Повеќе од јасно е дека ни е потребен одличен напаѓач. Диего Коста ич не ме бендисува, однесувањето на терен му е многу гадно, а и многу пари ќе кошта. Од Торес не можеме да се откачеме, пошто нема клуб на овој свет шо ќе фрле пари на него и ќе му понуди плата како во Челзи. А сигурно не би се согласил да оди некаде за помалку пари. На Ето му завршува договорот, а Ба би било лесно да се даде некаде. Лукаку мора да се врати од позајмиците веќе. Така, би останале со Лукаку и Торес. Кавани не ми се допаѓа како избор за напаѓач само заради високата цена.
Еден од следниве напаѓачи би сакал да го видам во Челзи, ставени се по приоритет и според тоа колку би коштале, според трансфермаркт:
1. Џексон Мартинез, Порто - 27 год. 30 милиони
2. Марио Манџукич, Баерн Минхен - 27 год. (за две недели ќе биде 28) 30 милиони
Овие двајца најмногу ми фаќаат око. Добра техника, добар скок, добра брзина, интернационално искуство.
Други поефтини и можеби помалку квалитетни опции со можност да изненадат би биле:
3. Винсент Абубакар, Лориент - 22 год. 4.25 милиони
4. Александре Лаказет, Лион - 22 год. 10 милиони
5. Луиз Адриано, Шахтјор - 27 год. 6 милиони
П.С. мене лично ми беше желба Тевез кога имаше можност лани, ама јок. Јуве направија многу добра работа што го потпишаа за 10тина милиони.