И Хамшик не го дирајте наш е
Не е. Ни на шега, а уште помалку реално. :icon_mrgr
Првиот гол ти е грешка на одбрана? Поголеми грешки се прават, од акција го примивте.
Вториот гол требало да блокираат шутраците? Па и на голот од Калу нашите шутраци требаа да блокираат а Цезар ја пушти низ раце.
Мислам дека претерано ве лаже поседот на топката и ете погоре ви кажав зошто го имавте. Очекувам да го имате и на реваншот зошто и таму ќе бркате резултат. Имате подобар среден ред, многу е очигледно. Имаме подобра одбрана, и тоа е очигледно. Имате само еден напаѓач кој може да не загрози и него Лусио го изеде за вечера. Оној другиот ви е статист.
Ќе биде супер реванш, сеуште е 50-50 според мене.
Како бе не е грешка, онакво „авионче“ да му помини на дефанзивец ко Тери треба сам да оди и да тренира со млаинците некој ден. Да не беше тажно, ќе беше смешно. За некого и е смешно, за нас е за плачење.
Голот на мистер Просек оди на душа на Цезар, ама со оглед на несреќета и не можи многу да му префрлите. Додека ако вонтеренските случувања со тешкото воздржување од сексуални нагони се проблем за „ѕвездиве“ од Челзи, тогаш имаме сериозен проблем.
Немаме втор напаѓач, Шмуљо е плејмејкер од причина што нема подобар и тоа е срамно ниво на кое е тимот на Челзи, а ако Интер е уште послаб на тој план, тогаш не гледам како годинава би освоил ЛШ кога би го поминал Челзи.
Не е 50-50, како може да биде. 60-40 за Интер, со тенденција тој процент да се зголемува со оглед на тоа што Чех и официјално 3-4 недели аут, а за Есиен прочитав дека заминал со Кешли Кол и некој доктор од Челзи Тиери Лорен во француски рехабилитационен центар, што значи дека Есиен е далеку од враќање, и ќе го нема и на реваншот.
Значи од 60-40, до кај 75-25 за Интер (ова ако Есиен и Чех не се спремни, а тешко ќе бидат, пред се за Есиен ова важи).
Не изиграва он, туку на Карло му е ептен мерак да го прави плеј на стари години

И искрено, не ми е најомилен фудбалер Анелка, меѓутоа одлично се снаоѓа сезонава со улогата која му е доделена. Сега додуша паднат е во форма...
Не му е доверена никаква улога него, туку толку бил заинтересиран за игра и топка на тренинзите на почетокот, што и Анчелоти бил зачуден, и видел дека тоа е најдоброто решение (секако подобро од крило да игра). Така доаѓаме до патетиката - со вакво плејмејкериште далеку се оди! :jaj:
Дали има некој точна информација што му е на Чех.Уште тој фалит поозбилно да се повреди:nesvest:
Дали Есиен ќе игра на реваншот?
Кажав малце погоре и за двајцава, во истиов пост. :smir:
.па и лани барселона ве напика во шеснаесетникот вас па го викавте тоа тактика...

..и знаете мурињо каква игра негува посебно кога е во водство..

..едноставно IO sono се ви обајсна во врска со натпреварот и нема потреба од дискусии...ќе се види што како на СБ до тогаш со среќа во ПЛ и уште едно прашање...Есиен за во реваншот ќе игра?
Па кој го спомнува Интер, патетиката е кај Челзи што тоа не успеа да го пробие, а требаше и можеше. Само требаше трчање, ама зошто ма д се трча?

Есиен 80% не игра, спијајте мирно.
Имавме среќа и признавам, среќата е битен дел од играта, искористивме шанси и тоа е тоа. На Стемфорд ќе биде потешко, но тогаш очекувам враќање на Сантон во одбраната, Занети во средината и поголема контрола во деструктивната линија на Интер. Исто така на Интер му одговара помал терен, таков има Челзи, двата тима имаат иста филозофија на игра, па очекувам интересен дуел
п.с. Џабе, не го видовте Фантом како го бакнува амблемот вчера, доста сентиментален моменат ...
Двата тима немаат иста филозофија на игра, пред се ради тренерите и лигите во кои играат. Проблемот кај Челзи е што Шмуљо е тоа што Кака беше во Милан за Анчелоти, па има сериозен проблем.
Фантом, па што да прај, тоа му останува кога гледа дрва на терен.
Малуда подобар лев бек од Жирков, пресуди по само 1 натпревар?
Секој има право на лош ден, се надевам и неговото беше лош ден.
Околу натпреварот:
Ма како само, Малуда можи комотно да игра лев бек за Челзи. Фалеле Жирков и Кешли? Плачковци.
Тери е чудо, каков само „големец“ е (ко што мисли), а во еден месец од четири дуели, на 3 е катастрофален. На 4тиот не играше. Лош ден, ох море....