Традиција ни стана, Манчестер да дава гол рано на дербиво, односно последно време и два, па после Челзи да почне да игра фудбал.
И тоа по наша вина. Одбраната во целина. Од голман до дефанзивци. Особено сезонава. Ивановиќ не испадна од Карлинг, Чех ќе не испадне од ФА Куп, двата примени гола од Јувентус на Стемфорд не испаднаа од ЛШ. Се по наша вина! Сами се победуваме. Болна реалност.
Не можеш бе да ги имаш Хазард и Тери здрави, а Оскар да игра по крило, НЕ Е НЕГОВА ПОЗИЦИЈА, има ли некој појма во клубов наш?
Кејхил и Луиз се циркуз. Не знаат кај тераат, малце ме фаќа жал. Чех ме разочарува. Барем уште еден да прими, па хет-трик, таман да си комплетира.
Да имавме друг тренер и во некои други времиња, ќе бев сигурен дека можеби би се вратиле во мечот. Вака, убиени ми се сите надежи.
Еј бе, еј... да примиш гол, па да почнеш нешто да играш, ситно. Не којзнае како, ама барем да шутнеш еднаш. Отсега барем со два негатива нека стратуваат.