Сега да не влегувам ептен во дискусии зошто нормално е да си нервозен малку, ама:
Првиот гол ти е грешка на одбрана? Поголеми грешки се прават, од акција го примивте.
Вториот гол требало да блокираат шутраците? Па и на голот од Калу нашите шутраци требаа да блокираат а Цезар ја пушти низ раце.
Челзи имаше посед на топка затоа што има подобра средина и затоа што 83 минути бркаше резултат. Само 7 минути од натпреварот резултатот беше израмнет. Што значи, многу поинаку ќе изгледаше истиот ако имаше резулатска рамнотежа. Исто така, тоа значи дека Интер веднаш штом тргнуваше постигнуваше гол, додека на Челзи истото не му успеваше.
Извинете, можеби заслуживте нерешено, не е спорно тоа. Ама како заслуживте да победите со едвај 2-3 удари на гол незнам
Мислам дека претерано ве лаже поседот на топката и ете погоре ви кажав зошто го имавте. Очекувам да го имате и на реваншот зошто и таму ќе бркате резултат. Имате подобар среден ред, многу е очигледно. Имаме подобра одбрана, и тоа е очигледно. Имате само еден напаѓач кој може да не загрози и него Лусио го изеде за вечера. Оној другиот ви е статист.
Ќе биде супер реванш, сеуште е 50-50 според мене.