Да не испадне дека само хејтам....
Моментална состојба на тимот според мене.
Најдобро Мурињо би било да си ја врати старата 4-3-3. Некако тимот беше боље поставен со таа формација, делуваше по организирано и во напад и во одбрана.
-------------------------------------Лукаку/Торес
------- Хазард/Шурле ---------------------------------- Мата/Мозес
-----------------Лампард/Гинкел------------ Оскар/Чалоба
----------------------------------Рамирес/Есиен
--Коле/Бертранд--Луиз/Тери---Иванович/Кехил--Аспи/Валајс
-------------------------------------Чех/Шварцер
Мавање на каталончето и продавање на Микел.
Изгледа моќно а? Е не......
Шала на страна, мислам дека составот е повеќе од добар.
Одбраната е добра само и треба малце од марифетите на Мурињо за да се стабилизира.
Крилата се екстра со Хазард и Мозес добиваме на продорност, со Шурле и Мата на креација. Ме плашат две работи:
Формата на Торес и искуството на мидфилдерите.
Земање на Кавани и Де Роси ќе завршат голема работа но тие трансфери има шанса да не чинат околу 80 милки.
Плус тоа значајно ќе се намалат шансите за развој на Лукаку и Оскар/Гинкел.
Од друга страна прашање колку можеме да сме ефикасни во нападот со Торес или колку може да се носи нашава средина со средината на Барса, Реал, Баер М, со оглед дека е прилично млада со исклучок на Есиен и Лампард.
Оскар за Бразил покажа дека може да биде лидер , такво нешто ни фали во тимот кога го нема Френки. Бизонот ни се враќа препороден од Мурињо и мислам дека ќе има желба да се наметне во тимот и ќе добиеме на стабилност и заштита на одбраната. Но сега за сега шансите се 50-50.
Така да можеби и не е толку потребен трансферот на Де Роси, но се зависи од тоа како ќе играат Есиен и Оскар.
Позиција напаѓач ни е најкритична.
Прва опција по се изгледа е Кавани. Наполи не попушта, според мене не би требало ни Челзи да попушти. Штом сакаат 63м можат слободно да си го задржат и да си го стават во музеј.
Лукаку е карпа, стена Му обожава такви играчи, но не е докажан играч. Можеби ќе блесне ќе има подобра сезона од Вба, но можеби не шансите се исти како со Бизонот.
Торес се оправи послединте утакмици за Челзи почна да дава редовно голови имаше исто така добри партии и за Шпанија. Но негов главен проблем е позиционирањето, многу често прави непотребни движења се извлекува на крило или пак се враќа назад во средината, наместо да си оди како секој калсичен шпиц во 16-те метри каде што му е местото.
Мислам дека сето тоа се должи на немањето самодоверба и дека има шанса Му тоа да го реши.....
Останаа уште 10 дена до подготовките така да нема потреба од брзање и фрлање без потреба пари....
Пишувам како божем ќе ме прочита некој од управата и ќе ме послуша, но што да се прави мора да се тепа досада...
Уствари не беее, па Давор не чита и му преведува на Мурињо.
