Ради обврски само крајов од дербиво на лепотаниве го фатив. Туку шо беше муабетот, многу едноставен....
3 победи од 4 натпревари..... :tv:
Секако, и покрај то шо не е мој фаворит ни одблиску, Манчестер Сити заслужува 4-то место сезонава, кое би го обезбедиле со две победи во следните два натпревари; и секако, со наша помош, конечно Вајт Харт Лејн пак да стани Три Поинтс Лејн за Челзи, како шо вели тредицијата прекината последниве неколку сезони.
Овен Којл....па шо да кажиме, кога неговиот шугав тим немаше шут во рамки на голот, и едно 3-4 вон рамки на голот, од кои само еден донекаде опасен....единствено што можи да бара се пенали. Сепак, сами сме криви шо сега судиите ќе „не туркале“ до титула, па кој друг е крив шо Калу не е способен бар гол да дај, иако можеше вчера три.
Секако, тоа воопшто не држи вода, пошто со Тевез, Роналдо, Руни во состав, Манчестер Јунајтед во претходните три шапионски години има постигнати најмногу 83 гола во сезона, нешто што Челзи веќе го надмина, голови кои сигурно не ги постигнаа судии.
