Мата, Кејхил, Ивановиќ, Оскар, Рамирес и Луиз сите настапија за репрезентациите на пријателските. Исто и Стариџ но не е „првотимец“. Каде баш сега мораше да има пријателски

.
Од тоа што успеав да видам Мата имаше една асистенција за Педро.
Кејхил не ја гледав Англија само повремено кога имаше шанса-гол.
Оскар феноменален имаше неколку добри пасови кон Нејмар и Кака кои не успеаа да ги реализираат.
Луиз и тој беше добар со Фалкао кој не направи ништо посебно( но „немаше“ со кој да игра).
Рамирес стандард.
Стариџ ништо посебно од погледнувањето чат-пат кон телевизорот.
Натпреварите викендот, а и ЛШ вторник се многу битни, но со оглед што нема одмор за овие претходните (а и Ди Матео е крив што не ротира барем малку) ќе биде тешко.
Мора против ВБА да игра со некои измени... според мене може да почне со 4-1-3-2
Ацпиликуета, Ивановиќ, Кејхил, Бертранд
Рамирес
Мозес, Оскар, Мата
Стариџ, Торес
но ова нема шанси да биде познавајќи го Ди Матео

Реално на овој натпревар јас би ги одморил Луиз, Хазард и Микел, посебно вториот бидејќи очигледно му е потребен одмор.
Колку фали во моментот Лампард и Тери но тоа е, ќе се крпи некако...
И да околу голот на Оскар во ЛШ против Шахтјор не искоментирав. Сигурен сум дека ниту еден што настапи тогаш немаше да го погоди тоа, освен можеби Мата..
Значи страшно е талентиран и мора да се искористи тоа и доколку е можно никако да не се продава
А за Торес можеме да сонуваме дека ќе влезе во дуел како Феруз од синоќа (вториот гол). Попрво би застанал и би се сокрил него ли да проба да помине...
Феруз е одличен на негови 17 години и верувам дека ќе биде одличен голгетер, се надевам дека ќе игра во сениорскиот тим некогаш.
Еве линк од головите што ги постигна синоќа за Шкотска
http://videos.sapo.pt/s20C6l81dm6zswOvgyFp