Збор, два за коментарите околу Бенитез...
AL. кажа убаво
„Рафаел Бенитез,фала за се што направи за клубот. Со среќа и ти посакувам успеси понатаму. Поздрав се најубаво.ТОЧКА .“
Марин, Марин, Марин..... го отековте со него. Сигурно не знаете како се покажувал на тренинзите, а тоа што го покажа кога му се даде шанса сите го вадевте (вклучително и јас) од игра. Што беше и оправдано. Можеби бил повреден, можеби болен и сл. но и да бил спремен и јас би го играл попрво Бенајун и би го вратил и Малуда да игра, но Марин никако....
Друго што се изначитав околу Бенитез, зошто ги форсирал Хазард, Мата, Оскар, Торес - зошто не играат Хазард, Мата, Оскар, па и Торес и сл. Крај со крај не може да се сврзи. Очигледна е омразата кон него и неговите одлуки. Прави грешки но направи и добри работи. Ги изротира максимално малиот број на играчи коишто ги имаше на располагање, вклучувајќи и млади Пиазон на почетокот и Аке. Го проба и Луиз на позиција која што не е негова и се покажа добар. Ги видовме можностите на Ацпиликуета, Лампард игра одлично со што го собори рекордот (па и ова резултираше со продолжување на договорот - инаку ќе го изгубевме и него - за управата

), Торес на крајот од сезоната почна да покажува добри партии и сл...
Сигурно тој разбира повеќе од нас „експертите“ тука на форумот и скоро секоја негова одлука си има причина зошто тоа така го направил оправдано.
Неговата работа е завршена добро тука, стори доволно за времето коешто го имаше на располагање. Сите на почетокот (пред Бенитез) рековме дека му треба време да се уигра тимот и да носи успеси. Сите говоревме за пласман во првите 3* места кои водат директно во ЛШ. Стигнавме до тие места, освоивме ЛЕ и според мене доволно е тоа.
Но пак ќе повторам само зошто е Бенитез за се е крив тој (не генерализирам - но повеќе од пола коментарите се такви). Бенитез не ги ротира играчите, не добиваат шанса, кога играат овие зошто не ги одмара, кога играат „послабите“ зошто не се во игра Мата, Хазард, Оскар...
Конкретно за финалето тотално го подготвил тимот и го оправдувам што не направи ниту една замена. Можеби Рамирес требаше да се замени, но со тоа би се изгубила брзината што ја поседува, којашто беше клучна за изнудениот корнер на крајот, како и корнерот минатата сезона ЛШ.
И само уште за Торес да спомнам дека ја играше истата игра во финалето, што ја играше последните неколку натпревари, но постигна гол кој резултираше со освојување на титулата и затоа нема ниту еден негативен коментар, доколку не се добиеше финалето ќе беше на колец набиен 100%.