Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
972362_608729375813023_1163086145_n.jpg


Still a better love story than Wenger and young french strikers.
 
Не знам каде би нашол подобра работа... Седи и лапа титули цело време, шо појќе?
Па не е он крив, му истече деоговорот.:)

Тоа незнаев, дали му истекува договорот.

Интересно ако е така. Еве Блекмен ќе го стават прв тим и треба уште еден. Е сега дали да се враќа Куртоа или не...
 
Ти Блекмен ако го споредуваш со Чех дефинитивно ти диши главата, нека дојде Куртоа па ке правиме моабет кој е неприкосновен на голот.
Или па ако дојде Мурињо, (ако не отиде во Сити или Псг) мислам ке го донесе и Диего Лопез.

Не ги споредувам, туку велам да бранеше Чех, барем 2 од 4-те гола ќе ги одбранеше.

За Лопез мислам дека нема потреба, ако се планира да се доведува конкуренција на Чех, најдобро би било да се врати Куртоа.

Убаво си го испративме Бенитез, како што му доликува со два пораза. :D
Сити ни се многу гневни незнам зошто, но недела дена после завршување, на пријателска утакмица да се пушти најсилен состав треба стварно да си многу искомплексиран.
Како и да е јас сум задоволен од тимот, имаа напорна сезона премногу натпревари, сега беше прав момент да се пушти некој младинец и играчи што помалку играа во текот на сезоната.
Но видивме дека немаме јака клупа, која ќе може квалитетно да ги замени првите 11.
Нема замена за најклучните алки во нападот, Мата Хазард и Лампард, позицијата напаѓач нема да ја коментирам таа ни е најслабата алка во тимот.

Доколку сакаме догодина некој поголем успех од ле, мора да се направи повеќе квалитетна конкуренција во тимот.
Прво нешто што треба да се направи е да се доведе класа напаѓач од типот на Руни, Фалкао, Кавани.
Од Торес и Ба нема ништо. Првиот нема континуитет во постигнување на голови, вториот премногу промашува. Купување на две крила.
Шурле и Иско. Не е лошо да се проба да се доведе Ројс или Бејл но малку е веројатно а и премногу ќе коштаат.
Плејмејкер.
Имаше шпекулаци дека Барса не е задоволна од Фабрегас, е сега ако ова е точно мора да пробаме да го доведеме.
Класа играч, мајстор на пасот.
Или пак Алоно или евентуално Верати.
Дефанзивец или десен бек - зависи од Иванович.
Голман.
Му треба конкуренција на Чех. Имаше предобри партии сезонава, но почна да прима премногу често евтини голови.
Последниот од Џеко беше брука, без разлика што станува збор за пријателки натпревар, голман од типот на Чех несмее да си дозволи таков луксуз.
Мислам дека имаше некоја провреда која треба да се санира сега по завршувањето на сезоната, така да да кажеме дека таа провреда имала удел во грешките.
Но од наредна сезона нов менаџер, поголеми амбиции и мора да се стегне одбраната и Чех.

Како стојат работите Хиларио, Турнбал, Ферерира, Малуда, Бенејун сигуро не напуштаат.
Но сигурен сум дека ќе има уште 1 или 2.
Потенциални кандидати според мене се:
Марин- позајмица.
Не се снајде најдобро, добро почна но повредите го спречија во адаптација со тимот. Така да најдобро би било да се позајми на некој тим од пл.
Есиен.
Доживеа две тешки повреди на коленото, ја изгуби брзината, во Реал не покажа којзнае каква игра, далеку е веќе од стариот добар Есиен кој го знаеме.
Луиз и Рамирес се доволни копачи.
Ориол: дете на Барса, нема потреба да се форсира Аке покажа квалитет, Чалоба исто така. Повеќе мило ќе ми е доколу успее некој од овие двајца него овој.
Микел: Преспор, нема креативност и константна форма.
Една утакмица ќе изигра добро, две лошо...
За Торес незнам еднаш сакам, еднаш не сакам. Гледам се труди но далеку од играч кој вреди 50м и неделна плата од 170к.
Одприлике тоа би било тоа. 6 нови играчи и спремни сме за поход.:)
 
Со доаѓањето на Мурињо, доаѓаат и црнци. Многу црнци :icon_lol:
Ама ако, ни обеле многу тимов некако, да не скршнуваме од патот.

Мурињо си има некои хирови, сака да купува постојано, а имаме одлични младинци, не сакам да станат добри фудбалери подалеку од Челзи. Но, можеби и ќе им даде шанса. Сега читам, Де Брујн правец Дортмунд, потпишува деновиве за нив.

Друго, две сезони поминаа, период на транзиција и смена на генерации. Само што нас ни се усреќи да го освоиме тоа што највеќе го сакаме баш во тој период. Плус ФА Куп и Европа лига.
Топло-ладно, успони, падови, неконстантни, тепај ги Манчестер, загуби од КПР. Покрај се, веќе две години тимот се составуваше, се адаптираше, па мислам дека тој период веќе изминува. Од наредна сезона ќе нема простор за правдања и алиби, треба и мора да застанеме на цврсти нозе.

Тоа сакав да го кажам, во случај да ме банираат, па да ми остане мерак. Одиме уште појако од август.
 
Се надевам ова нема да го сфатите ко провокација, не ми е таква намерата, случајно само налетав на ова на фб:

969494_645424502138356_1628989803_n.jpg


- Чалоба :D
 
Тоа сакав да го кажам, во случај да ме банираат, па да ми остане мерак. Одиме уште појако од август.
Зашто па сга да те банирав, какво кривично дело направи... :D
Ќе мора да искачамо на јавен протест, не се трпи овој више...
 
После ќе му правиме пречек на Кајгана, а може и билборд некој да изнајмиме. :D

Иначе, според мене, грешка е што воопшто и не го пробаа Де Брујн...секако, доколку се вистинити шпекулациите. Мада, до официјалното доаѓање на Мурињо, нема да има ништо официјално околу било кој играч, според мене.
 
Само Хулк ништо друго.
 
Ја највеќе се радувам ради Мурињо поради тоа што кога ќе дојде ќе играме како мажи, ќе се игра машка игра и борба на терен ќе има. Вакви какви сме играме ко Барселона/Арсенал, немаме машкост во борба и многу лесно губиме дуели и ни прават контри. Со Мурињо знаеме како ќе биде.:icon_lol:
 
Ја највеќе се радувам ради Мурињо поради тоа што кога ќе дојде ќе играме како мажи, ќе се игра машка игра и борба на терен ќе има. Вакви какви сме играме ко Барселона/Арсенал, немаме машкост во борба и многу лесно губиме дуели и ни прават контри. Со Мурињо знаеме како ќе биде.:icon_lol:

Удри бригу на весеље брат ;)
 
http://scsport.ba/vijest/55481.html


Го обожавам Мурињо што се избацува со некои вакви засилувања. Како што беше еден во 2006, Швајцарец, лев бек. Јохан Елмер/Хелмс не знам како беше, со подолга коса. Изигра пет минути и го снема.

А и Фабио Паим, новиот Фиго, новиот Андерсон. Го зедовме од Спортинг како талент, којзнае во која дупка е сега.
 
Ич не ми се за верување овие. Прва желба на Мурињо, втора желба на Мурињо...нека дојде прво па после ќе мислиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom