Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Њукасл ќе ги тепаме,ама со Ливерпул тие две ќе биде тешко.
 
Одличен натпревар,одамна немам гледано толку брзи напади и акции на Челзи.Торес конечно распали со хет трик.:cool::cool:
Респект за ДиМатео кој пак ја погоди формацијата и ги изигра вистинските играчи. Дефинитвно ја добивме добитната комбинација* во нападот за вакви екипи *(Торес централно во напад,Калу/Рамирес десно,Стариџ лево и МАТА на позиција CAM)..Исто морам да ги пофалам и Тери,Босингва,Лампард,Есиен за добриот натпревар.

Сега наредниов натпревар Њукасл да ги плеснеме и да им заврши веке трипот дека ке играат во ЛШ следната сезона:ROFLMAO::ROFLMAO:Потоа ни следува ФИНАЛЕ во ФА со Ливерпул на Вембли (кое се надевам дека ке го добиеме),па играме на гости во ПЛ со Ливерпул (според мене ке изиграме Х на оваа) и за крај на сезоната во ПЛ играме со Блекбурн на Стемфорд Бриџ..
 
Торес колку се здиви после 3тиот гол мислам дека сакаше 20 гола да даде.
Се уозбили Торес. Почна да бара место во играта.Да се отвара. Па доста време тој им правеше акции. Добро што му текна за ова.
Добро ќе беше да не примевме гол а Торес уште еден да дадеше :)
 
Есиен на крајот изгуби душа, требаше да го замени.
Њукасл знаат да бидат многу незгодни, да не се потценуваат да не биде после играчка плачка. Торес не поздрави 3 пати денес :)
 
Роман презадоволен
150699_417248571627772_245574535461844_1581177_1997336785_n.jpg

:)
 
Колку утакмици има изиграно Торес одкога дојде Ди Матео, и колку гола и асистенции има на истите натпревари? :):)
 
Колку утакмици има изиграно Торес одкога дојде Ди Матео, и колку гола и асистенции има на истите натпревари? :):)

Многу :D

Ептен ми е криво што неможев да гледам. Дајте хајлајтс негде да гледам!!!
 
Колку утакмици има изиграно Торес одкога дојде Ди Матео, и колку гола и асистенции има на истите натпревари? :):)
Цела сезона има 11 гола и 12 асистенции ако не се лажам
 
Никако не би се откажале, но односот кон Абрамович ќе биде ист како односот кон Лотито од страна на навивачите на Лацио. ;)
Инаку, убава утакмица, во први 30 минути 4 комада и после лежерно. Се штедеа силите за против Њукасл, а треба и нив да ги плеснеме убаво. Бтв, фала Виган. :P
Дај ми инфо за болдираново, не сум во тек со ситуациите.

Иначе за утакмицата ќе коментирам вечер откако ќе ја изгледам репризата, но од лајвскор, ќе кажао, така се решава утакмица, така се игра, браво Торес!
 
Импресивно! Добра игра супер одбрана добра средина супер напад! Торес конечно!!
Се ама малуда теле невидено да го пуштиш негде во ливада една топка и нека шутка само.. тој чоек не сакам да го видам во челзи од следната сезона. а калу иако и јас го имам плукана сепак мислам заслужва нов договор.
 
Во ПЛ колку гола има Торес ? 6-7 ?
 
Дај ми инфо за болдираново, не сум во тек со ситуациите
Па колку што знам од зборувањата на брат ми, (голем навивач на Лацио, член е на форумов :P ) сите го мрзат Лотито пошо е многу скржав со парите како и некои други ствари. Доволно кажува нивната парола Amo la Lazio, odio Lotito и слични такви. Можда сум грешка ама мислам дека е таква ситуацијата кај нив.
Извинете за оф-топик. :)
 
Шо е оваа заебанција на Лајвскор дека Торес дал 3 гола бе?
--- надополнето: 30 април 2012 во 01:11 ---
Шо е оваа заебанција на Лајвскор дека Торес дал 3 гола бе?
--- надополнето: 30 април 2012 во 01:24 ---
Шо е оваа заебанција на Лајвскор дека Торес дал 3 гола бе?
--- надополнето: 30 април 2012 во 01:11 ---
Шо е оваа заебанција на Лајвскор дека Торес дал 3 гола бе?
Шала на страна, сега видов хајлајтсите. Кога ми кажаа прееска мислев се зезат со мене (за хет-трикот на Торес) Очигледно е дека голманот немаше свој ден, ама при секој гол беше на вистинско место во вистинско време. Браво. Не верував дека ќе кажам вакво нешто за Торес од кога е дојден кај нас, но сега од мене има едно големо браво. Тери ми се чини готов беше да заплаче кога го постигна голот, извинувајќи се на фановите, па ајде нели кој признава пола му е простено...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom