Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Фина група, избегнавме да ни се паднат некои екипи источно од рајот, за да не мора да се патува уџум у Русија, Турција, Белорусија, Украина.
Шалке е ок екипа, но Челзи е каде-каде поквалитетен тим, плус ги знаеме од лани.
Спортинг не сум ги следел, не знам многу за нив, освен тоа дека имаа тешки финансиски проблеми, али ипак, португалци се тоа, секогаш можат да бидат незгодни.
Марибор би требало да е лесен залак, иако не треба да се потценува.
Очекувам прво место со скор 4-2-0 или 5-1-0.
 
Добра група, очекувам да ја завршиме со сите победи или со 1-2 реми а останатите победи. И да, се согласувам со ManowaR, добро е што не ни се падна некоја екипа од далечна земја да не се малтретират дополнително.
 
Челси ТВ : Диего Коста утре ќе тренира со тимот со што ќе биде спремен за натпреварот со Евертон.
Ако е точно ова е одлично.
 
Диего Коста колку време ќе биде аут? Ми треба инфово за фантази..
 
Диего Коста колку време ќе биде аут? Ми треба инфово за фантази..
Не се знае дали воопшто ќе биде аут.

Посакувам Шалке, Ајакс и Лудогорец/Марибор. Да не биде претешка групата. :D

Блиску бев, само Ајакс ги утнав. Ама и овака не е лошо. :)
 
Фина група има простор да се излегува со комбиниран состав.

Читам шпекулации сме го договориле перманентно Торчо за 12 мил евра.
Реално и толку му е цената моментално според игрите што ги покажува. Е сега гледам сме заинтересирани за Дестро го има некој гледано - формирано мислење за него?

п.с Зорица кај е зошто не пишува? Донев инфо за случајот Зоки! :)
 
Е сега гледам сме заинтересирани за Дестро го има некој гледано - формирано мислење за него?:)
Преценет играч, тешко му идат подавања, нема ориентација за да ротира со втор напаѓач или лажна деветка, нон стоп заглавува у офсајд, ќе си има проблем со дефанзивците у ПЛ.
 
Преценет играч, тешко му идат подавања, нема ориентација за да ротира со втор напаѓач или лажна деветка, нон стоп заглавува у офсајд, ќе си има проблем со дефанзивците у ПЛ.
Интересно. Сево ова го имаше оној Торес од Челзи, подаваше (една сезона заврши со 22 асистенции), нонстоп се извлекуваше на страна наместо да седи во 16 и да си ја врши неговата работа како напаѓач. Заглавување во офсајд е нормална работа за играч кој е напаѓач.
По ова твое мислење имам впечаток дека е тип на играч како Инзаги. Фино таков и ни треба човек кој уме да постигне гол. За креација ич не се замарам тука се Фабрегас, Оскар, Матич, Хазард.
 
За помалце ќе го земеме Бони од Свонси, кој е професор по фудбал за Дестро, ама некако ич не притискаат за него, од коа ни го украдоа Свонси од Витесе не се јави интерес од Челси да го земе. :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom