе.
 
tumblr_m8fd4y77Zq1rs2744.gif


Освен ова за Ширле (да ни треба squad depth и Ширле е сосема добар за таква позиција ама не вреди 20м.) и за Руни се друго се сложувам. Истиве муабети се вртеа и за Торес, ама ајде реков не коментирам за Руни додека не се реши и официјално кај ќе игра следната сезона.

А и џабе што се пензионираше САФ кога секако ќе има моќ во ФА.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom