Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Интересен е вака ко човек настрана неговите недоразбирања со навивачи на Челзи и негова историја, ама ко тренер е просек чист.

Забораваш дека просеков со Ливерпул бркаше Премиерлигашка круна во сезона во која завршија втори чинам, а освои Лига на Шампиони...
 
Реал има потапа играчи од Челзи. Во Реал се игра млако, во Челзи се игра со душа на терен, во Реал во најбитни утакмици сите играчи се тиња освен Роналдо. Во Челзи е обрантно, во битни мечеви имаме лидер во играч од калибар на Лампард, имаме мали магионичари како Хазард и Мата кој секој меч го решаваат, а во Реал е само Роналдо. Да не ни зборам колку подобра одбрана имаме од Реал, светлосни години подобра. Реал е може бољи само на крила и у голманска позиција, другово сме подобри. Добро де, подобри се и со напаѓачи. Така да не би рекол дека Мурињо има подобра екипа во Реал отколку оваа во Челзи.
 
Збор, два за коментарите околу Бенитез...
AL. кажа убаво
„Рафаел Бенитез,фала за се што направи за клубот. Со среќа и ти посакувам успеси понатаму. Поздрав се најубаво.ТОЧКА .“

Марин, Марин, Марин..... го отековте со него. Сигурно не знаете како се покажувал на тренинзите, а тоа што го покажа кога му се даде шанса сите го вадевте (вклучително и јас) од игра. Што беше и оправдано. Можеби бил повреден, можеби болен и сл. но и да бил спремен и јас би го играл попрво Бенајун и би го вратил и Малуда да игра, но Марин никако....

Друго што се изначитав околу Бенитез, зошто ги форсирал Хазард, Мата, Оскар, Торес - зошто не играат Хазард, Мата, Оскар, па и Торес и сл. Крај со крај не може да се сврзи. Очигледна е омразата кон него и неговите одлуки. Прави грешки но направи и добри работи. Ги изротира максимално малиот број на играчи коишто ги имаше на располагање, вклучувајќи и млади Пиазон на почетокот и Аке. Го проба и Луиз на позиција која што не е негова и се покажа добар. Ги видовме можностите на Ацпиликуета, Лампард игра одлично со што го собори рекордот (па и ова резултираше со продолжување на договорот - инаку ќе го изгубевме и него - за управата :tapp: ), Торес на крајот од сезоната почна да покажува добри партии и сл...
Сигурно тој разбира повеќе од нас „експертите“ тука на форумот и скоро секоја негова одлука си има причина зошто тоа така го направил оправдано.

Неговата работа е завршена добро тука, стори доволно за времето коешто го имаше на располагање. Сите на почетокот (пред Бенитез) рековме дека му треба време да се уигра тимот и да носи успеси. Сите говоревме за пласман во првите 3* места кои водат директно во ЛШ. Стигнавме до тие места, освоивме ЛЕ и според мене доволно е тоа.

Но пак ќе повторам само зошто е Бенитез за се е крив тој (не генерализирам - но повеќе од пола коментарите се такви). Бенитез не ги ротира играчите, не добиваат шанса, кога играат овие зошто не ги одмара, кога играат „послабите“ зошто не се во игра Мата, Хазард, Оскар...

Конкретно за финалето тотално го подготвил тимот и го оправдувам што не направи ниту една замена. Можеби Рамирес требаше да се замени, но со тоа би се изгубила брзината што ја поседува, којашто беше клучна за изнудениот корнер на крајот, како и корнерот минатата сезона ЛШ.

И само уште за Торес да спомнам дека ја играше истата игра во финалето, што ја играше последните неколку натпревари, но постигна гол кој резултираше со освојување на титулата и затоа нема ниту еден негативен коментар, доколку не се добиеше финалето ќе беше на колец набиен 100%.
 
Види мајката во последниве 10 години сме освоиле 11 титули вкупно, кој само вештачки клуб сме.
 
gYZhSY1.jpg

969489_520023971398548_1789526172_n.jpg

603439_592020160816294_536300045_n.jpg

941969_591675504184093_352794014_n.jpg
 
Целосно се согласувам со постот на 8_88..
Некои од тука гледаат целосно да ги изостават убавите страни на неговиот престој,а треба да му се даде заслуга за повеќе работи.
1.Редовното играње на Азпиликуета во прва постава.
2.Играњето на Луиз како DM,претходно 2ца менаџери ја немаа истата храброст :):)
3.Ротацијата на Хазард и Мата на одредени натпревари (цела сезона од по 70-80 натпревари ја издржаа,дури сега во финалево Хазард испушти важен натпревар)
4.Редовното играње на Лампард на крајот од сезоната (кој на некои натпревари не заслужуваше да биде во стартните играчи) со што му овозможи да го постави рекордот..
 
Освен последново за се друго се сложувам. Мора реално да се гледа на работите :)
 
Иначе,кога ги играме 2те пријателски со Сити во Америка ??
Мислам дека не им требаше овоа да закажуваат пријателски на крај на сезона кога играчите се умрени после ненормален број на натпревари.Имаа доста време од јули натака да си закажуваат вакви работи.
Не остана натпреварување во кое не отидовме до крај (Комјунити Шилд,ЕСК,СКП,2та купа во Англија до полуфинале,ЛШ 6 во група,ЛЕ до крај).А за некои (Шпанците и Оскар за Бразил) ке има уште играње летово,овоа во Бразил.
 
Инаку закажан е веќе датумот за евентуалниот плеф-оф со Арсенал а тоа ќе биде ден по пријателската со Сити.
Плеј-офот би се играл на Вила парк.
 
Јас мислам дека нема да има плеј-оф :)
 
Во титули
Бенитез>Мурињо... :D
 
Ако некому текне да го вметне Куртоа во евентуален договор за Фалкао, да даде Господ, Зоки Фаци гол да му шета низ куќа.

Инаку, во исчекување сум на Мурињо, да си се врати на трофеите...


Околу Марин. Абе која ви е таа логика? Човекот двапати беше стартер, не се покажал и готово? Бре мајката. Бенајун 10 пати беше стартер, па пак остана дрво. Торес 3 сезони е стартер, па пак е дрво, Калу 6 сезони играше во Челзи, па пак беше дрво.
А, Марин со само две утакмици и пет влегувања од клупа од по 5 минути, бил за никаде и Бенајун би го играле пред него.
Чудна работа.
 
Ако некому текне да го вметне Куртоа во евентуален договор за Фалкао, да даде Господ, Зоки Фаци гол да му шета низ куќа.

Инаку, во исчекување сум на Мурињо, да си се врати на трофеите...


Околу Марин. Абе која ви е таа логика? Човекот двапати беше стартер, не се покажал и готово? Бре мајката. Бенајун 10 пати беше стартер, па пак остана дрво. Торес 3 сезони е стартер, па пак е дрво, Калу 6 сезони играше во Челзи, па пак беше дрво.
А, Марин со само две утакмици и пет влегувања од клупа од по 5 минути, бил за никаде и Бенајун би го играле пред него.
Чудна работа.

За првото се сложувам, за второто индиректно ме викна, па го мислам следното...

Нема никаква логика туку видување од досега виденото првично во Челзи, а и настрана...
Марин е каде каде послаб играч од гореспоменатите, се гледа во сите настапи до сега што ги имал како тука така и во Германија, а и во репрезентацијата, никогаш ама баш никогаш не сум видел нешто посебно во него (иако го немав многу гледано претходно...)
Имам кажано претходно и знам дека некои ме прават улав за тоа дека Бенајун не е дрво, знаеме на какво ниво играше натпревари во ПЛ.... Но ќе повторам дека не го оправдувам тоа ако моментално нема ништо од тоа т.е да живее на стара слава но секако би го ставил пред Марин.
Калу сакал или не да потврдиш е играч со многу среќа и многу пати не вадеше од калта и па би го ставил пред Марин. Марин со Торес ми го споредуваш во „дрвоста“ абе ајде не ме заебавај.

Никој ама баш никој не веруваше во Микел претходно па почна да се велича оваа сезона, исто за Фереира претходно, а и за други играчи да не објаснувам за секој посебно...

Тоа е твое мислење за Марин и не можам да го променам секако, како и ти што не сакаш да го промениш мислењето за Стариџ и готово. Не сакам да дискутирам повеќе на тема Марин, па и Чех иако за овој вториот пак бев идндиректно тагиран вчера...

Марин за мене останува подпросечен фудбалер и не е за во Челзи. Толку.
--- надополнето: 18 мај 2013 во 01:46 ---
ilk9AGtDA0uin.gif
:cuc:
 
Ама како бе, колку пати си го гледал Марин за да тврдиш дека е просечен? Еднаш, двапати? Не може таков заклучок да се донесе.
Пола сезона повреден, се сменија двајца тренери, човекот изигра еднаш само 90 минути против никаков КПР и тоа е тоа.

Калу не вадел од гомна, ептен ретко, ама во 6 цели сезони. Марин кога ја доби шансата да не извади од гомна? Еднаш. Калу или беше стартер или влегуваше од клупа и добиваше солидна минутажа. Не е исто.
Торес? 50 милиони се дадени за него, 50 милиони. Тоа е многу. Толку пари вредат само Меси и Роналдо, крај.
За 50 милиони треба да ора и да дава голови постојано. Од 50 и нешто утакмици сезонава, дека нели негова најдобра, има 21 во сите конкуренции и тоа 4-5 му се против Брентфорд, 4-5 против Спарта и Стеауа и тоа е тоа. Не ни ги споменувам минативе сезона и пол.

А, Марин е дојден за 7 милиони, се мачи со повреди, еднаш стартер во цела сезона и бил дрво.
Не сакам ниту пак пробувам да ти сменам мислење, туку несфатливо ми е и нелогично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom