Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа и Лампард ќе ни замине за Кина. (n)Добро е што Тери не е сериозно повреден , сега треба да се ротираат Бане, Луиз и Кејхил како CB , a Азпикулиета покажа дека може достојно да игра како десен бек во прв тим, така да немаме гајле да издржиме неколку недели , нели само тие недели да не станат месеци тогаш ќе биде зафрканато.
 
Ќе видиме дали ќе замине, засега нема ништо посериозно. Имаше некое инфо демек мајка му на Ешли рекла дека он би сакал да биде од проектот ПСЖ. Демек: би отишол за free на лето во Франција.
 
Заборавив да пишам вчера.
Микел супер си игра на својата позиција и се тоа ама треба да му се забрани да влага во противнички шеснаесетник зошто очигледно нема никакви шанси да излезе нешто добро од тоа.
 
Ќе видиме дали ќе замине, засега нема ништо посериозно. Имаше некое инфо демек мајка му на Ешли рекла дека он би сакал да биде од проектот ПСЖ. Демек: би отишол за free на лето во Франција.
Па ако им понудат нашиве договор само за година дена реално е дека ќе си идат, ваљда може да отстапат од тоа правило бар Кол некако да го задржат да му понудат 2-3 годишен договор , таман Бертнар ќе биде спремен за во прв тим.
 
ВБА, Јувентус, Фулам, Сити, ова се мечеви во кои ќе се одлучува сезоната за Челзи, дали ќе идеме на титула во ПЛ и одбрана на ЛШ, или не. Во овој месец ќе ја знаеме судбината на Челзи, и дали Гвардиола веќе почнал да зима курсеви по англиски јазик.
Реално гледано, последните утакмици, Челзи се расфрла со бодови, изгубивме драгоцени и многу битни поени во мечеви кои моравме да ги добиеме(Ливерпул, Свонси), имаме проблем во игра после примен гол и Ди Матео не покажа муда и карактер ко маж да влезе во дуел после примен гол, тактизираше и доцнеше со измени, иако со Ливерпул играта беше корегирана во одбрана пред се.

Јас лично не сум фан на Гвардиола, и мразам да гледам таков фудбал ко што игра Фарса и фудбал ко што форсира Гвардиола, така лично се надевам дека Ди Матео ќе се корегира и ќе се сконцетрира на неговата работа да ја задржи и повторно да го врати Челзи во полна пареа. Очигледно е дека после Јунајтед играчите психички се паднати, и играта драстично послаба, се деси кражба, се деси неправда, но тоа не треба и не смее да биде изговор за лоши резултати, Ди Матео мора да ја врати екипата на победнички патеки и да машки да влезе во дуели, да иде на 3 бода, на се или ништо. Ионака чичо Роман знае што да прави кога Челзи има лоши резултати, што е и во право, со оглед на тоа колку вложи во играчи летово.
 
nQnLs.png
 
9077_345611995535902_1021593279_n.jpg
Еве го Ел Тел и неговите копачки, за оние што не се упатени, ова се копачки чиј дизајн е креиран лично од самиот Оскар, кој ја користел алатката на adidas.com и преку неа го направил дизјанот, официјално се пуштени во продажба, за брзо време ќе ги има и во МК, за оние големи фанови на Оскар, чисто пишувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom