Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
iLgHhw9r1eOEv.gif

tumblr_mc73veJTM91rqgnryo1_500.png
 
Тоа е тоа. На МОТД направија добра анализа на играта на Мата вчера. Ама пасот на Хазард. :cuc:
 
Тежок распоред ни предстои,одлично е тоа што играме на ниво.
Со Шахтијор ќе биде уште потешко,не би ме чудел пораз,доста се силни и воирани на домашен терен.
Со Јунајтед победа доаѓа само во предвид:icon_lol: Никако бод,никако пораз.Само да има фер и коректно судење.
 
Не ми се верува да изгубиме од Шахтјор. Не дека не е можно али не ми се верува. И со нерешено горе доле е ок ама после ќе треба Јуве да го тепаме во Торино така да ќе треба да се даде 100% и против Шахтјор па со победа да си осигураме пласман.
Се надевам дека Стариџ и Мозес ќе играат со Шахтјор

П.С. Ќе го гледаме пола Челзи во март во Скопје :D
http://thereisonlyjuanmata.tumblr.c...ictures-of-the-belgian-boys-requested-by-anon
 
Не ми се верува да изгубиме од Шахтјор. Не дека не е можно али не ми се верува. И со нерешено горе доле е ок ама после ќе треба Јуве да го тепаме во Торино така да ќе треба да се даде 100% и против Шахтјор па со победа да си осигураме пласман.
Се надевам дека Стариџ и Мозес ќе играат со Шахтјор
Мислам дека Ди Матео ќе оди на позатворена игра со Шахтијор,јас со бод би се задоволил. Би и им простил и пораз само доколку би ги тепале Унајтед на Мостот.
Тежок распоред имаме до крајот на Ноември така да сега е моменот да се фати ритам.
 
Не ми се верува да игра против Шахтјор затворено.
Фаворити сме.
Дефинитивно ќе одмара некои играчи за со Јунајтед ама ние имаме квалитетна клупа и ќе играме напаѓачки.
Тери може да игра ЛШ така да еден од Луиз/Кејхил ќе биде одморен.
Најверојатно и Хазард ќе биде одморен.
Добро би им дошол одмор и на Мата,Торес и Бане ама тоа оставаме на РДМ :)
 
Ротацијата ќе биде клучна, нормално. Против Јунајтед сакам истиот тим од вчера да игра. Затоа треба да се одморат Торес, Оскар па и Хазард.

Чех​
Иванович - Тери - Кејхил - Кол​
Микел - Лампард​
Мозес - Мата - Марин​
Стариџ​
Не верувам да го стави Марин стартер, ама зошто да не. Потребни ни се победи против Шахтјор зошто против Јуве во Торино тешко ќе биде да се победи.​
 
одлично изигравме вчера, секоја чест, имаме млади и перспективни играчи и за година две имаме потенцијал да рушиме на сите фронтови.
ме чуди како е можно некој да не го сака микел /?
па детето игра одлично од сезона во сезона, прави грешки не велам не ама константен е на онаа позиција со години и одлично се покажува на терен, потсетете се на финалето и како професионално ја изигра таа утакмица цели 120 минути.
најмногу го поштувам микел и после лампард тој ми е најомилен од челзи.
пошто годинава многу слабо следам фудбал, само челзи и интер. не сум во можност да го видам развојот на мекекран и пиазон, ќе биде ли, каде е позајмен мекеки ??
 
И Микел е душа... одморете го малку човекот мајка му стара :D
Цела деструктивна филозофија паѓа на негов грб - така да редно е веќе да биде поштеден со Шахтјор и на негово место да игра Ромеу.
 
пошто годинава многу слабо следам фудбал, само челзи и интер. не сум во можност да го видам развојот на мекекран и пиазон, ќе биде ли, каде е позајмен мекеки ??
Во Мидлзбро :)
 
РДМ со Нордјсаленд го извади скоро најакиот тим вие со Шахтар сакате да ротира јас во најмала рака очекувам барем Стариџ да игра место Торес а за Марин кога не доби шанса против данците не гледам како против Шахтар би добил.
 
Мислам дека за со Шахтар би требало да добијат шанси Аспиликуетта и Бертранд како RB и LB,Ромеу и Лампард на местата на Микел и Рамирес и Стариџ и Моузес наместо Хазард и Мата.
 
РДМ со Нордјсаленд го извади скоро најакиот тим вие со Шахтар сакате да ротира јас во најмала рака очекувам барем Стариџ да игра место Торес а за Марин кога не доби шанса против данците не гледам како против Шахтар би добил.

Добро, ама сега ни следат и две утакмици со Јунајтед па ќе мора да ротира.
 
Добро, ама сега ни следат и две утакмици со Јунајтед па ќе мора да ротира.
Не знам колку е паметно да се ротира против Шахтар пораз во никој случај не смее да си дозволиме многу тежок распоред па уште и гостување во Украина колку само добро ќе ни дојдеа 3 бода место едниот против Јуве плус тоа прокоцкавме водство од 2-0 :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom