Како прво тешко издвојувана победа.Потешко одколку што очекував.Грешката за тоа беше формацијата на Карлито од почетокот наместо Деко,Џо и Малуда,овој ми го става дрвоно Калу што не знае 1 на 1 да даде гол и Балак што не се виде цел меч.Очигледно е дека треба прво да се даде гол,да се направи резултат па после просечко да се стави во игра.Се на се играта беше просечна,создадовме премногу шанси,а реализацијата беше слаба.Не смееме да си го дозволиме тој луксуз.Во сабота играме со Тотенхем и очекувам Карлито да го започне мечот со Дрогба,Џо Кол и Малуда во нападот...Создадовме премногу шанси на овој меч можеше и 3-0 да биде.Но како и да е резултатот го остваривме што беше и целта на овој натпревар.
Чех-Немаше многу работа,повеќе од добар на овој натпревар.
Тери-Добра игра на капитенот,уште да дадеше гол при таа шансата ќе беше топ.
Алекс-Просечна игра на Алекс, многу често се уфрлуваше и во нападот.
Жирков-Создаде добри продори по страната на која дејствува,и асистираше на главните напаѓачи повеќе пати во текот на мечот.
Фереира-Просечна партија на Пауло Фереира
Балак-Германцеот не се виде на овој натпревар,лоша игра,недоволно дејствување по средината од теренот...
Лампард-Френки погоди и статива,супер шанса,од голема далечина...Просечно издејстува во средината..
Оби Микел-Џон Оби беше солиден.Им скрати неколку шанси на Болтон.
Џо Кол-Малку време беше на теренот,и за тоа малку време,го подигна нивото на играта.
Малуда-Малку време беше на теренот,и за тоа малку време,го подигна нивото на играта.
Салмон Калу-1на1 не знае да даде гол...дрво..толку
Николас Анелка-солидна партија на Николас,даде гол...
Дрогба-Дидиер се обидуваше нешто да направи сам на натпреваров,не не му појде нешто од рака...Сакаше сам да го реши натпреварот,но не успеа.Секоја чест за борбата што ја покажа и за желбата за победа...
4 бода имаме предност во однос на Јунајтед...супер позиција за титулата..Во сабота играме со Тотенхем и очекувам максимална ангажираност...Поздрав!!!
Chelsea Liquidator!!!