ВБА, Јувентус, Фулам, Сити, ова се мечеви во кои ќе се одлучува сезоната за Челзи, дали ќе идеме на титула во ПЛ и одбрана на ЛШ, или не. Во овој месец ќе ја знаеме судбината на Челзи, и дали Гвардиола веќе почнал да зима курсеви по англиски јазик.
Реално гледано, последните утакмици, Челзи се расфрла со бодови, изгубивме драгоцени и многу битни поени во мечеви кои моравме да ги добиеме(Ливерпул, Свонси), имаме проблем во игра после примен гол и Ди Матео не покажа муда и карактер ко маж да влезе во дуел после примен гол, тактизираше и доцнеше со измени, иако со Ливерпул играта беше корегирана во одбрана пред се.
Јас лично не сум фан на Гвардиола, и мразам да гледам таков фудбал ко што игра Фарса и фудбал ко што форсира Гвардиола, така лично се надевам дека Ди Матео ќе се корегира и ќе се сконцетрира на неговата работа да ја задржи и повторно да го врати Челзи во полна пареа. Очигледно е дека после Јунајтед играчите психички се паднати, и играта драстично послаба, се деси кражба, се деси неправда, но тоа не треба и не смее да биде изговор за лоши резултати, Ди Матео мора да ја врати екипата на победнички патеки и да машки да влезе во дуели, да иде на 3 бода, на се или ништо. Ионака чичо Роман знае што да прави кога Челзи има лоши резултати, што е и во право, со оглед на тоа колку вложи во играчи летово.