Тери изиграваше плајмејкер, шпиц и крило кога се изгуби дисциплината и концепцијата поради мањакот од фудбалери. Неможе да има дисциплина и зрелост кога во тимот крило настапува како бек, кога нема стабилен деструктивец и кога нема голман од врвна класа кој би внел сигурност на одбраната.
Манчестер Сити не направи шанса додека Микел не ја направи глупоста за првиот гол, Хиларио да беше 10cm повисок, жива ќе ја фатеше. Играа само со Тевез во наша половина цело полувреме.
Нека даваат сега голови Калу и Стариџ, ропаци невидени, нека игра пак анчелоти 4-3-3 без ниедно крило. Можеше многу повеќе да се извлече од тимот сезонава, срам ми е што ни виси титулата во сезона со просечни Манчестер Ј, Арсенал и Ливерпул.
Имавме можнст да се закрпиме на позициите на кои бевме тенки, ама не го направивме тоа. Незнам до кого е вината, дали до Анчелоти, до Кенион или до Абрамович, ама факт е дека ќе трпиме оваа сезона уште многу поради индивидуалци во тимот.
Не барам никакво оправдување за срамниов пораз, само мислам дека не е во ред да гледаме толку негативно на она што се случи.